1
00:00:02,000 --> 00:00:07,000
Downloaded from
YTS.MX

2
00:00:08,000 --> 00:00:13,000
Official YIFY movies site:
YTS.MX

3
00:00:16,160 --> 00:00:18,000
ЗАБРАНЕТО ЗА КУЧИЊА И ИТАЛИЈАНЦИ

4
00:00:47,359 --> 00:00:49,640
Татко ми беше патувачки работник.

5
00:00:50,600 --> 00:00:54,039
Секои четири години
добиваше нова работа.

6
00:00:55,719 --> 00:00:57,640
И секогаш моравме да се селиме.

7
00:01:00,079 --> 00:01:02,280
Ги мразев преселбите.

8
00:01:02,799 --> 00:01:05,000
Кога ќе стигневме
во новиот град,

9
00:01:05,519 --> 00:01:08,439
се заклучував во собата
во знак на протест.

10
00:01:09,280 --> 00:01:10,920
Единствени пријатели

11
00:01:11,000 --> 00:01:14,200
ми беа глината, лепилото,
ножиците и моливот.

12
00:01:15,799 --> 00:01:17,519
Што сакаш да работиш?

13
00:01:17,599 --> 00:01:20,519
Нешто со рацете, можеби
ќе одам во уметничко школо.

14
00:01:21,120 --> 00:01:22,959
Уметноста не е за нас.

15
00:01:23,359 --> 00:01:26,920
Вработи се во пошта
и сликај во неделите.

16
00:01:27,000 --> 00:01:29,799
Треба да работиш со главата,
не со рацете.

17
00:01:31,040 --> 00:01:34,000
Кога бев мал, рацете на татко ми
ме фасцинираа.

18
00:01:34,079 --> 00:01:35,719
Од восокот од сирењето

19
00:01:35,799 --> 00:01:38,840
правеше лисици, птици или пеперутки.

20
00:01:41,719 --> 00:01:44,920
И денес ја чувствувам магијата
на тие облици во рацете

21
00:01:45,000 --> 00:01:46,640
додека ја раскажувам

22
00:01:46,719 --> 00:01:49,040
приказната од еден далечен предел.

23
00:01:52,920 --> 00:01:55,319
Татко ми велеше дека во Италија

24
00:01:55,400 --> 00:01:57,400
постои село наречено Угетера.

25
00:01:57,920 --> 00:02:01,239
Сите се викаа исто како нас.

26
00:02:01,319 --> 00:02:03,719
Угетера значи земјата на Угето.

27
00:02:05,120 --> 00:02:08,120
Се започна таму,
во подножјето на Монте Визо.

28
00:02:10,800 --> 00:02:14,280
Дедо ми и баба ми живееле во куќа
како оваа.

29
00:02:16,400 --> 00:02:19,599
Денес нивните селски куќи
се со урнати покриви.

30
00:02:20,960 --> 00:02:23,520
Од јагленарниците
растат дрвја.

31
00:02:24,919 --> 00:02:26,240
Што се случи?

32
00:02:30,360 --> 00:02:33,599
Не успеав да го запознаам
дедо ми Луиџи.

33
00:02:35,080 --> 00:02:37,560
Баба ми Чезира
беше столб на семејството.

34
00:02:38,520 --> 00:02:41,599
Памтам жена облечена во црно
што ја викав баба.

35
00:02:42,639 --> 00:02:43,879
Во нејзиниот стар дом

36
00:02:45,199 --> 00:02:47,599
сфатив дека
пред да стане баба,

37
00:02:47,919 --> 00:02:49,599
баба ми била Чезира,

38
00:02:49,680 --> 00:02:50,960
млада и убава.

39
00:02:51,479 --> 00:02:53,639
Била посакувана и сакана.

40
00:02:58,280 --> 00:02:59,919
Прекрасна шамија.

41
00:03:01,000 --> 00:03:02,000
Во Угетера чув

42
00:03:02,080 --> 00:03:06,120
дека жените од Пиемонт носеле
посебни престилки и шамии за работа.

43
00:03:07,520 --> 00:03:09,080
Беше во Угетера?

44
00:03:12,159 --> 00:03:13,960
Речиси ништо не останало.

45
00:03:14,039 --> 00:03:16,280
Ти донесов се што најдов.

46
00:03:23,039 --> 00:03:24,680
Сакавте да имате земја?

47
00:03:25,400 --> 00:03:27,840
Да, земјата ни беше се.

48
00:03:27,919 --> 00:03:29,800
Од земјата живеевме.

49
00:03:31,840 --> 00:03:33,199
Бевме гладни за земја.

50
00:03:33,879 --> 00:03:37,479
Жртвувавме се за да купиме
малку земја.

51
00:03:38,120 --> 00:03:40,800
Во Угетера немаше многу земја.

52
00:03:41,159 --> 00:03:43,560
Полињата беа стрмни
и расфрлани.

53
00:03:44,280 --> 00:03:46,080
Каков беше Луиџи?

54
00:03:46,960 --> 00:03:48,039
Ах, Луиџи...

55
00:03:49,280 --> 00:03:51,080
Беше убав маж.

56
00:03:51,159 --> 00:03:52,080
Стамен.

57
00:03:52,719 --> 00:03:53,639
Силен.

58
00:03:54,639 --> 00:03:55,960
Со прекрасни раце.

59
00:04:00,599 --> 00:04:03,319
Во тоа време, сиромашните
не беа парталави.

60
00:04:04,080 --> 00:04:05,759
Не питачеа за пари.

61
00:04:06,439 --> 00:04:08,680
Живееја скромно
и беа задоволни.

62
00:04:09,840 --> 00:04:10,759
Ајде, Антонио!

63
00:04:11,919 --> 00:04:12,840
Разбуди се.

64
00:04:15,199 --> 00:04:16,120
Џузепе!

65
00:04:16,720 --> 00:04:19,000
Луиџи беше второ од 11-те деца.

66
00:04:19,879 --> 00:04:20,800
Тато, разбуди се!

67
00:04:21,360 --> 00:04:22,279
Ајде, мамо!

68
00:04:23,720 --> 00:04:24,639
Единаесет деца?

69
00:04:27,120 --> 00:04:29,279
Насекаде имаше деца.

70
00:04:29,839 --> 00:04:31,759
Земјата е добра.
Може да ја јадеш.

71
00:04:32,439 --> 00:04:36,160
Нозете на децата им беа изгребани
од јазење по дрвја

72
00:04:36,240 --> 00:04:39,160
барајќи гнезда. Само така
можеа да каснат месо.

73
00:04:39,519 --> 00:04:41,839
Дома, кога ги угостувавме саканите,

74
00:04:41,920 --> 00:04:43,279
им варевме кафе.

75
00:04:46,319 --> 00:04:47,360
Многу јако кафе.

76
00:04:47,680 --> 00:04:49,439
Имаш исти раце како Луиџи.

77
00:05:03,240 --> 00:05:05,000
Извонредно, Луиџи.

78
00:05:05,839 --> 00:05:06,759
Добар е.

79
00:05:08,279 --> 00:05:09,600
Што јадевте?

80
00:05:15,680 --> 00:05:16,879
Во Угетера

81
00:05:18,000 --> 00:05:19,600
јадевме тоа што имаше.

82
00:05:19,680 --> 00:05:21,680
Мајката правеше
качамак со млеко,

83
00:05:21,759 --> 00:05:24,040
а таткото им даваше да јадат
со виљушки

84
00:05:24,399 --> 00:05:25,839
за да се отцеди млекото.

85
00:05:27,480 --> 00:05:29,319
Но сето тоа е минато.

86
00:05:29,959 --> 00:05:31,360
Зошто прашуваш?

87
00:05:31,800 --> 00:05:33,879
Сакав да одам во Италија
со тато

88
00:05:33,959 --> 00:05:36,560
да ги чујам вашите приказни
за Угетера,

89
00:05:37,759 --> 00:05:39,079
да ве распрашам.

90
00:05:39,759 --> 00:05:41,360
Одеа ли децата на школо?

91
00:05:42,240 --> 00:05:45,759
Школото доаѓаше по работата
на полињата, по сезонските работи.

92
00:05:54,279 --> 00:05:55,439
Морам да сметам!

93
00:05:56,560 --> 00:05:57,639
Смирете се, деца!

94
00:06:00,560 --> 00:06:02,759
Ни Луиџи не одел на школо?

95
00:06:02,839 --> 00:06:04,800
Антони, глупаку!

96
00:06:06,319 --> 00:06:07,800
Понекогаш одеше.

97
00:06:07,879 --> 00:06:10,600
Знаеше малку да пишува,
колку за документите.

98
00:06:11,279 --> 00:06:13,040
Но многу сакаше да учи.

99
00:06:14,360 --> 00:06:16,920
Јас го научив малку француски.

100
00:06:22,839 --> 00:06:24,199
Градат куќа?

101
00:06:28,560 --> 00:06:31,600
Ќе направиме убава, голема,
цврста куќа.

102
00:06:31,680 --> 00:06:32,600
Секако!

103
00:06:33,160 --> 00:06:35,879
Дома сите живеевме во една соба.

104
00:06:36,439 --> 00:06:38,759
Спиевме во шталата
преку цела година.

105
00:07:06,079 --> 00:07:09,439
Луѓето, се раѓаа, живееја
и умираа во шталите.

106
00:07:22,360 --> 00:07:24,560
Не ви помагаа градоначалникот
или попот?

107
00:07:24,920 --> 00:07:26,360
Попот...

108
00:07:28,000 --> 00:07:32,439
За да им биде наклонет, луѓето
му даваа на попот дел од родот.

109
00:07:33,600 --> 00:07:36,480
Ниту еден поп не умрел од глад
во Угетера.

110
00:07:39,079 --> 00:07:41,120
Заврти ја рачката под масата.

111
00:07:46,120 --> 00:07:49,560
Што е за право, поповите
отсекогаш управувале со селата.

112
00:07:52,959 --> 00:07:56,680
Ако не ти ја благослови куќата,
ќе те прогласи за безбожник.

113
00:07:57,360 --> 00:08:01,040
Ако си жена, ќе каже дека си вештерка,
маѓосница.

114
00:08:02,160 --> 00:08:03,959
И луѓето му веруваа.

115
00:08:06,439 --> 00:08:08,199
Се плашеа од маѓосници.

116
00:08:11,199 --> 00:08:14,040
Селаните ги избегнуваа
тие кутри жени.

117
00:08:15,399 --> 00:08:17,920
Беа во очајна ситуација.

118
00:08:18,000 --> 00:08:21,279
Ги обвинуваа за сите проблеми,,
бури, град,

119
00:08:21,360 --> 00:08:23,399
слаби жетви, болести,
несреќи,

120
00:08:23,720 --> 00:08:26,279
деца што умираа...
Сето тоа беше нивна вина.

121
00:08:30,560 --> 00:08:35,000
А попот дозволуваше озборување.
И го поттикнуваше празноверието.

122
00:08:43,120 --> 00:08:44,879
Што најде, Џузепе?

123
00:08:45,639 --> 00:08:46,559
Види!

124
00:08:47,039 --> 00:08:48,120
Мандолина.

125
00:08:50,840 --> 00:08:53,960
Играј, играј, играј!

126
00:08:59,960 --> 00:09:01,320
Дојди да видиш.

127
00:09:04,679 --> 00:09:05,600
Играј, играј!

128
00:09:06,879 --> 00:09:08,519
Ајде, играј!

129
00:09:10,360 --> 00:09:11,600
Играј, играј, играј!

130
00:09:15,120 --> 00:09:17,440
- Ова е вистинска крава?
- Не е вистинска.

131
00:09:17,519 --> 00:09:18,799
Баш е убава и дебела.

132
00:09:19,159 --> 00:09:21,919
Крава што не дава млеко.

133
00:09:22,000 --> 00:09:23,759
Каде ја најде, Луиџи?

134
00:09:24,159 --> 00:09:25,799
Во кутијата.

135
00:09:26,679 --> 00:09:29,039
Краво, дај млеко.

136
00:09:29,120 --> 00:09:31,279
Но таа е само играчка.

137
00:09:33,120 --> 00:09:34,960
Господ со вас...

138
00:09:35,840 --> 00:09:37,679
И со вашиот дух.

139
00:09:43,919 --> 00:09:45,960
Нема да ја преживееме зимата.

140
00:09:46,039 --> 00:09:48,679
Ќе гладуваме. За јадење имаме
само костени.

141
00:09:48,759 --> 00:09:51,320
Да тргнеме пред снегот
да го завее преминот.

142
00:09:51,399 --> 00:09:52,639
Спремете се!

143
00:09:53,120 --> 00:09:56,799
Немаат доволоно храна за сите,
а зимата наближува.

144
00:09:58,600 --> 00:10:01,679
- Прати им компири.
- Само еден.

145
00:10:02,480 --> 00:10:03,720
Еве, дај им го.

146
00:10:10,639 --> 00:10:13,120
- Може уште еден?
- Не.

147
00:10:13,200 --> 00:10:16,039
Види, веќе им се наполнија
стомаците.

148
00:10:16,879 --> 00:10:18,080
Еден ден, едно момче

149
00:10:19,399 --> 00:10:22,039
најде тенџере полно
со варени компири.

150
00:10:22,480 --> 00:10:24,440
Јадеше и јадеше...

151
00:10:26,480 --> 00:10:27,480
Халуцинира.

152
00:10:28,240 --> 00:10:29,639
Стомакот му се поду.

153
00:10:30,440 --> 00:10:32,799
Другар му го предупреди:
"Може да умреш."

154
00:10:32,879 --> 00:10:36,000
И така заврши.
Мртов, со компир во устата.

155
00:10:37,440 --> 00:10:39,840
Сите имавме слаби стомаци.

156
00:10:47,320 --> 00:10:48,919
Дома немаше работа.

157
00:10:49,399 --> 00:10:52,919
Секоја зима, пред снегот, половина
од луѓето одеа во Франција.

158
00:10:55,000 --> 00:10:58,480
Оџачари, собирачи на отпад,
скелеџии, чевлари...

159
00:10:59,440 --> 00:11:01,600
Италијанците вршеа
најтешки работи.

160
00:11:50,200 --> 00:11:53,000
Еве што вели овој
француски весник:

161
00:11:53,919 --> 00:11:58,080
"Италијанскиот работник е познат
по својата флексибилност.

162
00:11:58,159 --> 00:12:00,320
Може да работи
се што сакаме.

163
00:12:00,399 --> 00:12:03,200
Овие работници
немаат достоинство.

164
00:12:03,279 --> 00:12:04,840
Издржуваат се.

165
00:12:04,919 --> 00:12:08,679
Почнуваат со работа кога ќе го
чујат ѕвончето, со главите надолу."

166
00:12:19,120 --> 00:12:20,480
Колку убава вечер.

167
00:12:21,120 --> 00:12:22,639
Јас сум уште гладен.

168
00:12:28,240 --> 00:12:29,840
Сака некој од вас да работи?

169
00:12:30,519 --> 00:12:31,440
Да.

170
00:12:36,440 --> 00:12:37,519
Спиете до доцна?

171
00:12:38,559 --> 00:12:39,600
Не.

172
00:12:40,240 --> 00:12:41,240
Пушите?

173
00:12:41,879 --> 00:12:42,799
Не.

174
00:12:44,440 --> 00:12:45,559
Имате документи?

175
00:12:46,120 --> 00:12:47,039
Да.

176
00:12:49,919 --> 00:12:51,200
Имате лопати и копачи?

177
00:12:51,879 --> 00:12:52,799
Да.

178
00:12:55,799 --> 00:12:57,720
Бидете спремни утре рано сабајле.

179
00:12:58,039 --> 00:13:00,120
Невозможно. Што да правиме
со децата?

180
00:13:00,840 --> 00:13:04,039
Децата отидоа во Барселонет,
во Провансалските Алпи

181
00:13:04,720 --> 00:13:06,559
на неделниот пазар за деца.

182
00:13:07,320 --> 00:13:10,879
Секогаш имаше 300-400 момчиња
и девојчиња од 10 до 12 години.

183
00:13:12,240 --> 00:13:14,399
До 10 часот наутро
пазарот беше празен.

184
00:13:14,720 --> 00:13:16,360
Сите деца беа најмени.

185
00:13:16,440 --> 00:13:17,840
Ужасно!

186
00:13:18,759 --> 00:13:19,679
Да.

187
00:13:20,120 --> 00:13:21,919
Но така беше.

188
00:13:23,000 --> 00:13:25,879
На Луиџи не му се допаѓаше,
но сите така работеа.

189
00:13:39,120 --> 00:13:41,120
Еве ти, ѕверу!

190
00:13:41,440 --> 00:13:44,200
Антонио! Глупаку!

191
00:13:49,440 --> 00:13:50,399
Збогум, малечко.

192
00:13:51,279 --> 00:13:52,360
Чувај се.

193
00:13:53,720 --> 00:13:54,639
Збогум.

194
00:13:56,120 --> 00:13:57,159
Збогум, Луиџи!

195
00:13:58,320 --> 00:14:00,080
Збогум! Збогум, деца!

196
00:14:02,679 --> 00:14:04,000
Каде уште одеа?

197
00:14:04,360 --> 00:14:07,440
Каде што имаше работа.
Швајцарија, Франција.

198
00:14:08,120 --> 00:14:11,039
Како да немаше планини меѓу нас.

199
00:14:11,759 --> 00:14:13,759
Ископаа тунел под Монте Визо.

200
00:14:13,840 --> 00:14:14,759
Дупката под Визо.

201
00:14:15,159 --> 00:14:16,120
Луиџи беше таму.

202
00:14:16,519 --> 00:14:18,279
Побарај во кутијата.

203
00:14:23,639 --> 00:14:24,919
Ја најде?

204
00:14:27,919 --> 00:14:29,559
Го гледаш Луиџи?

205
00:14:30,960 --> 00:14:32,240
Тој со шапката.

206
00:14:33,919 --> 00:14:36,759
Велиш, тројцата браќа
добиле работа.

207
00:14:36,840 --> 00:14:38,639
Но кога и каде?

208
00:14:38,720 --> 00:14:41,879
Околу 1899-1900 година.

209
00:14:42,799 --> 00:14:45,679
Беа ангажирани на изградбата
на Симплон.

210
00:14:46,440 --> 00:14:49,080
Железнички тунел меѓу Италија
и Швајцарија.

211
00:14:50,639 --> 00:14:53,840
Како успеа да направиш
толкави дупки на чорапите?

212
00:14:54,919 --> 00:14:57,320
Велиш, работеле на Симплон.

213
00:14:57,399 --> 00:14:59,039
Да, тунелот Симплон

214
00:14:59,360 --> 00:15:00,799
беше огромен проект.

215
00:15:00,879 --> 00:15:04,320
Пред да го прокопаат,
мораа да направат пат.

216
00:15:04,399 --> 00:15:06,320
За два дена ги поминаа планините.

217
00:15:07,240 --> 00:15:09,320
Луиџи, Џузепе и Антонио
почнаа.

218
00:15:22,039 --> 00:15:24,240
Ова е сирената за ручек?

219
00:15:32,919 --> 00:15:34,360
Отидоа жабарите.

220
00:15:35,919 --> 00:15:38,120
Можеа барем да не предупредат.

221
00:15:38,559 --> 00:15:40,559
- Секако.
- Што беше тоа?

222
00:15:42,600 --> 00:15:44,519
Зошто не отиде во Америка?

223
00:15:44,600 --> 00:15:46,559
Таму доларите растат на дрвја.

224
00:15:58,600 --> 00:16:01,960
Луиџи имаше 20 години,
Џузепе 18, Антонио 17.

225
00:16:03,039 --> 00:16:05,519
Татко ми работеше на Симплон
како надзорник.

226
00:16:06,039 --> 00:16:08,399
Понекогаш одев да го видам.

227
00:16:11,399 --> 00:16:12,960
Така го запознав Луиџи.

228
00:16:15,279 --> 00:16:17,200
Ми се допадна штом го видов.

229
00:16:20,360 --> 00:16:21,480
Тоа беше судбина.

230
00:17:41,000 --> 00:17:43,799
Моите не беа одушевени
од тој брак.

231
00:17:44,799 --> 00:17:48,599
Луиџи беше од планините,
а ние од долината.

232
00:17:49,880 --> 00:17:51,960
Барем да беше оттука...

233
00:17:52,039 --> 00:17:53,960
Но тој е од онаму горе.

234
00:17:54,039 --> 00:17:56,240
Таму ќе живееш?

235
00:17:56,319 --> 00:17:57,400
Мајка ми се жалеше.

236
00:17:57,799 --> 00:18:00,519
Што ќе јадете?
Празна супа?

237
00:18:06,960 --> 00:18:07,880
На здравје!

238
00:18:21,119 --> 00:18:23,000
Стомакот ќе ми пукне!

239
00:18:24,400 --> 00:18:25,640
Со нашата заштеда,

240
00:18:25,720 --> 00:18:27,799
со Луиџи отидовме
кај златарот.

241
00:18:28,160 --> 00:18:30,079
Ми рече: "Избери што сакаш."

242
00:18:33,000 --> 00:18:34,880
Избрав скромно.

243
00:18:35,799 --> 00:18:38,960
Мислев на иднината
и на нашиот заеднички интерес.

244
00:18:39,559 --> 00:18:43,319
Прекрасен златен гердан
и сребрен џебен саат.

245
00:18:43,960 --> 00:18:46,880
И златната бурма
што веќе се истенчи од работа.

246
00:18:48,039 --> 00:18:50,079
- Види!
- Прекрасно!

247
00:19:00,279 --> 00:19:01,640
Гладен сум како волк.

248
00:19:02,440 --> 00:19:04,160
Ќе спиеш на масата.

249
00:19:08,319 --> 00:19:10,079
Јадењето е готово!

250
00:19:13,359 --> 00:19:14,279
Време за јадење!

251
00:19:19,920 --> 00:19:21,079
Готово!

252
00:19:27,160 --> 00:19:29,839
Вечерва направив њоки
со супа од домати.

253
00:19:41,200 --> 00:19:43,160
Фармерот добива пари
еднаш годишно,

254
00:19:44,000 --> 00:19:46,240
но работникот добива
неделна плата.

255
00:19:46,680 --> 00:19:48,519
Градежните работи се опасни.

256
00:19:49,319 --> 00:19:51,519
Дупките ги наполнија со камења.

257
00:19:51,599 --> 00:19:54,119
Брзаа зашто ги плаќаа
по одработеното.

258
00:19:57,960 --> 00:19:59,279
Семејството растеше.

259
00:20:00,359 --> 00:20:01,279
Ме фати страв.

260
00:20:24,400 --> 00:20:26,039
- Кој е повреден?
- Италијанец.

261
00:20:26,720 --> 00:20:27,839
Петтиот од сабајле.

262
00:20:31,039 --> 00:20:32,799
Ајде, на работа, побрзо!

263
00:20:48,680 --> 00:20:52,039
- Кафето ќе ве расони.
- Баш е јако.

264
00:20:54,160 --> 00:20:58,039
Кога го завршија патот,
Луиџи работеше во тунелот.

265
00:20:58,119 --> 00:20:59,759
Понекогаш работеа и ноќе.

266
00:20:59,839 --> 00:21:01,039
Тежок живот.

267
00:21:01,119 --> 00:21:02,960
Беше задушливо и жешко.

268
00:21:04,119 --> 00:21:06,559
Кога ќе налетаа на жила,
ги поплавуваше.

269
00:21:07,240 --> 00:21:10,279
Водата можеше да биде мраз ладна
или жешка.

270
00:21:10,359 --> 00:21:11,920
Што ќе правиме, Луиџи?

271
00:21:14,000 --> 00:21:16,680
Ќе им покажеме како работиме
во Пиемонт.

272
00:21:17,319 --> 00:21:18,880
Инженерот ќе биде задоволен.

273
00:21:52,440 --> 00:21:53,799
Подарок од Чезира?

274
00:21:54,400 --> 00:21:56,200
За да не ги валкате ракавите.

275
00:21:58,400 --> 00:21:59,559
Вака е почисто.

276
00:22:03,839 --> 00:22:06,400
Нашата ќерка се роди
во Швајцарија,

277
00:22:06,480 --> 00:22:08,000
во подножјето на Симплон.

278
00:22:08,640 --> 00:22:10,799
Решивме да и дадеме
француско име.

279
00:22:10,880 --> 00:22:12,160
Ја крстивме Мари-Сесил.

280
00:22:12,599 --> 00:22:14,400
Прекрасна е!

281
00:22:14,480 --> 00:22:16,440
Дојди кај тато, Мари-Сесил.

282
00:22:16,519 --> 00:22:18,519
И еден ден, работата беше завршена.

283
00:22:20,160 --> 00:22:22,319
Ќе се вратиме во Италија,
во Угетера.

284
00:22:22,880 --> 00:22:24,759
Ќе ми го запознаеш семејството.

285
00:22:26,319 --> 00:22:30,599
Луиџи беше како оние гулаби
што секогаш се враќаат дома.

286
00:22:40,319 --> 00:22:41,240
Артуро!

287
00:22:45,119 --> 00:22:46,039
Костанца!

288
00:22:46,839 --> 00:22:47,759
Алчиде!

289
00:22:51,720 --> 00:22:52,640
Луиџи!

290
00:22:53,440 --> 00:22:56,319
Деца мои, се вративте!

291
00:22:56,400 --> 00:22:58,079
Милиот мој Луиџи!

292
00:23:02,680 --> 00:23:03,599
Чезира.

293
00:23:04,519 --> 00:23:05,440
Мари-Сесил.

294
00:23:05,880 --> 00:23:07,000
Јас сум Костанца.

295
00:23:07,559 --> 00:23:08,480
Која е оваа?

296
00:23:10,240 --> 00:23:11,160
Луиза!

297
00:23:11,880 --> 00:23:16,160
Луиза. Татко и замина за Америка,
мајка и почина.

298
00:23:16,240 --> 00:23:17,359
Ја прифатија.

299
00:23:18,680 --> 00:23:20,720
Џузепе чудно се однесува.

300
00:23:22,720 --> 00:23:25,559
Прво имавме храна
и малку заштедени пари.

301
00:23:27,480 --> 00:23:29,359
Би рекла дека чиниите се полни.

302
00:23:42,000 --> 00:23:43,319
Храната не е играчка!

303
00:23:51,519 --> 00:23:52,480
И ја делиме.

304
00:23:53,519 --> 00:23:56,160
Само наминав да ве поздравам.
Се е во ред?

305
00:23:58,279 --> 00:24:00,240
Господ нека е со вас...

306
00:24:00,720 --> 00:24:02,759
И со вашиот дух.

307
00:24:03,279 --> 00:24:04,720
Каков арамија!

308
00:24:07,519 --> 00:24:10,880
Луиџи беше единствениот
кој го прозре попот.

309
00:24:13,559 --> 00:24:15,359
Сите одиме на работа.

310
00:24:15,960 --> 00:24:17,960
Тоа е најважно.

311
00:24:26,920 --> 00:24:28,079
Панталони по мерка!

312
00:24:28,400 --> 00:24:29,359
За тебе, мамо.

313
00:24:32,240 --> 00:24:33,160
Ме сака,

314
00:24:33,720 --> 00:24:34,640
не ме сака,

315
00:24:35,680 --> 00:24:36,599
ме сака,

316
00:24:37,000 --> 00:24:37,920
не ме сака,

317
00:24:38,599 --> 00:24:39,720
ме сака,

318
00:24:39,799 --> 00:24:40,720
не ме сака...

319
00:24:44,319 --> 00:24:45,240
Ме сака.

320
00:24:46,480 --> 00:24:47,400
Ме сака!

321
00:24:53,000 --> 00:24:54,559
Пошта! Пошта!

322
00:24:56,599 --> 00:24:58,359
Но не работеа долго.

323
00:25:02,279 --> 00:25:05,759
Поштарот го прочита писмото.
"Славен ден за Италија."

324
00:25:06,200 --> 00:25:08,160
Чао. Луиџи!

325
00:25:09,119 --> 00:25:12,880
Во 1911 година
отидоа во војна во Африка.

326
00:25:16,119 --> 00:25:18,279
Еден, два, три, четири...

327
00:25:18,359 --> 00:25:20,400
Што знаевме ние за војната?

328
00:25:21,000 --> 00:25:22,920
Ништо. Врска немавме.

329
00:25:24,119 --> 00:25:27,400
Рекоа дека е ситна работа
што брзо ќе се реши.

330
00:25:28,240 --> 00:25:31,079
Еден офицер ги предупреди,
но не го послушаа.

331
00:25:31,160 --> 00:25:32,480
Мислеа дека се шегува.

332
00:25:33,519 --> 00:25:37,079
Во Сиракуза ги натоварија
на стар брод како добиток.

333
00:25:37,160 --> 00:25:40,160
Лебарки и вошки
ги нападна и ги измачуваа.

334
00:25:40,480 --> 00:25:43,759
Бродот ги истури несреќниците
полни со вошки во Либија.

335
00:25:48,359 --> 00:25:49,640
А дома, некој ја вршеше

336
00:25:50,000 --> 00:25:50,920
машката работа.

337
00:26:02,720 --> 00:26:03,799
Внимавај!

338
00:26:03,880 --> 00:26:04,920
Џузепина!

339
00:26:05,000 --> 00:26:06,799
- Полека!
- Помош!

340
00:26:10,759 --> 00:26:11,680
О, Боже!

341
00:26:14,519 --> 00:26:15,559
Кутрата таа.

342
00:26:18,440 --> 00:26:20,039
Сакав да викнам доктор,

343
00:26:21,440 --> 00:26:24,359
но немавме пари. Ќе требаше
да ја продадеме кравата.

344
00:26:25,039 --> 00:26:29,720
Во Угетера, исцелителот
вадеше заби и лекуваше скршеници.

345
00:26:30,039 --> 00:26:32,640
Тој беше и лекар и хирург...
Се.

346
00:26:43,319 --> 00:26:46,079
На Џузепина и беше лошо.
Имаше болки.

347
00:26:47,200 --> 00:26:49,680
Можеби маѓосницата има лек.

348
00:26:52,000 --> 00:26:55,400
И маѓосницата беше на умирање,
но не можеше да умре додека

349
00:26:55,480 --> 00:26:58,359
некој не ја фати за рака
за да ги прими моќите.

350
00:26:58,440 --> 00:26:59,839
Не, не сакам.

351
00:27:00,519 --> 00:27:01,640
Ни јас!

352
00:27:01,720 --> 00:27:03,400
Чезира, фати ја за рака!

353
00:27:05,519 --> 00:27:07,559
Ни јас не ја сакам нејзината моќ.

354
00:27:26,960 --> 00:27:28,240
Маѓосницата умре.

355
00:27:30,880 --> 00:27:32,200
Исто и Џузепина.

356
00:27:41,119 --> 00:27:43,000
Кога врнеше снег,
луѓето велеа:

357
00:27:43,079 --> 00:27:45,279
"Среќни се тие што имаат
леб и качамак."

358
00:27:50,599 --> 00:27:54,279
Секоја зима моравме да го чистиме
снегот од патот.

359
00:27:54,359 --> 00:27:57,119
Сите села праќаа
доброволци.

360
00:28:06,799 --> 00:28:08,200
Уште не е време.

361
00:28:09,279 --> 00:28:10,880
Мислам на нашите мажи.

362
00:28:13,839 --> 00:28:17,920
Чезира, песната вели:
"Триполи, убава земја на љубовта,

363
00:28:18,359 --> 00:28:19,519
Волшебна земја,

364
00:28:20,559 --> 00:28:22,720
Ќе бидете славни Италијанци."

365
00:28:23,440 --> 00:28:25,000
Како не!

366
00:28:25,319 --> 00:28:27,960
Песок имаше во нашите
садови за јадење и пиење,

367
00:28:28,960 --> 00:28:31,519
песок во очите и во воздухот
што го дишевме.

368
00:28:32,000 --> 00:28:33,559
Водата беше солена.

369
00:28:35,119 --> 00:28:36,720
Бедуините беа поразени.

370
00:28:37,359 --> 00:28:38,279
Антонио!

371
00:28:40,839 --> 00:28:41,759
Антонио!

372
00:28:48,000 --> 00:28:50,559
Меѓу нашите луѓе имаше
илјадници жртви.

373
00:28:55,759 --> 00:28:58,240
Ние бевме од непозната дестинација.

374
00:29:07,359 --> 00:29:08,519
Тато!

375
00:29:20,039 --> 00:29:20,960
Ида.

376
00:29:21,640 --> 00:29:22,680
Прекрасна е.

377
00:29:23,440 --> 00:29:24,559
Дојди кај тато, Ида!

378
00:29:28,759 --> 00:29:31,160
Антонио имаше 19 години.

379
00:29:51,200 --> 00:29:54,319
Еден, два, три, четири, пет...

380
00:29:55,119 --> 00:29:57,759
Еден, два, три, четири, пет...

381
00:29:59,079 --> 00:30:00,279
Внимавајте, деца!

382
00:30:16,519 --> 00:30:18,519
Ќе имам уште едно дете.

383
00:30:18,599 --> 00:30:20,480
Не знам како ќе го нахраниме.

384
00:30:21,240 --> 00:30:23,599
Не разбирам.
Зборувај италијански, Луиџи!

385
00:30:27,559 --> 00:30:29,960
Во тоа време, луѓето сакаа
да се дружат.

386
00:30:30,039 --> 00:30:32,200
Забавите во шталите беа вообичаени.

387
00:30:33,359 --> 00:30:35,839
Смеењето и пеењето
не беа скапи.

388
00:30:38,720 --> 00:30:41,200
По Либија, Џузепе зборуваше
само за љубов.

389
00:30:41,960 --> 00:30:44,480
Тој и Луиза брзаа да се венчаат.

390
00:31:14,200 --> 00:31:16,039
Како ќе нахранам
уште едно дете?

391
00:31:20,799 --> 00:31:21,720
Џото!

392
00:31:22,519 --> 00:31:23,960
Викни помош!

393
00:31:30,119 --> 00:31:31,759
Остави ме на мира!

394
00:31:36,039 --> 00:31:37,079
Добро, си одам.

395
00:31:45,079 --> 00:31:46,000
Застани, арамијо!

396
00:31:48,880 --> 00:31:49,799
А, ти си.

397
00:31:51,480 --> 00:31:52,400
Ирма.

398
00:31:53,880 --> 00:31:55,000
Прекрасно бебе!

399
00:31:55,920 --> 00:31:57,039
Дојди кај тато,
Ирма.

400
00:31:59,200 --> 00:32:00,759
Човеков е луд.

401
00:32:03,200 --> 00:32:04,559
Пошта!

402
00:32:05,599 --> 00:32:08,359
Добрите времиња не траеја долго.

403
00:32:08,440 --> 00:32:09,519
Во 1915 година,

404
00:32:09,599 --> 00:32:11,599
нова војна пак ни ги зеде мажите.

405
00:32:13,599 --> 00:32:16,440
Секогаш селаните ги праќаа во војна.

406
00:32:16,519 --> 00:32:19,559
Тие беа послушни и не бараа многу,

407
00:32:21,680 --> 00:32:23,680
Иако неволно заминаа.

408
00:32:24,000 --> 00:32:26,400
Многумина се правеа болни
за да не одат.

409
00:32:26,480 --> 00:32:28,200
Пиеја чај од тутун

410
00:32:28,519 --> 00:32:30,359
и ставаа чудни работи во ушите.

411
00:32:30,759 --> 00:32:31,920
Некои и умреа од тоа.

412
00:32:41,000 --> 00:32:42,880
Мојата долина е кај Монте Визо.

413
00:32:45,279 --> 00:32:46,440
Таму ми е селото,

414
00:32:48,279 --> 00:32:49,759
таму ми се децата.

415
00:32:51,680 --> 00:32:53,079
Таму е Чезира.

416
00:33:02,200 --> 00:33:03,799
Работев како маж.

417
00:33:04,440 --> 00:33:05,640
Си помислив,

418
00:33:06,519 --> 00:33:07,720
ова нема крај.

419
00:33:11,119 --> 00:33:14,079
Џузепе, што правиш?
Врати се, Џузепе!

420
00:33:23,839 --> 00:33:27,440
Писмата на Луиза до Џузепе
беа полни со лаги.

421
00:33:29,039 --> 00:33:32,279
Му пишуваше дека се добро,
дека жетвата била обилна,

422
00:33:32,359 --> 00:33:33,720
дека работата е лесна.

423
00:33:35,359 --> 00:33:38,240
А Џузепе и одговараше
со други лаги.

424
00:33:38,640 --> 00:33:41,240
Војничкиот живот е рај.

425
00:33:42,039 --> 00:33:45,000
Јадеме месо.
Далеку сме од борбите.

426
00:33:46,240 --> 00:33:48,279
Пошта!

427
00:33:55,440 --> 00:33:59,400
Чезира, во рововите

428
00:33:59,480 --> 00:34:02,480
многу страдаме.
Веќе не чувствуваме ни глад.

429
00:34:04,440 --> 00:34:07,640
Одиме во напад како кози на сол.

430
00:34:07,720 --> 00:34:11,079
Луѓето излегуваат од рововите
кажувајќи молитви.

431
00:34:11,159 --> 00:34:12,679
Гинат како муви.

432
00:34:14,000 --> 00:34:15,840
Живееме под земја како кртови.

433
00:34:16,719 --> 00:34:17,920
Ова е вистински пекол.

434
00:34:45,239 --> 00:34:46,760
Џузепе!

435
00:35:12,039 --> 00:35:16,360
Во 1918 година, шпанската треска
уби повеќе луѓе отколку војната.

436
00:35:17,079 --> 00:35:20,360
Во Угетера, половина семејство
настрада од болеста.

437
00:35:27,920 --> 00:35:30,239
Џузепе имаше 20 години кога почина.

438
00:35:32,559 --> 00:35:33,519
Што да кажам?

439
00:35:34,280 --> 00:35:37,280
По толку многу луѓе жалевме
што ни пресушија солзите.

440
00:35:38,960 --> 00:35:39,920
Мари-Сесил!

441
00:35:40,800 --> 00:35:41,719
Ида!

442
00:35:42,199 --> 00:35:43,119
Ирма!

443
00:35:44,480 --> 00:35:45,400
Нино!

444
00:35:48,760 --> 00:35:50,960
Децата не го препознаа.

445
00:35:58,400 --> 00:36:00,280
Луиџи не можеше да спие 4 месеци.

446
00:36:08,400 --> 00:36:09,480
Нино.

447
00:36:09,559 --> 00:36:12,719
Прекрасно име.

448
00:36:15,800 --> 00:36:19,000
За време на војната
некои луѓе се збогатија.

449
00:36:19,559 --> 00:36:20,480
Ние не.

450
00:36:21,599 --> 00:36:23,079
Ние бевме шворц.

451
00:36:27,599 --> 00:36:29,679
Чезира, да одиме во Америка.

452
00:36:30,199 --> 00:36:32,960
Ќе работам во рудниците
во Мичиген, ти ќе шиеш.

453
00:36:35,400 --> 00:36:39,039
Таму доларите растат на дрво.
Само треба да ги набереш.

454
00:36:39,840 --> 00:36:41,239
Америка!

455
00:36:41,880 --> 00:36:43,199
Ла Америка!

456
00:36:46,239 --> 00:36:49,519
Ги продадовме златниот гердан
и сребрениот џебен саат.

457
00:36:49,599 --> 00:36:51,880
Купивме машина за шиење.
Најдобрата.

458
00:36:52,280 --> 00:36:56,280
На првиот брод ни беа работите,
Ние требаше да одиме со вториот.

459
00:37:05,239 --> 00:37:06,920
Останавме без ништо.

460
00:37:16,400 --> 00:37:20,960
Се качивме на воз со Италијанаци
кои одеа на работа во Ариеж.

461
00:37:38,880 --> 00:37:41,280
Се сместивме во едно село
во долината.

462
00:37:41,760 --> 00:37:44,960
На школо децата го открија
францускиот јазик.

463
00:37:45,039 --> 00:37:46,960
Прво што научија беше

464
00:37:47,039 --> 00:37:48,840
"куче макаронско".

465
00:37:49,920 --> 00:37:51,760
Гледајте во пилето!

466
00:37:55,280 --> 00:37:59,079
Колку вкупно деца имавте?

467
00:38:00,280 --> 00:38:03,920
- Мари-Сесил се роди во Швајцарија.
- Ида, Ирма и Нино во Италија.

468
00:38:04,000 --> 00:38:05,800
А во Франција добивме уште три.

469
00:38:06,519 --> 00:38:08,039
Им дадовме француски имиња.

470
00:38:08,360 --> 00:38:11,480
Марсел, Венсан, татко ти,
и Рене.

471
00:38:17,920 --> 00:38:18,840
И тој рече:

472
00:38:19,679 --> 00:38:22,880
"Слушај ме добро.
Ти простувам,

473
00:38:23,639 --> 00:38:26,239
но заколни се дека
нема да правиш штети,

474
00:38:27,199 --> 00:38:28,119
ниту мене

475
00:38:29,039 --> 00:38:30,039
ниту на моите деца

476
00:38:30,599 --> 00:38:34,280
или ќе ти ја пикнам главата
во зовриена вода."

477
00:38:37,199 --> 00:38:39,559
Кажи ни уште една
страшна приказна, тато.

478
00:38:39,639 --> 00:38:41,199
Во тоа време, вештерките...

479
00:38:41,280 --> 00:38:43,760
Се гледаше дека Луиџи беше среќен.

480
00:38:45,920 --> 00:38:47,360
Мора да одиш.

481
00:38:49,199 --> 00:38:50,199
Следниот.

482
00:38:56,719 --> 00:38:57,639
Италијанец?

483
00:38:58,320 --> 00:38:59,400
Да.

484
00:38:59,719 --> 00:39:01,840
- Имаш документи?
- Да.

485
00:39:02,159 --> 00:39:03,960
- Зборуваш француски?
- Да.

486
00:39:04,039 --> 00:39:05,239
- Знаеш да ѕидаш?
- Да.

487
00:39:05,559 --> 00:39:06,480
Покажи ми.

488
00:39:10,840 --> 00:39:12,320
Ти ќе бидеш ѕидар.

489
00:39:12,400 --> 00:39:13,320
Следниот.

490
00:39:17,760 --> 00:39:19,079
Гледајте во пилето!

491
00:39:21,440 --> 00:39:22,639
Што се случи?

492
00:39:38,159 --> 00:39:40,440
Нино, Марсел! Престанете!
Веднаш!

493
00:39:43,159 --> 00:39:44,079
Не!

494
00:39:48,639 --> 00:39:51,000
Ален, погрижи се за татко ти.

495
00:39:53,039 --> 00:39:56,079
Еве, тато. Играј си ѕидар
со мистријата и смири се.

496
00:40:07,880 --> 00:40:09,840
На Франција и требаа работници.

497
00:40:10,360 --> 00:40:12,239
Италијанците беа многу барани.

498
00:40:12,320 --> 00:40:13,800
Еве што пишува во весникот:

499
00:40:15,039 --> 00:40:18,760
"Речиси сите италијански работници
се од мали села во Алпите.

500
00:40:19,440 --> 00:40:23,679
Навикнати се на височини,
студ и ветер.

501
00:40:24,719 --> 00:40:29,159
Италијанските работници
воопшто не ги интересира политика."

502
00:40:30,159 --> 00:40:33,840
Политика? Само за тоа зборуваа
на градилиштата.

503
00:40:33,920 --> 00:40:36,199
Фашизмот почна да фаќа корења.

504
00:40:36,519 --> 00:40:40,400
Во италијанските села сите
гадови, од амбиција или интерес,

505
00:40:40,480 --> 00:40:41,519
станаа фашисти.

506
00:40:42,000 --> 00:40:44,519
Тие само сакаа да наредуваат.

507
00:40:44,599 --> 00:40:46,840
Ми ја запалија куќата среде зима.

508
00:40:47,280 --> 00:40:49,599
Види ми ги лузните на главата.

509
00:40:50,320 --> 00:40:52,239
Мене се ми украдоа.

510
00:40:54,039 --> 00:40:56,679
Полицијата ги поддржува.

511
00:40:58,519 --> 00:41:00,679
- Добро утро, момци.
- Добро утро.

512
00:41:01,440 --> 00:41:05,119
Луиџи и работниците беа сместени
во бараки на градилиштето,

513
00:41:05,199 --> 00:41:07,239
изградени пред да почнат работите.

514
00:41:07,320 --> 00:41:10,840
Според управата,
тоа биле цврсти градби

515
00:41:10,920 --> 00:41:13,360
да ги штитат работниците
од ветер и студ.

516
00:41:18,119 --> 00:41:20,320
На француските фабрики
им треба струја.

517
00:41:21,079 --> 00:41:22,119
На југозападот,

518
00:41:22,440 --> 00:41:25,760
браната Изор беше средиштето
на инфраструктурата.

519
00:41:31,079 --> 00:41:32,039
О, Угето!

520
00:41:37,800 --> 00:41:39,880
Ни требаат работници.
Ќе ни најдеш?

521
00:41:39,960 --> 00:41:42,159
Можам да најдам,
во Италија.

522
00:41:48,480 --> 00:41:49,559
Јас бев
против тоа.

523
00:41:49,639 --> 00:41:50,880
Не сакав да оди.

524
00:41:51,199 --> 00:41:54,639
Се плашев дека фашистите
ќе го затворат, ќе го убијат...

525
00:41:58,119 --> 00:42:02,519
Луѓето бегаа од фашизмот во Италија
и одеа на работа во Франција.

526
00:42:03,639 --> 00:42:05,280
Луиџи ги наоѓаше насекаде.

527
00:42:06,480 --> 00:42:07,920
Ангажираше се што можеше.

528
00:42:10,639 --> 00:42:12,199
Здраво, Луиџи.

529
00:42:12,280 --> 00:42:13,639
Потоа отиде дома.

530
00:42:13,719 --> 00:42:15,360
Ти си богат, синко.

531
00:42:15,440 --> 00:42:18,360
Во Угетера имаше еден фашистички гад

532
00:42:18,440 --> 00:42:20,880
кој го тероризираше целиот крај.

533
00:42:21,199 --> 00:42:23,280
Сам си земаше, исто како попот.

534
00:42:23,599 --> 00:42:24,719
Смири се, Луиџи.

535
00:42:27,079 --> 00:42:31,360
Фашизмот не значи само
рицинусово масло и пендреци.

536
00:42:39,039 --> 00:42:39,960
Види, тато.

537
00:42:40,800 --> 00:42:41,880
Види ми ја земјата.

538
00:42:47,239 --> 00:42:48,639
Многу добро.

539
00:42:51,320 --> 00:42:54,159
Тогаш за последен пат
го видов татко ми.

540
00:42:54,480 --> 00:42:56,360
Не знаев како да се збогувам.

541
00:43:15,000 --> 00:43:17,000
Тој фашист, тој гад,

542
00:43:17,599 --> 00:43:20,559
отиде кај Џузепе
да ја силува Луиза.

543
00:43:22,159 --> 00:43:23,519
Полека...

544
00:43:31,880 --> 00:43:33,280
Срам да ти е!

545
00:43:35,239 --> 00:43:36,760
Што направи?

546
00:43:37,400 --> 00:43:39,800
Скриј ја пушката.
Дојди во Франција.

547
00:43:40,519 --> 00:43:41,440
Гони се!

548
00:43:46,840 --> 00:43:48,840
Изутрината, во Угетера

549
00:43:48,920 --> 00:43:51,840
дојдоа двајца фашистички
офицери да истражат.

550
00:43:57,280 --> 00:43:59,199
Ѕидовите се од картон.

551
00:44:04,119 --> 00:44:05,679
Ова е обична играчка!

552
00:44:06,400 --> 00:44:07,679
Рицинусово масло?

553
00:44:07,760 --> 00:44:09,400
Не им треба.

554
00:44:23,199 --> 00:44:24,679
Тука сите се луди.

555
00:44:30,000 --> 00:44:31,840
Помош! Заклучена сум тука!

556
00:44:32,320 --> 00:44:33,400
Да си одиме.

557
00:44:33,480 --> 00:44:34,920
Кога заминуваа, рекоа:

558
00:44:35,400 --> 00:44:39,159
"Партијата не сака кога
граѓаните ќе почнат да убиваат.

559
00:44:39,239 --> 00:44:42,440
Попрво ќе не прати да загинеме
во несреќа при лов.

560
00:44:42,519 --> 00:44:44,920
Божја волја и сите се среќни.

561
00:44:50,360 --> 00:44:51,599
Опасно е.

562
00:45:03,679 --> 00:45:05,000
На оружје!

563
00:45:24,519 --> 00:45:26,719
Се спасивме!

564
00:45:26,800 --> 00:45:28,320
Да живее слободата!

565
00:45:30,639 --> 00:45:31,719
Знаеш да кренеш ѕид?

566
00:45:32,599 --> 00:45:33,719
Покажи ми.

567
00:45:56,239 --> 00:45:57,639
Општи работници,
обајцата.

568
00:45:58,280 --> 00:46:00,280
Луиџи, ти ќе бидеш надзорник.

569
00:46:01,559 --> 00:46:04,920
Некои работници сакаа
да го подмитат за да ги прими,

570
00:46:06,519 --> 00:46:10,239
Ти! Ако го земам твојот подарок,
треба да те вработам тебе,

571
00:46:10,559 --> 00:46:11,639
но не и другите?

572
00:46:12,639 --> 00:46:14,400
Земи си го зајакот и бегај.

573
00:46:16,400 --> 00:46:19,800
Првата надзорничка плата
ја потроши на подароци.

574
00:46:20,719 --> 00:46:22,800
Гледајте во пилето!

575
00:46:22,880 --> 00:46:25,039
Лаже. Не гледам никакво пиле.

576
00:46:31,960 --> 00:46:33,000
Дојде докторот.

577
00:46:33,079 --> 00:46:37,159
Рече: "Без гајле, треска е,
ќе помине."

578
00:46:39,239 --> 00:46:41,440
Чезира, зошто плачеш?

579
00:46:42,800 --> 00:46:43,719
Поради Ида?

580
00:46:47,000 --> 00:46:48,719
Немаше ни 17 години.

581
00:47:06,239 --> 00:47:10,559
Доаѓаа фашистички калуѓерки
да шират пропаганда

582
00:47:10,639 --> 00:47:12,360
меѓу италијанските работници.

583
00:47:14,880 --> 00:47:16,760
Велеа, во името на Мусолини

584
00:47:17,239 --> 00:47:20,400
мора да ја сакате Италија
повеќе од се друго.

585
00:47:20,480 --> 00:47:21,920
Една дури му рече
на Луиџи:

586
00:47:22,559 --> 00:47:25,719
"Не заборавај дека си пораснал
на лебот на Мусолини."

587
00:47:27,679 --> 00:47:29,000
Јас сум од Пиемонт.

588
00:47:29,079 --> 00:47:32,239
Италија е на Мусолини,
но Франција ме храни.

589
00:47:32,880 --> 00:47:35,119
Затоа ја сакам повеќе
од Италија.

590
00:47:36,440 --> 00:47:37,360
Смртта на Ида,

591
00:47:38,719 --> 00:47:41,920
фашистички калуѓерки...
Луиџи не можеше повеќе да издржи.

592
00:47:42,480 --> 00:47:46,480
Чувме за голем проект
во Женисиа, во Горна Савоја.

593
00:47:47,320 --> 00:47:48,400
Заминавме.

594
00:48:06,199 --> 00:48:08,280
Со Луиџи заминувавме
многупати.

595
00:48:09,000 --> 00:48:10,360
Но овојпат беше поинаку.

596
00:48:11,239 --> 00:48:14,760
Луиџи молчеше, но знаев
дека нема да се врати во Италија.

597
00:48:16,559 --> 00:48:18,000
И знаев дека и тој знае.

598
00:48:20,760 --> 00:48:22,599
{\an8}ЗАБРАНЕТО ЗА ИТАЛИЈАНЦИ
И КУЧИЊА

599
00:48:25,360 --> 00:48:27,239
Зошто го напишале ова?

600
00:48:28,920 --> 00:48:29,960
Зошто?

601
00:48:30,960 --> 00:48:33,920
Се плашат дека кучињата
ќе ги каснат Италијанците.

602
00:48:34,440 --> 00:48:36,159
Затоа бараат да не влегуваме.

603
00:48:37,079 --> 00:48:38,199
За да не не каснат.

604
00:48:38,679 --> 00:48:40,679
Италијанците
не се плашат од кучиња.

605
00:48:41,000 --> 00:48:42,079
Ние сакаме кучиња!

606
00:48:42,679 --> 00:48:44,119
Ајде, деца, одиме!

607
00:48:44,199 --> 00:48:45,960
Не чека уште многу пат.

608
00:48:47,519 --> 00:48:50,760
Изнајмивме куќа до градилиштето.

609
00:48:51,159 --> 00:48:52,559
Со сета наша заштеда

610
00:48:52,639 --> 00:48:54,679
ја купивме земјата околу неа.

611
00:48:55,280 --> 00:48:56,239
Земја...

612
00:48:56,639 --> 00:48:57,679
Се беше наше.

613
00:48:59,400 --> 00:49:00,840
Франција со радост

614
00:49:01,320 --> 00:49:02,920
го славеше Народниот Фронт.

615
00:49:04,159 --> 00:49:07,400
А ние нашата земја
ја нарековме "Рај".

616
00:49:08,719 --> 00:49:12,000
Не зашто беше таква, туку
зашто требаше да стане рај.

617
00:49:13,440 --> 00:49:15,119
Доволно страдавме.

618
00:49:20,239 --> 00:49:22,719
Деца, не го фаќајте ова.

619
00:49:23,119 --> 00:49:25,079
Саатот е душата на куќата.

620
00:49:28,760 --> 00:49:29,920
Да јадеме!

621
00:49:31,400 --> 00:49:33,880
{\an8}РАЈ

622
00:49:34,239 --> 00:49:36,920
На Луиџи му се оствари сонот.

623
00:49:37,679 --> 00:49:39,280
Сега беше земјопоседник.

624
00:49:39,920 --> 00:49:40,840
Падроне.

625
00:49:44,119 --> 00:49:47,519
Чезира, ќе ни направиш
од твоето ризото?

626
00:49:49,639 --> 00:49:50,800
Ја гледам браната!

627
00:49:55,599 --> 00:49:57,360
Слези, будала!

628
00:49:57,679 --> 00:49:59,800
Замолчи, куче макаронско!

629
00:50:00,119 --> 00:50:01,320
Ти си макаронски!

630
00:50:01,400 --> 00:50:03,239
Јас сум роден во Франција.

631
00:50:05,400 --> 00:50:08,000
Во предградијата
главен настан е

632
00:50:08,679 --> 00:50:11,480
Големата трка низ Франција

633
00:50:11,800 --> 00:50:14,719
Уживаме во секоја етапа

634
00:50:14,800 --> 00:50:17,800
Секој има свој фаворит
во кого се надева

635
00:50:18,119 --> 00:50:21,159
Но тркачите мора
добро да се потрудат

636
00:50:21,239 --> 00:50:24,039
Да ја сочуваат надежта во победа

637
00:50:35,360 --> 00:50:37,559
- Татко ми пораснал.
- Од качамакот му е.

638
00:50:37,639 --> 00:50:39,480
Го јаде секој ден, како леб.

639
00:50:41,719 --> 00:50:43,239
Малку надесно...

640
00:50:49,239 --> 00:50:50,519
Малку налево...

641
00:50:53,239 --> 00:50:55,000
Спуштај полека.

642
00:50:57,559 --> 00:50:58,480
Заврти!

643
00:51:00,119 --> 00:51:01,039
Заврти!

644
00:51:02,039 --> 00:51:03,320
Што сакаш?

645
00:51:04,679 --> 00:51:06,639
Заврти! На другата страна!

646
00:51:07,000 --> 00:51:10,119
Луиџи среди да го вработат
Венсан на градилиштето.

647
00:51:10,199 --> 00:51:11,360
Кога ќе заврти?

648
00:51:11,679 --> 00:51:12,599
Што зборува овој?

649
00:51:12,960 --> 00:51:14,199
Венсан имаше 16 год.

650
00:51:14,280 --> 00:51:15,800
Што сакаш?

651
00:51:17,199 --> 00:51:18,599
Аман од Италијанциве!

652
00:51:22,360 --> 00:51:23,280
Вака!

653
00:51:24,280 --> 00:51:25,800
Зошто не кажа?

654
00:51:27,920 --> 00:51:28,960
Завртка 12 мм.

655
00:51:30,920 --> 00:51:32,800
Стегни ја јако.

656
00:51:33,599 --> 00:51:35,559
Дај ми завртка!

657
00:51:37,559 --> 00:51:39,639
Стави "мутер" за да држи подобро.

658
00:51:39,960 --> 00:51:40,880
Чекан!

659
00:51:42,360 --> 00:51:45,119
- Немам.
- Кај мене бил. Еве...

660
00:52:03,119 --> 00:52:05,320
Марсел, Ирма, Мари-Сесил,
дојдете!

661
00:52:15,559 --> 00:52:17,920
Види, мамо. Ги сомлевме
зрната кафе.

662
00:52:21,559 --> 00:52:24,039
Каде ми е лонецот за качамак?

663
00:52:26,719 --> 00:52:29,079
Кој ми го зел?

664
00:52:43,519 --> 00:52:45,800
Следниот пат ќе пееме

665
00:52:46,719 --> 00:52:48,960
Кога ќе зреат црешите

666
00:52:50,079 --> 00:52:51,079
Ах, тој Венсан!

667
00:52:51,440 --> 00:52:54,119
Рацете му се како алатки.

668
00:52:58,599 --> 00:53:00,280
Што правиш, Венсан?

669
00:53:00,719 --> 00:53:01,840
Ќе видиш вечерва.

670
00:53:08,760 --> 00:53:09,679
Спремни?

671
00:53:10,159 --> 00:53:11,400
Ајде!

672
00:53:23,039 --> 00:53:24,039
Сакам да читам!

673
00:53:24,679 --> 00:53:26,519
Тргни се, ќе правам њоки.

674
00:53:42,559 --> 00:53:43,800
Здраво! Има некого?

675
00:53:46,760 --> 00:53:48,800
Можеа да ми остават нешто
за јадење.

676
00:53:57,280 --> 00:53:59,000
Девојчињата веќе пораснаа.

677
00:54:00,880 --> 00:54:03,280
Им беше време
да си изберат мажи.

678
00:54:10,199 --> 00:54:12,440
Наеднаш, куќата се испразни.

679
00:54:33,119 --> 00:54:35,559
Што има? Си играте со храната?

680
00:54:51,239 --> 00:54:52,800
Косон е шампион!

681
00:54:57,400 --> 00:54:59,159
Ќе ти пуштам музика.

682
00:54:59,239 --> 00:55:00,440
Убава музика.

683
00:55:04,440 --> 00:55:06,760
Не сакам кога работи во тишина.

684
00:55:18,559 --> 00:55:21,719
Во овие моменти се решава
судбината на Европа.

685
00:55:23,039 --> 00:55:27,320
Франција ни зборува низ гласовите
на сите оние

686
00:55:27,400 --> 00:55:31,599
кои, доколку е потребно,
се спремни на најголеми жртви.

687
00:55:33,320 --> 00:55:34,960
- Ќе има војна?
- Не.

688
00:55:35,039 --> 00:55:38,280
Доста војуваа.
Ќе се договорат.

689
00:55:43,960 --> 00:55:47,280
Како и илјадници други,
во јуни,1939 година, и ние

690
00:55:47,639 --> 00:55:49,199
набрзина
се натурализиравме.

691
00:55:49,719 --> 00:55:51,400
Сега сите бевме Французи.

692
00:55:52,199 --> 00:55:54,239
Луиџи стана Луи.

693
00:55:55,239 --> 00:55:56,440
Нино, имаш писмо!

694
00:55:59,320 --> 00:56:00,280
Жерар?

695
00:56:00,679 --> 00:56:01,599
Нино!

696
00:56:05,280 --> 00:56:07,480
Не, сега се викам Жерар.

697
00:56:10,039 --> 00:56:12,159
Повредата на Нино
долго зараснуваше.

698
00:56:16,000 --> 00:56:19,599
Нашите војници и францускиот народ
се согласија...

699
00:56:22,760 --> 00:56:23,760
Нино!

700
00:56:25,719 --> 00:56:28,199
Времето поминуваше,
но Нино не помина.

701
00:56:34,039 --> 00:56:35,239
Имаше 23 години.

702
00:56:51,199 --> 00:56:55,199
Женисиа беше на границата меѓу
слободната и окупираната зона.

703
00:56:59,039 --> 00:57:03,719
За да избега од присилна работа
во Германија, Венсан отиде во илегала.

704
00:57:03,800 --> 00:57:04,960
Влезе во Отпорот.

705
00:57:05,480 --> 00:57:07,880
Ако те фатат, готово е.
Извади ја иглата.

706
00:57:12,199 --> 00:57:13,440
И јас сакам во борба.

707
00:57:17,679 --> 00:57:18,960
Ајде, врти таму.

708
00:57:19,679 --> 00:57:23,360
Мајките на војниците
што искусиле војна би можеле

709
00:57:23,440 --> 00:57:26,000
да убијат се. Фашисти,
Германци, генерали...

710
00:57:26,320 --> 00:57:28,000
Би ги задавиле.

711
00:57:29,320 --> 00:57:30,480
Зборува Лондон!

712
00:57:31,199 --> 00:57:34,000
Прво да ги чуеме
личните пораки.

713
00:57:34,519 --> 00:57:36,840
Габриел останува анонимна.

714
00:57:37,519 --> 00:57:39,880
Едноракиот човек ја гушка.

715
00:57:41,039 --> 00:57:42,719
На 10 јуни, 1940 година,

716
00:57:43,159 --> 00:57:45,360
Италија и објави војна
на Франција.

717
00:57:46,400 --> 00:57:49,159
Фашистите нападнаа неколку
француски департмани.

718
00:57:49,760 --> 00:57:51,480
Кога се приближија
до нашиот рај

719
00:57:52,159 --> 00:57:53,639
срцата ни запреа.

720
00:57:59,159 --> 00:58:00,559
Француската Влада

721
00:58:01,039 --> 00:58:02,599
побара примирје

722
00:58:03,320 --> 00:58:05,480
и сега ги знае условите
наметнати

723
00:58:05,880 --> 00:58:07,119
од непријателот.

724
00:58:09,559 --> 00:58:11,800
Според тие услови

725
00:58:11,880 --> 00:58:13,920
француската територија

726
00:58:14,000 --> 00:58:15,920
ќе потпадне под контрола

727
00:58:16,639 --> 00:58:18,519
на Германија и Италија.

728
00:58:23,440 --> 00:58:24,360
Венсан!

729
00:58:30,119 --> 00:58:33,880
Проваливме во фабриката Нестле.
Испраќаа храна за Минхен.

730
00:58:33,960 --> 00:58:35,639
Крадевме без дилема.

731
00:58:35,719 --> 00:58:38,159
Ќе ти приготвам убав качамак.

732
00:58:43,320 --> 00:58:44,920
Венсан, скриј се во подрумот.

733
00:58:59,920 --> 00:59:00,840
Тргнете се!

734
00:59:04,400 --> 00:59:05,880
Криете терористи?

735
00:59:10,239 --> 00:59:11,360
Немате светло тука?

736
00:59:12,840 --> 00:59:14,239
Кој беше тоа?

737
00:59:19,880 --> 00:59:21,039
Застанете покрај ѕидот!

738
00:59:21,519 --> 00:59:22,599
Ајде!

739
00:59:25,599 --> 00:59:27,000
Никој да не мрднал.

740
00:59:30,039 --> 00:59:31,280
Што е ова?

741
00:59:31,840 --> 00:59:34,199
Французите не се дисциплинирани.

742
00:59:34,280 --> 00:59:36,800
Види какви работи чуваат.

743
00:59:44,159 --> 00:59:45,559
Ќе се вратиме.

744
01:00:00,639 --> 01:00:02,239
Доаѓаат италијански авиони!

745
01:00:30,199 --> 01:00:31,320
Рене!

746
01:00:43,840 --> 01:00:47,119
Колку убава недела

747
01:00:48,199 --> 01:00:50,719
Повели, убава мамо

748
01:00:51,079 --> 01:00:53,480
Букет бели рози

749
01:00:54,440 --> 01:00:57,360
Зашто многу ги сакаш

750
01:00:57,880 --> 01:00:58,920
Кога ќе пораснам

751
01:01:01,119 --> 01:01:02,320
Ќе одам во продавница

752
01:01:04,719 --> 01:01:07,199
И ќе ги купам сите бели рози

753
01:01:08,199 --> 01:01:11,320
За тебе, убава мамо

754
01:01:14,679 --> 01:01:16,159
Една вечер,

755
01:01:16,239 --> 01:01:18,599
Луиџи осети грутка во стомакот.

756
01:01:26,880 --> 01:01:28,519
Имаш прекрасни раце, момче.

757
01:01:34,960 --> 01:01:39,360
Луиџи, мојот италијански дедо,
почина на 6 септември, 1942 година.

758
01:01:40,119 --> 01:01:41,599
Имаше 63 години.

759
01:01:43,199 --> 01:01:45,199
Погребан е во рајот.

760
01:02:08,320 --> 01:02:11,239
И така заврши
нашата италијанска приказна.

761
01:02:11,639 --> 01:02:13,880
Од град во град
низ Франција,

762
01:02:13,960 --> 01:02:15,480
Чезира одеше со нас.

763
01:02:18,400 --> 01:02:22,039
Венсан, мојот татко, се ожени
со Жан што ја запозна во војната,

764
01:02:22,119 --> 01:02:23,320
Влезе во синдикатот

765
01:02:23,920 --> 01:02:28,159
и продолжи да работи како
патувачки градежен работник.

766
01:02:32,119 --> 01:02:35,920
Ние, децата, се родивме и пораснавме
во успешната Франција.

767
01:02:36,679 --> 01:02:38,559
Франција што се обновуваше,

768
01:02:39,159 --> 01:02:43,960
Франција полна со коли, машини
за перење, тостери, пластични маси,

769
01:02:44,519 --> 01:02:47,280
телевизори и модерни пејачи.

770
01:03:01,920 --> 01:03:04,400
Чезира, ти недостига Италија?

771
01:03:06,559 --> 01:03:10,239
Знаеш, човек не потекнува
од земја,

772
01:03:10,320 --> 01:03:11,960
човек потекнува од детството.

773
01:03:15,639 --> 01:03:18,039
Кога осети дека и се ближи крајот,

774
01:03:18,119 --> 01:03:20,239
Чезира посака да се врати
во рајот.

775
01:03:49,679 --> 01:03:52,280
Чезира почина на 11 август,
1962 година.

776
01:03:53,440 --> 01:03:54,599
Имаше 76 години.

777
01:04:03,000 --> 01:04:05,360
Кога ги допирам алатите
на дедо ми,

778
01:04:05,840 --> 01:04:07,679
ги познавам потезите на татко ми.

779
01:04:31,719 --> 01:04:35,639
МЕДИЈАТРАНСЛЕЈШНС



