1
00:00:02,000 --> 00:00:07,000
Downloaded from
YTS.MX

2
00:00:08,000 --> 00:00:13,000
Official YIFY movies site:
YTS.MX

3
00:00:55,679 --> 00:00:58,439
"Али ми раскажа за место

4
00:01:00,359 --> 00:01:02,359
блиску до местото
каде што растевме."

5
00:01:03,840 --> 00:01:05,439
"Длабоко во пустината,

6
00:01:05,519 --> 00:01:09,519
од никаде се појавило езеро.
Прекуноќ."

7
00:01:10,120 --> 00:01:13,480
"Од камен и песок
потекла кристално чиста вода."

8
00:01:15,680 --> 00:01:16,959
"Било совршено."

9
00:01:19,840 --> 00:01:23,439
"Едно утро ја нашле
двајца стари земјоделци."

10
00:01:23,959 --> 00:01:28,760
"Доаѓале луѓе од далеку да пливаат
во неа и да ја видат."

11
00:01:29,519 --> 00:01:32,200
"Никој не знаел
од каде се создала."

12
00:01:32,280 --> 00:01:33,879
"Никој не прашал."

13
00:01:36,760 --> 00:01:38,680
"Тоа било чудо."

14
00:01:40,200 --> 00:01:45,200
"Луѓето каде што живеам веруваат
во магија и такви работи."

15
00:01:51,879 --> 00:01:55,599
"Неколку месеци подоцна,
некој ја открил вистината."

16
00:01:58,959 --> 00:02:01,280
"Се работело за вртача
преполнета со одлив

17
00:02:01,359 --> 00:02:03,120
од блискиот рудник на фосфат."

18
00:02:07,359 --> 00:02:08,840
"Но никому не му било гајле."

19
00:02:09,639 --> 00:02:13,000
"И натаму доаѓале
и пливале."

20
00:02:18,039 --> 00:02:20,599
"Потоа водата почнала
да се менува."

21
00:02:24,719 --> 00:02:26,759
"Отров, претпоставувам."

22
00:02:27,560 --> 00:02:29,000
"Водата станала црна."

23
00:02:30,280 --> 00:02:33,280
"И наеднаш,
веќе никој не пливал."

24
00:03:07,879 --> 00:03:11,439
ХАРКА

25
00:04:50,839 --> 00:04:51,959
Али!

26
00:05:03,360 --> 00:05:04,959
Морам нешто да ти покажам.

27
00:05:05,560 --> 00:05:06,519
Излези!

28
00:05:09,120 --> 00:05:10,839
Што е?
-Излези.

29
00:05:25,399 --> 00:05:26,439
Што е тоа?

30
00:05:27,439 --> 00:05:30,079
Ќе го продадам, имам купувач.

31
00:05:31,040 --> 00:05:32,040
Тоа е обичен бокал.

32
00:05:32,120 --> 00:05:34,839
Ова е староримски сад!
Вреди богатство.

33
00:05:34,920 --> 00:05:36,879
Дај да видам.
-Полека!

34
00:05:36,959 --> 00:05:38,439
Погледни ги резбите.

35
00:05:38,519 --> 00:05:40,959
Не е како евтините глупости
од пазар.

36
00:05:41,040 --> 00:05:44,160
Од каде ти е?
-Од чичко ми. Ми дава половина.

37
00:05:45,040 --> 00:05:48,439
А јас тебе ќе ти дадам дел
бидејќи си ми другар.

38
00:05:50,360 --> 00:05:52,959
Што мислиш?
Ќе учествуваш?

39
00:05:53,040 --> 00:05:54,160
Одам на работа.

40
00:05:56,600 --> 00:05:58,839
"Ми треба денеска попладне!"

41
00:05:58,920 --> 00:06:02,120
Побрзај, да му се сневиди!

42
00:06:03,439 --> 00:06:06,000
Ајде, ќе бидеш добро.

43
00:06:06,079 --> 00:06:07,240
Дај ми уште две.

44
00:06:08,600 --> 00:06:11,279
Гледај да платиш
до крајот на денот.

45
00:06:11,360 --> 00:06:13,240
Оди по друг пат
и ќе ти се јавам.

46
00:07:33,680 --> 00:07:34,680
Имаш цигара?

47
00:07:38,319 --> 00:07:39,360
А запалка?

48
00:08:06,439 --> 00:08:07,560
Шефе!

49
00:08:07,639 --> 00:08:11,199
Не смееш да пушиш
пред куќата на гувернерот.

50
00:08:11,279 --> 00:08:12,519
Не е запалена.

51
00:08:21,439 --> 00:08:23,759
Како е таму?

52
00:08:23,839 --> 00:08:26,560
Студено.
-Ајде.

53
00:08:26,639 --> 00:08:28,439
Ми се испотија јајцата тука.

54
00:08:29,680 --> 00:08:33,360
Имаш женска?
-Ами како. Тина.

55
00:08:33,440 --> 00:08:35,679
Тина не е германско име.

56
00:08:35,759 --> 00:08:37,720
Многу Германки се викаат Тина.

57
00:08:37,799 --> 00:08:40,200
Донеси ми пиво. Ова е топло.

58
00:08:42,480 --> 00:08:44,080
Услугата е за никаде.

59
00:08:45,039 --> 00:08:48,399
Батка, тоа е Германија.
За две години имав се.

60
00:08:49,200 --> 00:08:51,240
Пари. кучки, куќа, кола...

61
00:08:51,840 --> 00:08:53,440
Овде ништо не можеш.

62
00:08:55,759 --> 00:08:57,960
Колку заработуваш во Германија?

63
00:08:58,039 --> 00:09:01,039
Можам да те купам. Можам да ги
честам сите тука ако сакам.

64
00:09:01,679 --> 00:09:04,840
Тогаш, што чекаш?
-Не им плаќам на пацерите.

65
00:09:07,720 --> 00:09:09,080
На кого мислиш?

66
00:09:09,159 --> 00:09:10,080
Сам откриј.

67
00:09:24,360 --> 00:09:26,080
Мајката твоја!
Ќе те убијам!

68
00:09:26,919 --> 00:09:28,919
Излегувај надвор!

69
00:09:29,000 --> 00:09:31,559
Да не те видам повеќе тука!
-Кој ги пуштил овде?

70
00:10:45,919 --> 00:10:46,840
Алиса?

71
00:10:48,240 --> 00:10:49,279
Отвори ја вратата.

72
00:10:50,120 --> 00:10:51,320
Немам клуч.

73
00:10:54,039 --> 00:10:55,240
Зошто крвавиш?

74
00:10:56,840 --> 00:10:58,039
Што бараш тука?

75
00:11:03,279 --> 00:11:04,519
Што бараш тука?

76
00:11:07,759 --> 00:11:09,440
Се работи за тато...

77
00:11:11,519 --> 00:11:16,799
"Поради големата
невработеност,

78
00:11:16,879 --> 00:11:22,159
во државата продолжија
протестите.

79
00:11:22,240 --> 00:11:25,120
Постојано се покачува
и илегалната миграција

80
00:11:25,200 --> 00:11:26,960
во последните години.

81
00:11:27,039 --> 00:11:32,120
Многу Тунижани го плаќаат
влезот во Европа

82
00:11:32,200 --> 00:11:37,320
преку црниот пазар.

83
00:11:37,399 --> 00:11:41,799
Веќе 450 Тунижани загинаа
годинава

84
00:11:41,879 --> 00:11:46,320
при преминување
на Средоземното Море со чамец."

85
00:12:57,440 --> 00:12:58,360
Сочувство.

86
00:13:04,759 --> 00:13:06,240
Алиса ми кажа.

87
00:13:07,799 --> 00:13:09,000
Две години беше болен.

88
00:13:09,720 --> 00:13:11,840
Од што?
-Од рак.

89
00:13:13,960 --> 00:13:15,080
Мило ми е што дојде.

90
00:13:17,519 --> 00:13:18,639
Ќе дојдеш дома со мене?

91
00:13:24,960 --> 00:13:26,039
Им недостигаш
на девојчињата.

92
00:13:28,879 --> 00:13:29,799
И?

93
00:13:32,679 --> 00:13:33,840
Ќе видиме.

94
00:13:45,919 --> 00:13:47,200
Се возев со Рида.

95
00:13:47,799 --> 00:13:49,360
Мачка го премина патот.

96
00:13:49,960 --> 00:13:51,639
Возеше со полна брзина

97
00:13:52,200 --> 00:13:53,799
и ја смачка мачката.
На мртво.

98
00:13:53,879 --> 00:13:55,879
Маченце, што талкаше
по жештина.

99
00:13:56,759 --> 00:14:00,799
Го уби без да трепне.

100
00:14:00,879 --> 00:14:02,519
Го прашав зошто го згази.

101
00:14:03,240 --> 00:14:06,600
Рече дека се обидел,
но не можел да го избегне.

102
00:14:07,279 --> 00:14:10,360
"Убиј човек,
а не кутра мачка!"

103
00:14:20,519 --> 00:14:22,600
Добар си?

104
00:14:22,679 --> 00:14:24,159
Ни збор не прозборе.

105
00:14:26,120 --> 00:14:28,480
Ќе си одам од државава.

106
00:14:29,320 --> 00:14:31,279
Илегално?
-Да.

107
00:14:31,360 --> 00:14:33,759
Што зборуваш, бре?

108
00:14:34,360 --> 00:14:36,840
Мислиш дека е лесно
да добиеш документи

109
00:14:36,919 --> 00:14:39,399
и да се вратиш дома
со кола и пари?

110
00:14:39,480 --> 00:14:42,799
Ќе те пречекаат со музика...
-Носи се. Не останувам тука.

111
00:14:42,879 --> 00:14:44,159
Нема да умрам овде
како татко ми.

112
00:14:44,759 --> 00:14:48,039
Да речеме дека ќе одиш.
Што ќе правиш?

113
00:14:49,120 --> 00:14:53,240
Ќе талкаш една-две години
дури добиеш некакви документи.

114
00:14:53,320 --> 00:14:56,639
И луѓето таму се бедни.

115
00:14:56,720 --> 00:14:59,720
Тунис е твоја земја.

116
00:15:01,039 --> 00:15:02,720
Сите се како тебе.

117
00:15:02,799 --> 00:15:04,519
Сите мразат што се тука.

118
00:15:05,679 --> 00:15:07,919
Помири се со тоа.

119
00:15:22,559 --> 00:15:25,039
"Али се отсели од нашата куќа
пред три години.

120
00:15:29,000 --> 00:15:30,600
Кажа дека засекогаш
заминува.

121
00:15:35,480 --> 00:15:36,960
Му се смачи тука."

122
00:15:46,639 --> 00:15:50,159
"Рече дека земјава
врие од измамници."

123
00:15:57,759 --> 00:16:00,039
"Се грижат само за себеси."

124
00:16:09,519 --> 00:16:12,279
"Луѓето секој ден
откинуваат дел од тебе.

125
00:16:13,120 --> 00:16:14,559
Делче по делче."

126
00:16:19,960 --> 00:16:21,840
"Да останеше,

127
00:16:21,919 --> 00:16:25,279
од толку откинати делчиња,
едноставно ќе исчезнеше."

128
00:16:29,519 --> 00:16:31,200
"Го штедеше секој денар."

129
00:16:36,679 --> 00:16:39,799
"Планираше да го премине
морето со чамец."

130
00:16:45,039 --> 00:16:46,919
"Го замислував
како се дави во морето."

131
00:16:52,559 --> 00:16:55,159
"Не би ни чуле за тоа.
Едноставно би умрел."

132
00:16:57,360 --> 00:16:59,960
"Тогаш навистина
би исчезнал."

133
00:17:35,240 --> 00:17:36,640
Боже, сте пораснале.

134
00:17:37,720 --> 00:17:39,400
Како сте?
-Добро, а ти?

135
00:17:42,400 --> 00:17:44,720
Што е ова?
-Работите на тато.

136
00:17:44,799 --> 00:17:47,279
Ќе ги продадам на пазарот
накај работа.

137
00:17:48,880 --> 00:17:50,759
Работиш?
-Да.

138
00:17:50,839 --> 00:17:51,880
Што работиш?

139
00:17:51,960 --> 00:17:53,640
Чистам куќи со мајка и
на другарка ми.

140
00:17:54,319 --> 00:17:55,680
А школо?
-Се испишав.

141
00:17:55,759 --> 00:17:56,720
Ни требаа пари.

142
00:17:58,039 --> 00:17:59,119
Без пари сме.

143
00:17:59,799 --> 00:18:00,920
Каде е жена ти?

144
00:18:02,319 --> 00:18:04,279
Во посета кај нејзините
во Хамамет.

145
00:18:05,200 --> 00:18:06,720
Да разговараме надвор.

146
00:18:14,960 --> 00:18:15,880
Што се случува?

147
00:18:16,960 --> 00:18:17,960
Најдов работа.

148
00:18:18,559 --> 00:18:20,240
Среќлијо.
Каква работа?

149
00:18:21,599 --> 00:18:23,000
Мијач на садови
и келнер.

150
00:18:23,640 --> 00:18:24,559
Каде?

151
00:18:25,240 --> 00:18:28,319
Во Хамамет.
Во туристичко место кај плажата.

152
00:18:30,440 --> 00:18:31,880
Кој се грижи
за девојчињата?

153
00:18:34,440 --> 00:18:35,680
Немаме избор.

154
00:19:22,599 --> 00:19:25,519
"Нема веќе да седиме гладни
и сиромашни!"

155
00:19:25,599 --> 00:19:27,559
"Нема веќе да молчиме!
Повторете!"

156
00:19:27,640 --> 00:19:30,079
"Без страв! Без терор!
Власта му припаѓа на народот!"

157
00:19:30,160 --> 00:19:32,839
"Без страв! Без терор!
Власта му припаѓа на народот!"

158
00:19:38,799 --> 00:19:41,920
"Бандо крадлива!
Имаме право на работа!"

159
00:19:42,000 --> 00:19:45,000
"Бандо крадлива!
Имаме право на работа!"

160
00:19:51,160 --> 00:19:53,079
"Заслужуваме да работиме!"

161
00:20:31,000 --> 00:20:31,920
Скандер.

162
00:20:33,880 --> 00:20:36,799
Не останувам тука.
Идниот месец одам од земјата.

163
00:20:36,880 --> 00:20:38,599
Се е подготвено.
Не можам да ги чувам.

164
00:20:40,200 --> 00:20:42,759
Штом заработам,
ќе им пратам пари.

165
00:20:42,839 --> 00:20:44,160
Дојде автобусот.
Отидов.

166
00:21:28,640 --> 00:21:30,160
Не ја поднесувам
миризбата на цигари.

167
00:21:32,119 --> 00:21:33,319
Добро, ќе одам надвор.

168
00:21:56,880 --> 00:22:02,000
Си размислувал да продаваш
грицки со бензинот?

169
00:22:02,079 --> 00:22:03,000
Не.

170
00:22:03,559 --> 00:22:06,279
Како на бензиска.
Пијалаци, СИМ-картички, грицки.

171
00:22:06,359 --> 00:22:08,319
Би спечалил многу повеќе.

172
00:22:10,000 --> 00:22:11,799
Морам да јадам.

173
00:22:24,640 --> 00:22:27,839
Твоја е колава?
-Зошто прашуваш?

174
00:22:27,920 --> 00:22:29,519
Онака.

175
00:22:30,240 --> 00:22:31,359
На продажба е?

176
00:22:32,160 --> 00:22:35,200
Не знам. На татко ми е.

177
00:22:36,279 --> 00:22:38,079
Сакам да купам кола.

178
00:22:38,160 --> 00:22:41,519
Колку чини?
-Реков дека не знам. Не е моја.

179
00:22:41,599 --> 00:22:44,079
Имаш дозвола?
-Зошто прашуваш?

180
00:22:44,160 --> 00:22:46,079
Онака. Зошто се плашиш?

181
00:22:46,160 --> 00:22:49,480
Што правиш, момче?

182
00:22:49,559 --> 00:22:52,599
Пишува дека колата е на продажба.
-Зошто зборуваш со неа?

183
00:22:53,759 --> 00:22:55,759
Што сакаш?
-Да купам кола.

184
00:22:55,839 --> 00:22:58,880
Влегувај.

185
00:22:58,960 --> 00:23:00,319
Колку чини?

186
00:23:00,400 --> 00:23:02,480
Сакаш да купиш кола?
-Да.

187
00:23:02,559 --> 00:23:05,319
Купи си магаре. Ем ќе му зборуваш,
ем ќе го јаваш.

188
00:23:05,400 --> 00:23:08,240
Што ти е, серко?
-Еби се!

189
00:23:08,319 --> 00:23:10,039
Ги знам таквите како тебе!

190
00:23:10,799 --> 00:23:12,799
Пропалитети!

191
00:23:12,880 --> 00:23:15,000
Многу си сладок.
-Ќе ти покажам!

192
00:23:22,640 --> 00:23:23,839
Ќе се видиме вечерва.

193
00:23:32,000 --> 00:23:32,920
Али?

194
00:23:37,880 --> 00:23:39,240
Зошто спиеш надвор?

195
00:23:40,880 --> 00:23:41,880
Колку е часот?

196
00:23:43,519 --> 00:23:44,680
Одам на работа.

197
00:24:00,480 --> 00:24:01,640
Зошто спиеше надвор?

198
00:24:10,720 --> 00:24:13,680
Живееш ли таму
каде што те најдов?

199
00:24:13,759 --> 00:24:15,079
Да.

200
00:24:15,160 --> 00:24:17,039
Но тоа е градилиште.
-Така е.

201
00:24:18,359 --> 00:24:21,279
Твое е?
-Сопственикот е во странство.

202
00:24:23,440 --> 00:24:24,480
Што учиш?

203
00:24:25,720 --> 00:24:28,240
Француски.
-Прочитај ми нешто.

204
00:24:30,839 --> 00:24:31,759
Ајде, читај.

205
00:24:46,920 --> 00:24:47,839
Што значи тоа?

206
00:24:48,640 --> 00:24:51,440
"Не оди пред мене,
може нема да те следам.

207
00:24:51,519 --> 00:24:54,599
Не оди зад мене,
може нема да те водам.

208
00:24:54,680 --> 00:24:56,359
Оди крај мене
и биди ми пријател."

209
00:24:58,440 --> 00:24:59,359
Има право.

210
00:25:18,960 --> 00:25:21,599
Малечок, знаеш да возиш?

211
00:25:21,680 --> 00:25:22,839
Немам дозвола.

212
00:25:23,440 --> 00:25:24,960
Не е важно.
Знаеш да возиш?

213
00:25:25,640 --> 00:25:26,720
Да.

214
00:25:26,799 --> 00:25:28,519
Сакаш да работиш за мене
на границата?

215
00:25:29,599 --> 00:25:31,759
Нема шанси.
-Зошто?

216
00:25:31,839 --> 00:25:33,720
Полно е со цајкани.
Ќе ме убијат.

217
00:25:34,519 --> 00:25:37,200
Тоа не е проблем.
Сите патишта се наши.

218
00:25:37,279 --> 00:25:41,160
Граничарите имаат дронови,
не сакам да ме фатат.

219
00:25:41,240 --> 00:25:44,960
Не сум шверцер.
-Тоа не е проблем.

220
00:25:45,039 --> 00:25:48,519
На границата има многу пари.
Вистински пари.

221
00:25:48,599 --> 00:25:51,240
Кога би знаел
колку би можел да заработиш,

222
00:25:51,319 --> 00:25:53,799
би се премислил.

223
00:25:59,480 --> 00:26:01,039
Знаеш што?

224
00:26:01,119 --> 00:26:04,240
Не брзај, размисли,
и ќе разговараме. Важи?

225
00:26:07,200 --> 00:26:08,240
Тргнувај!

226
00:26:31,640 --> 00:26:33,640
Кило јагнешки котлети.

227
00:26:41,039 --> 00:26:42,480
Продаваш?
-Да.

228
00:26:42,559 --> 00:26:44,680
Колку?
-20 динари.

229
00:27:08,559 --> 00:27:09,759
Како ќе го викаме?

230
00:27:11,880 --> 00:27:13,799
Не знам. Може...

231
00:27:14,519 --> 00:27:15,440
Рокс.

232
00:27:16,359 --> 00:27:17,279
Да му го видам лицето.

233
00:27:20,799 --> 00:27:21,839
Може Рокс.

234
00:27:26,920 --> 00:27:28,119
Држи го вака.

235
00:27:29,039 --> 00:27:29,960
Овде.

236
00:27:30,400 --> 00:27:32,279
Мајка му го носи така.

237
00:27:32,359 --> 00:27:33,279
Полека.

238
00:27:35,240 --> 00:27:36,440
Не плаши се, држи го.

239
00:27:38,920 --> 00:27:40,880
Те држев така
кога беше бебе.

240
00:27:42,000 --> 00:27:42,920
Прекини.

241
00:27:44,319 --> 00:27:45,240
Се колнам.

242
00:27:55,519 --> 00:27:57,039
Ти си Салах Хамди?

243
00:28:03,559 --> 00:28:04,559
На другата улица е.

244
00:28:07,599 --> 00:28:08,519
Благодарам.

245
00:28:14,960 --> 00:28:15,880
Кој е тој?

246
00:28:17,160 --> 00:28:18,640
Од каде да знам?

247
00:28:21,000 --> 00:28:22,160
Дојди да јадеш.

248
00:28:22,880 --> 00:28:25,240
Не, фала.
Од каде ти е ова?

249
00:28:25,319 --> 00:28:26,240
Го купив.

250
00:28:26,880 --> 00:28:29,640
Што е тоа?
-Ми го купи Али.

251
00:28:30,960 --> 00:28:32,319
Како е на работа?

252
00:28:32,400 --> 00:28:35,039
Добро. Жената за која работам
е фина.

253
00:28:35,599 --> 00:28:37,680
Има голема куќа со базен.

254
00:28:37,759 --> 00:28:39,440
Базен?
-Да.

255
00:28:39,519 --> 00:28:41,480
Ти дава да пливаш?
-Не.

256
00:28:42,319 --> 00:28:44,640
Морам да разговарам
со Салах Хамди!

257
00:28:44,720 --> 00:28:46,319
Што сакаш од него?

258
00:28:46,400 --> 00:28:48,519
Јас сум јавен нотар
пратен од банката.

259
00:28:48,599 --> 00:28:50,319
Тој ти е татко?
-Мртов е.

260
00:28:51,160 --> 00:28:52,880
Зел кредит од банка
на пет години.

261
00:28:52,960 --> 00:28:55,519
Последните две години
не го плаќал долгот.

262
00:28:57,960 --> 00:28:58,880
Беше болен.

263
00:28:59,480 --> 00:29:00,920
Сеедно, долгот мора
да се плати.

264
00:29:01,480 --> 00:29:02,960
Колку должи?

265
00:29:03,039 --> 00:29:07,000
Со сите камати,
8 000 динари.

266
00:29:08,519 --> 00:29:10,039
Нема шанси
да го платиме тоа.

267
00:29:11,559 --> 00:29:14,680
Жал ми е, но ако не се плати
до крајот на месецов,

268
00:29:14,759 --> 00:29:16,319
ќе му се заплени имотот.

269
00:29:16,400 --> 00:29:18,799
Каков имот? Таа ви кажа
дека ништо немаме.

270
00:29:18,880 --> 00:29:20,079
Ќе се заплени куќата.

271
00:29:22,759 --> 00:29:23,680
Губи се.

272
00:29:24,279 --> 00:29:25,799
Губи се, мајчин!

273
00:29:25,880 --> 00:29:29,079
Следниот пат
доаѓам со полицијата!

274
00:29:29,160 --> 00:29:31,799
Море, еби се!
-Запамти ме!

275
00:29:32,559 --> 00:29:33,759
Серко низаеден.

276
00:29:39,599 --> 00:29:40,839
Знаеше за тоа?

277
00:29:41,440 --> 00:29:42,480
Скандер?

278
00:29:46,000 --> 00:29:46,920
Што ќе правиме?

279
00:29:49,240 --> 00:29:50,160
Кога?

280
00:29:53,559 --> 00:29:54,799
Рече, ќе ни помогнеш.

281
00:30:02,359 --> 00:30:04,079
Во ред...

282
00:30:17,960 --> 00:30:20,759
Едвај спечалив нешто денеска.

283
00:30:21,400 --> 00:30:22,440
Кретен.

284
00:30:38,279 --> 00:30:39,519
Каде е бирото
за вработување?

285
00:30:45,319 --> 00:30:48,319
Сте го заборавиле
матичниот број. Овде.

286
00:30:50,880 --> 00:30:51,880
Може пенкало?

287
00:30:54,559 --> 00:30:55,480
Овде?

288
00:31:27,519 --> 00:31:30,039
Во ред. Зошто сакате
да работите тука?

289
00:31:30,119 --> 00:31:33,200
Татко ми работеше тука
20 години.

290
00:31:33,279 --> 00:31:36,519
Чув дека децата може да ја добијат
работата на родителите.

291
00:31:37,599 --> 00:31:40,119
Каде е татко ви?
-Мртов е. Напишав.

292
00:31:40,880 --> 00:31:42,279
Што работите сега?

293
00:31:42,839 --> 00:31:43,960
Се снаоѓам.

294
00:31:44,599 --> 00:31:46,519
Но сакам добра работа.

295
00:31:50,279 --> 00:31:52,359
Сте го заборавиле името
на мајка ви.

296
00:31:52,440 --> 00:31:53,880
Мајка ми одамна умре.

297
00:32:01,359 --> 00:32:03,039
Морам повеќе да заработам.

298
00:32:03,839 --> 00:32:06,960
Банката ќе ни ја одземе куќата
и моите сестри ќе бидат на улица.

299
00:32:07,039 --> 00:32:08,000
Разбирам.

300
00:32:11,119 --> 00:32:13,359
Жалам, но сега нема работа.

301
00:32:13,440 --> 00:32:15,079
Неговото место
веќе е пополнето.

302
00:32:18,359 --> 00:32:19,720
Има нешто друго?

303
00:32:21,759 --> 00:32:26,839
Не наоѓам какво образование имате
или некој занает.

304
00:32:27,559 --> 00:32:30,799
Имаме програма за вработување...
-Ми треба работа.

305
00:32:33,079 --> 00:32:35,079
Сте разговарале
со социјалните служби?

306
00:32:35,160 --> 00:32:36,640
Ќе ви го дадам
нивниот број.

307
00:32:49,799 --> 00:32:51,559
Размислете и јавете им се.

308
00:33:14,680 --> 00:33:17,279
Брзиномерот не може
да оди под 180.

309
00:33:17,359 --> 00:33:21,640
Патот одовде до Либија
трае околу 6 часа.

310
00:33:22,519 --> 00:33:27,720
Ако забележиш нешто
што извидникот не го видел,

311
00:33:27,799 --> 00:33:30,119
оди вон патот.

312
00:33:30,200 --> 00:33:31,119
Сфаќаш?

313
00:33:33,359 --> 00:33:37,680
Ако те следат цајканите,

314
00:33:37,759 --> 00:33:39,160
нагази.

315
00:33:40,440 --> 00:33:42,160
Разбираш?
-Да.

316
00:33:42,240 --> 00:33:45,279
Оди.
Господ нека е со тебе.

317
00:37:18,079 --> 00:37:19,599
Ја гледаш колана горе?

318
00:37:29,480 --> 00:37:31,280
Полека, биди смирен.

319
00:37:32,760 --> 00:37:33,679
Само вози.

320
00:37:39,360 --> 00:37:41,440
Остани мирен.

321
00:37:44,079 --> 00:37:46,119
Внимателно.
Оди лево.

322
00:37:47,519 --> 00:37:48,760
Ајде, ајде.

323
00:38:45,119 --> 00:38:46,199
Во ред.

324
00:38:46,280 --> 00:38:47,519
Пред нас има контрола.

325
00:38:47,920 --> 00:38:48,960
Исклучи ги светлата.

326
00:39:33,239 --> 00:39:34,159
Се е во ред?

327
00:39:35,760 --> 00:39:36,679
Да.

328
00:39:46,599 --> 00:39:49,199
"Али доаѓаше дома
и смрдеше на бензин."

329
00:39:59,719 --> 00:40:03,840
"Не зборуваше многу,
но ми кажа неколку работи."

330
00:40:09,320 --> 00:40:10,840
"Нештата
што ги видел таму."

331
00:40:14,440 --> 00:40:18,280
"Возел. Кажа дека ја видел
целата земја."

332
00:40:25,400 --> 00:40:29,119
"Местата што ги гледаш во далечина
кога си на автопат

333
00:40:29,199 --> 00:40:30,559
и се прашуваш

334
00:40:30,639 --> 00:40:32,599
дали некој некогаш
одел по таа земја."

335
00:40:35,960 --> 00:40:40,119
"Сигурно стоел на местата
каде што никој не стоел."

336
00:40:54,559 --> 00:40:57,000
"Мислам дека некогаш
се чувствувал како дух."

337
00:41:00,360 --> 00:41:03,320
"Како луѓето
да гледале низ него."

338
00:41:08,519 --> 00:41:10,440
"Камо да му кажав нешто."

339
00:41:18,400 --> 00:41:19,760
"Камо да му кажев

340
00:41:20,719 --> 00:41:24,159
дека го гледав оти стои пред мене
реален како и се друго."

341
00:41:28,400 --> 00:41:29,679
"А тој само ќе кажеше:

342
00:41:31,480 --> 00:41:32,599
"Благодарам"."

343
00:41:40,000 --> 00:41:42,039
"Мислам дека се чувствувал

344
00:41:43,760 --> 00:41:44,760
како да е болен."

345
00:41:46,559 --> 00:41:49,719
"И ако премногу ни се доближил,
би не заразил."

346
00:41:51,639 --> 00:41:55,159
"Мислам дека затоа
постојано спиеше надвор."

347
00:41:59,280 --> 00:42:02,360
"Но ми се допаѓаше да знам
дека е таму."

348
00:42:10,039 --> 00:42:11,039
Кој си ти?

349
00:42:14,400 --> 00:42:16,039
Вие сте возрасен?
-Да.

350
00:42:16,119 --> 00:42:19,239
Имаме наредба за иселување.
Куќата е преземена од банката.

351
00:42:19,320 --> 00:42:22,760
Ги имам парите. Ќе ви платам половина
сега, а останатото идниот месец.

352
00:42:23,320 --> 00:42:26,800
За жал, банката го бара целиот
износ, плус каматите.

353
00:42:26,880 --> 00:42:28,840
Имате една седмица
се да платите.

354
00:42:29,320 --> 00:42:30,239
Земете го ова.

355
00:42:33,440 --> 00:42:35,079
Морате да сфатите
што се случува.

356
00:42:44,639 --> 00:42:45,760
Ама кретени.

357
00:42:45,840 --> 00:42:49,719
Типот нарачува еден пијалак
и цел ден преседува тука.

358
00:42:49,800 --> 00:42:51,079
Ги бркам луѓето,

359
00:42:51,159 --> 00:42:53,239
а копилето си седи тука
и зјапа.

360
00:42:55,840 --> 00:42:58,039
Не сфаќајте ме погрешно,
го жалам.

361
00:42:58,920 --> 00:43:01,719
Нема работа, ништо нема.
Кутриот.

362
00:43:01,800 --> 00:43:03,800
Но мене ми треба бакшиш,
бестрага.

363
00:43:05,840 --> 00:43:07,000
Добар си?

364
00:43:08,079 --> 00:43:09,119
Жив сум.

365
00:43:10,559 --> 00:43:12,039
Препушти му го тоа на Бога.

366
00:43:12,119 --> 00:43:13,840
Се работи за пари?

367
00:43:14,800 --> 00:43:17,159
Не мачи се.
Еден ден си горе, друг долу.

368
00:43:19,719 --> 00:43:21,480
Еден ден си богат,
друг сиромашен.

369
00:43:25,320 --> 00:43:26,239
Слушај,

370
00:43:26,840 --> 00:43:29,920
ќе одам со автобус до брегот.
Ќе го продадам ќупот.

371
00:43:30,000 --> 00:43:31,639
Таму има многу туристи.

372
00:43:32,280 --> 00:43:33,199
Каде?

373
00:43:39,679 --> 00:43:40,679
Земи.

374
00:43:41,400 --> 00:43:44,039
Што да правам со нив?
-Купи зеленчук, слатки.

375
00:43:44,119 --> 00:43:46,039
Каде одиш?
-Во Хамамет.

376
00:43:46,119 --> 00:43:48,079
Зошто?
-Да разговарам со Скандер.

377
00:43:48,159 --> 00:43:49,559
Колку долго?

378
00:43:49,639 --> 00:43:51,519
Али?
-Боже! Што е?

379
00:43:53,440 --> 00:43:54,840
Гледај да се вратиш.

380
00:43:55,760 --> 00:43:57,719
Ќе се вратам утре!

381
00:43:57,800 --> 00:43:58,840
Во ред?

382
00:43:58,920 --> 00:44:02,679
"Десет години по очајничкиот
и драматичен протест на Буазизи

383
00:44:02,760 --> 00:44:05,880
кој покренал револуции
ширум регионот,

384
00:44:05,960 --> 00:44:09,480
се шири разочарување поради
неисполнетата арапска пролет."

385
00:44:09,559 --> 00:44:12,519
Таа фрустрација нема
пострашен израз

386
00:44:12,599 --> 00:44:15,119
од континуираниот бран на
самозапалувања во Тунис.

387
00:45:33,480 --> 00:45:34,679
Ќе се видиме подоцна.

388
00:46:38,559 --> 00:46:40,400
Што бараш тука?
-Ми треба помош.

389
00:46:41,039 --> 00:46:41,960
Дојди.

390
00:46:43,920 --> 00:46:45,599
Едвај се снаоѓам.

391
00:46:46,320 --> 00:46:47,760
Слабо ни оди.

392
00:46:47,840 --> 00:46:49,360
Рече дека ќе ни помогнеш.

393
00:46:49,920 --> 00:46:51,199
Без скршена пара сум.

394
00:46:51,760 --> 00:46:53,400
Тешко е, кириите се скапи.

395
00:46:55,320 --> 00:46:57,960
Сестрите ќе завршат на улица
поради банката.

396
00:46:58,440 --> 00:47:00,800
Поштеди ме од тоа.

397
00:47:00,880 --> 00:47:02,840
Нели замина? Каде беше?

398
00:47:02,920 --> 00:47:06,239
Каде беше? Помогна ли?
-Сега сум тука.

399
00:47:06,320 --> 00:47:07,400
Три години.

400
00:47:07,480 --> 00:47:10,239
Три години! Ги хранев,
се грижев за нив.

401
00:47:10,320 --> 00:47:14,039
Што мислиш, како живееја?

402
00:47:14,119 --> 00:47:15,440
Што си направил ти?

403
00:47:19,480 --> 00:47:20,840
Колку можеш да ми дадеш?

404
00:47:24,280 --> 00:47:26,280
Ќе се обидам да ти дадам
нешто вечерва.

405
00:47:26,360 --> 00:47:27,320
Колку?

406
00:47:28,280 --> 00:47:29,679
Не можам повеќе од 200.

407
00:47:32,440 --> 00:47:33,840
Уживај во твојот
ебен живот.

408
00:47:36,039 --> 00:47:36,960
Што ти е?!

409
00:47:38,039 --> 00:47:39,960
Еби се!
-Што ти е? Престани!

410
00:47:42,559 --> 00:47:44,039
Луд ли си?

411
00:47:44,119 --> 00:47:46,320
Тргни ги ебените раце!
200 динари?

412
00:47:46,400 --> 00:47:49,119
Смири се, не гледаат!
Што ти е?

413
00:47:49,199 --> 00:47:51,360
Сакаш да ме отпуштат?

414
00:47:51,440 --> 00:47:54,079
Смири се. Седни.

415
00:47:54,159 --> 00:47:56,639
Седни.
-Пушти ме.

416
00:47:56,719 --> 00:47:58,440
Луд ли си?
-Ти кажав да ме пуштиш.

417
00:48:00,119 --> 00:48:01,639
Ќе ти донесам пијалак.

418
00:51:05,519 --> 00:51:08,000
Морам да се ослободам
од проклетиов бокал.

419
00:51:08,079 --> 00:51:12,360
Требаше да знам дека сите тука
се скржави. Зомби.

420
00:51:19,679 --> 00:51:20,880
Чекај, ќе се вратам.

421
00:51:22,519 --> 00:51:23,559
Здраво.

422
00:51:23,639 --> 00:51:25,679
Французи, Италијанци?
-Италијанци.

423
00:51:25,760 --> 00:51:26,880
Ова е вистинско.

424
00:51:27,440 --> 00:51:29,400
Од стар Рим.

425
00:51:31,920 --> 00:51:34,239
Вистинско е?

426
00:51:36,480 --> 00:51:38,599
Фино момче сте.
Ова е за во музеј.

427
00:51:38,679 --> 00:51:41,880
Вреди цело богатство,
но за вас, 500 динари.

428
00:51:41,960 --> 00:51:44,480
Нема шанси.

429
00:51:44,559 --> 00:51:46,039
Добро, за вас, 400.

430
00:51:46,119 --> 00:51:47,679
Не.

431
00:51:47,760 --> 00:51:49,159
300, но тоа е тоа.

432
00:52:01,199 --> 00:52:02,440
Колку ти даде?

433
00:52:02,519 --> 00:52:04,519
50 динари, мајчин.
Си одиме дома.

434
00:52:30,840 --> 00:52:32,000
Ми треба уште една тура.

435
00:52:32,840 --> 00:52:33,760
Зошто не?

436
00:52:35,039 --> 00:52:38,599
Ќе одам сам. Ми треба
и делот од другиот возач.

437
00:52:39,320 --> 00:52:40,239
Може.

438
00:55:35,320 --> 00:55:36,880
"Дали некогаш
се чувствуваш...

439
00:55:42,480 --> 00:55:46,039
... како да гледаш
во нешто опасно?"

440
00:55:51,639 --> 00:55:54,199
"Како кога стоиш на висок мост
или слично?"

441
00:55:57,320 --> 00:55:58,920
"Гледаш долу кон дното."

442
00:56:05,400 --> 00:56:06,760
"И мал дел од тебе мисли..."

443
00:56:10,679 --> 00:56:12,840
"Што ако скокнев?"

444
00:56:15,400 --> 00:56:16,840
"Што ако го направев тоа?"

445
00:56:44,079 --> 00:56:45,119
Не, не!

446
00:56:45,199 --> 00:56:47,719
Исплати ме сега!
Ме слушаш?

447
00:56:47,800 --> 00:56:50,800
Морав да стопирам
за назад!

448
00:56:51,440 --> 00:56:52,800
Си ги сакам парите.

449
00:56:52,880 --> 00:56:55,559
Знаеш дека платив 15 000
за да ми го вратат камионот?

450
00:56:55,639 --> 00:56:58,440
И товарот што го остави.

451
00:56:58,519 --> 00:57:00,960
Не е моја вина.
Направив што бараше.

452
00:57:01,039 --> 00:57:02,360
Си ги сакам парите.

453
00:57:03,360 --> 00:57:06,760
Земи ги двене канти,
продај ги, па ќе видиме.

454
00:57:35,679 --> 00:57:36,800
Каде беше?

455
00:57:37,800 --> 00:57:40,400
Мислевме дека нема
да се вратиш!

456
00:57:40,480 --> 00:57:43,719
Не отидов никаде.
-Што ако ти се случеше нешто?

457
00:57:44,360 --> 00:57:46,679
Постојано заминуваш
како да е ништо!

458
00:57:46,760 --> 00:57:48,079
Ништо не се случи.

459
00:57:48,159 --> 00:57:51,800
Гледај ме кога ти зборувам!
-Сега сум тука.

460
00:57:51,880 --> 00:57:54,519
Ако сакаш да заминеш
како ништо да не е,

461
00:57:54,599 --> 00:57:56,119
тогаш не враќај се!

462
00:59:09,400 --> 00:59:10,840
Дојди внатре да спиеш.

463
00:59:15,599 --> 00:59:16,960
Не сакам.

464
00:59:19,039 --> 00:59:20,960
Ти кажав, не сакам.

465
00:59:24,800 --> 00:59:25,920
Те молам, брате.

466
00:59:42,119 --> 00:59:43,639
Ќе избегам од земјата.

467
00:59:45,159 --> 00:59:46,079
Навистина?

468
00:59:46,760 --> 00:59:47,679
Да.

469
00:59:49,000 --> 00:59:50,159
Доста ми е од местово.

470
00:59:53,280 --> 00:59:54,760
Зошто не избега?

471
01:00:01,880 --> 01:00:03,119
Одмори се.

472
01:00:06,800 --> 01:00:07,880
Добра ноќ.

473
01:01:00,280 --> 01:01:04,440
"Се преселивме во источниот дел
на градот на крај од август."

474
01:01:34,559 --> 01:01:36,920
"На Сара не и пречеше
да живее кај Али."

475
01:01:41,400 --> 01:01:44,239
"Кога стигнавме таму,
не зборуваше многу за тоа.

476
01:01:45,280 --> 01:01:46,880
Само кажа...

477
01:01:48,000 --> 01:01:50,039
"Што ќе правиме во зима?"

478
01:02:02,360 --> 01:02:04,719
"Пред да заминеме,
го прашав Али

479
01:02:04,800 --> 01:02:07,519
дали е тажен што не избегал
како што сакал."

480
01:02:10,440 --> 01:02:11,440
"Рече "не",

481
01:02:13,639 --> 01:02:17,880
зашто луѓето никогаш навистина
не бегаат од нешто"

482
01:02:19,199 --> 01:02:23,760
"Сите сме фатени
во своите лични стапици."

483
01:02:25,960 --> 01:02:27,119
"Заглавени сме во нив."

484
01:02:31,039 --> 01:02:33,239
"И никој не може
никогаш да се извлече."

485
01:02:36,519 --> 01:02:38,199
"Се бориме со сите сили..."

486
01:02:40,039 --> 01:02:40,960
"Но само во празно..."

487
01:02:43,599 --> 01:02:44,880
"Само едни со други."

488
01:02:48,679 --> 01:02:49,960
"Но и покрај сето тоа..."

489
01:02:51,679 --> 01:02:53,960
"Ни малку не се поместуваме."

490
01:03:11,199 --> 01:03:13,280
Али, што правиш таму?

491
01:03:16,679 --> 01:03:17,599
Дојди, седни.

492
01:03:35,119 --> 01:03:36,320
Зора, сосетката...

493
01:03:36,960 --> 01:03:38,679
Има многу пари.

494
01:03:40,400 --> 01:03:43,840
Што мислиш за неа?

495
01:03:49,519 --> 01:03:51,519
Дај, батали ме
од твоите приказни.

496
01:03:53,840 --> 01:03:55,199
Што ти е тебе?

497
01:03:59,320 --> 01:04:01,239
Секогаш си намуртен.

498
01:04:03,079 --> 01:04:04,199
Носи се.

499
01:04:06,960 --> 01:04:08,199
Едноставно носи се.

500
01:05:30,719 --> 01:05:31,639
Дај за да си одам.

501
01:05:36,239 --> 01:05:38,159
Денот е заебан.
Ништо не спечалив.

502
01:05:38,960 --> 01:05:41,880
Цел ден си тука
и ништо не си спечалил?

503
01:05:43,800 --> 01:05:45,280
Не ти плаќам денеска.

504
01:05:46,400 --> 01:05:48,199
Ајде, давај. Морам да одам.

505
01:05:50,639 --> 01:05:53,119
Знаеш дека е забрането тука?

506
01:05:53,199 --> 01:05:54,760
Мислиш дека сакам
што сум тука?

507
01:05:54,840 --> 01:05:56,679
Ме заболе дали сакаш.

508
01:05:56,760 --> 01:06:00,320
Дај за да одам...
-Што сакаш да направам, ебаго?

509
01:06:00,400 --> 01:06:03,360
Внимавај на речникот.
-Море, еби се.

510
01:06:18,159 --> 01:06:19,280
Прекини!

511
01:06:19,360 --> 01:06:21,800
Те молам, прекини!

512
01:06:27,079 --> 01:06:30,079
Немаш пари? А што е ова?

513
01:06:32,519 --> 01:06:36,280
Лажго! Ми се гадиш!
Смрдиш како ѓубре!

514
01:06:41,639 --> 01:06:45,079
"Полицијата ја штити политичката
мафија и корумпираните!

515
01:06:45,159 --> 01:06:47,480
Имам право да демонстрирам
и да протестирам!

516
01:06:47,559 --> 01:06:49,679
Си ги знам правата!

517
01:06:49,760 --> 01:06:52,280
Уставот ја штити
слободата на изразување!

518
01:06:59,519 --> 01:07:01,360
"Немој пак да го направиш тоа

519
01:07:01,440 --> 01:07:03,159
или веќе нема да видиш
бел ден."

520
01:07:25,840 --> 01:07:27,679
Ми треба помош!
-Земете бројче.

521
01:07:28,599 --> 01:07:30,760
Првин земете бројче.
-Веднаш помогнете ми!

522
01:07:33,320 --> 01:07:34,239
Како?

523
01:07:35,280 --> 01:07:36,639
Да поднесам тужба...

524
01:07:37,559 --> 01:07:38,559
Против полицијата.

525
01:07:38,639 --> 01:07:40,000
Полицијата?

526
01:07:41,039 --> 01:07:42,400
Ова е општина.

527
01:07:42,480 --> 01:07:44,559
Немаме врска
со полицијата.

528
01:07:44,639 --> 01:07:46,480
Помогнете ми веднаш.

529
01:07:46,559 --> 01:07:49,039
Треба ли првин
да го пополнам ова?

530
01:07:49,920 --> 01:07:52,320
Господине, ова е општина.

531
01:07:52,400 --> 01:07:55,079
Ако сакате да поднесете поплака,
одете во полиција.

532
01:07:55,159 --> 01:07:57,920
Кој ја ебе полицијата!
Помогнете ми!

533
01:07:58,000 --> 01:08:00,719
Може да седнете?
-Нема да седнувам!

534
01:08:00,800 --> 01:08:03,719
Се колнам, нема да седнам
дури не го исправите ова!

535
01:08:03,800 --> 01:08:05,800
Што се случува?
-Може да ми помогнете?

536
01:08:05,880 --> 01:08:07,719
Што е?
-Продавам бензин.

537
01:08:08,280 --> 01:08:11,400
Дојдоа цајканите и ми ги
џапнаа сите пари денеска.

538
01:08:11,480 --> 01:08:13,079
Имаш дозвола?
-Не.

539
01:08:13,159 --> 01:08:15,559
Незаконски е да продаваш
бензин без дозвола.

540
01:08:15,639 --> 01:08:17,680
Сите продаваат.
Како да преживееме?

541
01:08:17,760 --> 01:08:21,199
Ние немаме никакво право
во врска со тоа.

542
01:08:21,279 --> 01:08:23,880
И да поднесеш поплака,
не може да ти помогнеме.

543
01:08:23,960 --> 01:08:25,840
Тоа не е наш проблем.

544
01:08:30,680 --> 01:08:33,159
Смири се.
-Да се смирам?

545
01:08:33,880 --> 01:08:37,560
Како да се смирам, ебаго?!
-Викни полиција.

546
01:08:37,640 --> 01:08:41,359
Што ви е, луѓе?!

547
01:08:42,279 --> 01:08:44,920
Што очекувате да сторам,
да умрам?!

548
01:08:46,239 --> 01:08:47,359
Серковци!

549
01:09:07,840 --> 01:09:09,079
Еби се!

550
01:09:15,439 --> 01:09:17,399
Доаѓај ваму!

551
01:09:18,319 --> 01:09:20,520
Кому му викаш?

552
01:09:20,600 --> 01:09:22,439
Отвори ја капијата!
-Отвори ја капијата!

553
01:09:22,520 --> 01:09:25,079
Тишина.
-Доаѓај ваму!

554
01:09:25,159 --> 01:09:30,039
Каде е гувернерот?
-Не е тука! Губи се!

555
01:09:30,600 --> 01:09:31,600
Отвори!

556
01:09:31,680 --> 01:09:33,840
Тишина, реков!

557
01:09:33,920 --> 01:09:36,560
Замолчи и губи се одовде!
Оди дома!

558
01:09:36,640 --> 01:09:39,079
Зошто викате?

559
01:09:39,159 --> 01:09:41,000
Морам да разговарам
со гувернерот.

560
01:09:41,560 --> 01:09:42,920
Што сакате да му кажете?

561
01:09:46,159 --> 01:09:48,199
Не знаете што сакате
да му кажете?

562
01:09:50,000 --> 01:09:54,119
Полицијата секој ден
краде од мене.

563
01:09:54,199 --> 01:09:56,840
Банката ни ја одзеде куќата.

564
01:09:56,920 --> 01:10:00,560
Излудувам од толку многу неправди.

565
01:10:00,640 --> 01:10:02,960
Ве молам, сестро,
помогнете ми.

566
01:10:03,039 --> 01:10:05,039
Ве молам, страдам.

567
01:10:06,720 --> 01:10:07,800
Тука е, зарем не?

568
01:10:09,199 --> 01:10:12,239
Тука е, но не може да ви помогне.

569
01:10:13,119 --> 01:10:17,600
Мислите така да упаѓате овде
и да викате?

570
01:10:17,680 --> 01:10:21,119
Ако продолжите,

571
01:10:21,199 --> 01:10:24,119
ќе ве уапсат.

572
01:10:34,800 --> 01:10:36,199
Отворете ја капијата!

573
01:10:36,279 --> 01:10:39,239
Замолчете и губете се!

574
01:10:44,000 --> 01:10:47,880
Слушај, смири се...

575
01:10:53,000 --> 01:10:54,000
Излези ваму!

576
01:11:00,159 --> 01:11:02,159
Пушти ме!

577
01:11:03,560 --> 01:11:05,960
Тргни ги ебените раце
од мене!

578
01:11:06,039 --> 01:11:08,399
Што сакаш?!

579
01:11:25,760 --> 01:11:27,199
Тргни ги рацете!

580
01:11:28,199 --> 01:11:31,520
Пушти го!

581
01:11:31,600 --> 01:11:34,640
Пушти го!

582
01:11:46,880 --> 01:11:49,720
Зошто зјапаш во мене?!

583
01:11:50,399 --> 01:11:53,199
Што ти е тебе?
-Што сакаш? Пари?!

584
01:11:53,279 --> 01:11:55,119
Не сакам пари...
-Ништо немам!

585
01:11:55,199 --> 01:11:56,800
Ова ли го сакаш?

586
01:11:56,880 --> 01:12:00,880
Продолжи да се движиш.
-Ебете се сите!

587
01:12:00,960 --> 01:12:02,159
Да ви ебам корупцијата!

588
01:12:05,199 --> 01:12:06,720
Луд е.

589
01:12:46,119 --> 01:12:47,239
Од каде ви е тоа?

590
01:12:47,880 --> 01:12:49,119
Го купив.

591
01:12:52,640 --> 01:12:53,920
Седни со нас.

592
01:13:18,680 --> 01:13:19,920
Ајде, јади.

593
01:13:20,000 --> 01:13:21,239
Не, фала. Уживајте.

594
01:13:28,880 --> 01:13:31,119
Да одиме да го посетиме Скандер?

595
01:13:34,039 --> 01:13:34,960
Во ред.

596
01:13:37,520 --> 01:13:39,039
Може да пливаме таму?

597
01:13:43,239 --> 01:13:44,359
Да, можете.

598
01:14:09,279 --> 01:14:10,880
Да купам билети.
Ќе се вратам.

599
01:14:37,520 --> 01:14:38,920
Каде е твојот билет?

600
01:14:39,000 --> 01:14:40,079
Останувам тука.

601
01:14:40,880 --> 01:14:42,239
Зошто не дојдеш?

602
01:14:42,319 --> 01:14:43,239
Дојди.

603
01:14:46,960 --> 01:14:49,199
Дај ми ја торбата.
-Не доаѓаш?

604
01:14:59,079 --> 01:15:00,000
Што е тоа?

605
01:15:02,479 --> 01:15:04,520
Овде има 6 000 динари.
-6 000?

606
01:15:04,600 --> 01:15:06,319
Само за вас двете.

607
01:15:07,279 --> 01:15:08,760
Потрошете ги како сакате.

608
01:15:21,079 --> 01:15:22,479
Автобусот тргнува.

609
01:15:24,520 --> 01:15:25,880
Ќе се видиме наскоро.

610
01:21:28,159 --> 01:21:32,079
MEDIATRANSLATIONS



