1
00:00:02,000 --> 00:00:07,000
Downloaded from
YTS.MX

2
00:00:08,000 --> 00:00:13,000
Official YIFY movies site:
YTS.MX

3
00:00:22,226 --> 00:00:23,894
Здраво, ова е бесплатен повик од...

4
00:00:26,605 --> 00:00:29,229
<i>...затвореник на Окружниот затвор
на шерифот на Денвер.</i>

5
00:00:29,317 --> 00:00:30,396
ИЛАЈЏА МЕКЛЕИН

6
00:00:30,484 --> 00:00:32,900
Овој повик е предмет на снимање и надзор.

7
00:00:32,987 --> 00:00:36,987
<i>За да го прифатите повикот,
притиснете еден. За да го одбиете...</i>

8
00:00:37,075 --> 00:00:38,113
Ало?

9
00:00:38,201 --> 00:00:41,161
Здраво, "Фонд за слобода, Колорадо".
Како да ви помогнам?

10
00:00:41,828 --> 00:00:43,619
Се обидувам да излезам, госпоѓо.

11
00:00:43,706 --> 00:00:44,956
Баба ми е болна.

12
00:00:45,833 --> 00:00:47,330
Минав тежок период.

13
00:00:47,417 --> 00:00:50,501
<i>Се прашував дали има начин
вие да ми помогнете.</i>

14
00:00:50,588 --> 00:00:53,841
<i>Не сакам да ја изгубам баба ми
додека сум тука.</i>

15
00:00:54,884 --> 00:00:58,424
Жал ми е, г. Мекги. Колку ви е кауцијата?

16
00:00:58,512 --> 00:01:01,640
<i>Имам кауција од 10 000 долари
и од 5 000 долари.</i>

17
00:01:02,724 --> 00:01:06,020
Имате ли работник таму во затворот
што ви помага или социјален работник?

18
00:01:06,437 --> 00:01:09,353
Имав адвокат по службена должност.

19
00:01:09,440 --> 00:01:14,946
<i>Се откажа од случајот
бидејќи случајот не е голем.</i>

20
00:01:17,572 --> 00:01:21,739
СЕКОЈ ДЕН ВО АМЕРИКА, 350 000 ЛУЃЕ
НЕОСУДЕНИ ЗА ЗЛОЧИН СЕДАТ ВО ЌЕЛИИ

21
00:01:21,827 --> 00:01:27,292
САМО ЗАТОА ШТО НЕ МОЖАТ
ДА ЈА ПЛАТАТ КАУЦИЈАТА.

22
00:01:28,083 --> 00:01:33,088
КАКО СЕ ОСЛОБОДИВМЕ

23
00:01:35,800 --> 00:01:38,261
ДЕНВЕР, КОЛОРАДО

24
00:01:38,636 --> 00:01:39,595
Еј, добро утро.

25
00:01:41,138 --> 00:01:43,553
Рече имаш некого
од Окружниот затвор во Џеферсон?

26
00:01:43,640 --> 00:01:47,144
Да, имам. За неа и порано сме плаќале.

27
00:01:47,811 --> 00:01:50,519
Млада, би рекла. Триесетина години.

28
00:01:50,606 --> 00:01:51,565
Во ред.

29
00:01:52,692 --> 00:01:54,027
Кауцијата е 5 000 долари.

30
00:01:55,153 --> 00:01:57,697
Во ред, значи четири кауции за Денвер.

31
00:01:58,488 --> 00:02:00,987
Една за Ел Пасо, а можеби и уште една.

32
00:02:01,074 --> 00:02:02,113
ЕЛИЗАБЕТ ЕПС

33
00:02:02,200 --> 00:02:03,239
Да.

34
00:02:03,326 --> 00:02:06,455
Една за Арапахо и една за Џеферсон?

35
00:02:06,998 --> 00:02:10,246
<i>Ја ажурирав Пејн во базата
на податоци бидејќи има две...</i>

36
00:02:10,334 --> 00:02:15,377
Моментално држам во рака две писма од неа

37
00:02:15,465 --> 00:02:18,091
од затворот во Денвер.
- Во ред, мила. Се слушаме, чао.

38
00:02:21,846 --> 00:02:25,475
Некој ме барал
од затворот во Арапахо во 8:42...

39
00:02:27,060 --> 00:02:30,063
Некој се јавил во 7:01,
но сум го пропуштила.

40
00:02:32,023 --> 00:02:34,441
Се надевам дека ќе се јават пак бидејќи...

41
00:02:36,319 --> 00:02:41,282
...често не добиваат шанса за друг повик.

42
00:02:42,657 --> 00:02:45,531
Ќе почекам пред да скокнам под туш
бидејќи обично

43
00:02:45,619 --> 00:02:46,621
се јавуваат повторно.

44
00:02:52,418 --> 00:02:56,668
<i>Денес во Америка има повеќе луѓе
што чекаат судење во затвор</i>

45
00:02:56,756 --> 00:02:59,425
<i>одошто осуденици што издржувале казна
пред 40 години.</i>

46
00:03:00,343 --> 00:03:03,883
<i>Најдовме нови работи да криминализираме,
нови прекршоци,</i>

47
00:03:03,970 --> 00:03:08,059
<i>нови начини да ги ставиме сиромашните
и имигрантите и децата во притвор.</i>

48
00:03:12,604 --> 00:03:15,650
Ајпедот, лаптопот...

49
00:03:17,443 --> 00:03:22,739
<i>Сум била уапсена, во затвор,
пред судењето и по пресудата.</i>

50
00:03:24,241 --> 00:03:27,412
<i>Завршив правен факултет
и сакав да го искористам знаењето.</i>

51
00:03:29,664 --> 00:03:33,204
<i>Гледав луѓе што не можеа
да платат кауција и признаваа вина</i>

52
00:03:33,291 --> 00:03:35,169
<i>иако беа невини,
само за да излезат од затвор.</i>

53
00:03:35,878 --> 00:03:38,756
Животот ме насочи на оваа патека.

54
00:03:39,381 --> 00:03:42,714
Не планирав, ама, ете, излезе дека,

55
00:03:42,802 --> 00:03:44,090
во оваа година од животот

56
00:03:44,177 --> 00:03:47,014
ќе работам и управувам со фонд за кауции.

57
00:03:52,978 --> 00:03:54,856
Окружниот затвор на шерифот на Денвер.

58
00:03:55,355 --> 00:03:59,189
<i>Овој повик е предмет на снимање
и надзор. За да го прифатите повикот,</i>

59
00:03:59,277 --> 00:04:00,648
притиснете еден.

60
00:04:00,736 --> 00:04:02,818
Добро утро, "Фонд за слобода, Колорадо".

61
00:04:02,905 --> 00:04:04,570
Се јавувам заради информации.

62
00:04:04,657 --> 00:04:06,950
Затворен сум во Денвер.

63
00:04:07,534 --> 00:04:11,826
<i>Имам кауција од 1 000 долари.
Се обидувам да ја активирам кауцијата...</i>

64
00:04:11,913 --> 00:04:15,289
Да, г. Чавес, ако ја намалите на 500,
ќе ви ја платиме.

65
00:04:15,376 --> 00:04:16,501
Во ред.

66
00:04:16,878 --> 00:04:20,502
<i>Затвореник од Окружниот затвор
на шерифот на Денвер.</i>

67
00:04:20,590 --> 00:04:24,089
Тука сум четири недели. Дури за три недели

68
00:04:24,177 --> 00:04:25,299
ќе ми изречат пресуда.

69
00:04:25,386 --> 00:04:26,512
Колку ви е кауцијата?

70
00:04:27,305 --> 00:04:29,348
Па, 2 000 долари, само во кеш...

71
00:04:30,057 --> 00:04:32,513
Овој повик е предмет на снимање и надзор.

72
00:04:32,601 --> 00:04:34,724
Заглавен сум тука. Ќе ми помогнете?

73
00:04:34,811 --> 00:04:36,105
Ја подигнаа кауцијата?

74
00:04:36,814 --> 00:04:37,852
Да.

75
00:04:37,939 --> 00:04:41,815
Ќе се обидеме, 3000 долари е повеќе
од вообичаената сума за ваков случај.

76
00:04:41,903 --> 00:04:44,151
Јави се повторно во понеделник
и ќе ти кажам, добро?

77
00:04:44,238 --> 00:04:45,197
Во ред.

78
00:04:45,531 --> 00:04:47,116
Издржи викендов, добро?

79
00:04:49,493 --> 00:04:52,951
<i>Затвореник од Окружниот затвор
на шерифот на Денвер.</i>

80
00:04:53,039 --> 00:04:56,458
ОПИРАЈ СЕ

81
00:04:57,335 --> 00:05:01,714
<i>Кауција во кеш, теоретски, треба да добие
некој што е обвинет за злочин.</i>

82
00:05:02,048 --> 00:05:07,216
<i>Судот може да одреди сума пари што
гарантира дека лицето ќе се јави на суд.</i>

83
00:05:07,303 --> 00:05:10,431
<i>Одиш на суд, го решаваш случајот,
ти ги враќаат парите.</i>

84
00:05:11,140 --> 00:05:15,641
<i>Резултат на тоа е што сиромашните
или седат во затвор многу долго време,</i>

85
00:05:15,728 --> 00:05:18,976
<i>или се изјаснуваат за виновни
само за да завршат со тоа.</i>

86
00:05:19,064 --> 00:05:21,859
<i>Тоа нема врска со правда.
Нема врска со вина или невиност.</i>

87
00:05:23,360 --> 00:05:26,905
Сите овие писма, освен едно,
се од луѓе во притвор.

88
00:05:29,032 --> 00:05:30,071
ЗАТВОРОТ НЕ Е ФЕМИНИСТИЧКИ

89
00:05:30,158 --> 00:05:32,537
<i>Секој за кого плаќаме кауција
правно е невин.</i>

90
00:05:33,078 --> 00:05:35,159
<i>Единствената причина
што сe уште се во кафез</i>

91
00:05:35,247 --> 00:05:37,833
е што не можат да си ја платат кауцијата.

92
00:05:38,584 --> 00:05:41,212
Овој напишал:
"Слободата не е бесплатна, но вреди."

93
00:05:44,631 --> 00:05:49,177
Овој го вадиме од Џеферсон.
Овој од Денвер.

94
00:05:50,263 --> 00:05:51,677
Примаме пари како донации.

95
00:05:51,764 --> 00:05:54,263
<i>Ги користиме за да ја платиме
слободата на луѓето.</i>

96
00:05:54,350 --> 00:05:56,769
<i>Кога ќе им се реши случајот,
ги добиваме парите назад.</i>

97
00:05:58,062 --> 00:06:00,647
Ова е од г-ца Пејн,
која ќе ја земеме денес.

98
00:06:04,484 --> 00:06:08,323
Датумот, името, роденденот.
Има 25 години. Млада е.

99
00:06:09,032 --> 00:06:10,867
Адресата и' е "Мотел шест".

100
00:06:13,410 --> 00:06:16,868
"Драг 'Фонду за слобода, Колорадо',
ви пишува Кијана Мари Пејн.

101
00:06:16,955 --> 00:06:20,998
Ви благодарам за помошта и поддршката
што ни ја давате нам на затворениците.

102
00:06:21,085 --> 00:06:22,416
Еве ја мојата логистика.

103
00:06:22,503 --> 00:06:26,086
Три кауции ме делат од слобода,
5 000, 5 000 и 1 000.

104
00:06:26,174 --> 00:06:27,800
Вкупно, 11 000 долари."

105
00:06:33,221 --> 00:06:35,515
Кијана Пејн е умна и снаодлива,

106
00:06:36,142 --> 00:06:39,265
но имаше и неколку тешки години.

107
00:06:39,353 --> 00:06:42,398
Ни побара помош за плаќањето на кауцијата.

108
00:06:45,150 --> 00:06:48,692
Помнам едно од писмата.
Од некаде нашла боици

109
00:06:48,780 --> 00:06:52,820
бидејќи називот на фондот
беше напишан како виножито.

110
00:06:52,908 --> 00:06:55,823
Не знам дали сакала писмото
да и' се издвои, но се издвои

111
00:06:55,911 --> 00:06:57,037
од купот пошта.

112
00:06:57,914 --> 00:07:00,370
Штом излезе, наиде на други предизвици

113
00:07:00,458 --> 00:07:01,621
и си го пропушти судењето.

114
00:07:01,708 --> 00:07:05,170
<i>Па пак беше уапсена за непојавување
на суд, а немаше друго обвинение.</i>

115
00:07:05,504 --> 00:07:07,586
За жал, како и вообичаено,

116
00:07:07,674 --> 00:07:10,093
судот значително и' ја зголеми кауцијата.

117
00:07:16,431 --> 00:07:18,347
Како си?
- Добро. А ти?

118
00:07:18,434 --> 00:07:23,518
Добро. Немам многу денеска.
Да почнеме со Пејн.

119
00:07:23,605 --> 00:07:25,357
Во ред.

120
00:07:27,401 --> 00:07:30,613
Овој затвор е шега. Се колнам.

121
00:07:32,198 --> 00:07:33,779
Изгледа не уживал во престојот.

122
00:07:33,866 --> 00:07:36,030
Нели? Јас си мислев дека...

123
00:07:36,118 --> 00:07:38,574
Не помнам за кој округ беше.
Но барав насоки,

124
00:07:38,662 --> 00:07:39,951
гуглав

125
00:07:40,038 --> 00:07:44,247
и прво ми излезе оцена на Јелп.
Гласеше: "Не уживав

126
00:07:44,334 --> 00:07:46,670
во затворот Брумфилд."
- Така е.

127
00:07:47,212 --> 00:07:49,628
Штом ти останала смисла за хумор...

128
00:07:49,716 --> 00:07:51,295
Нели?
- ...за да отидеш на Јелп

129
00:07:51,383 --> 00:07:52,965
и да го оценуваш затворот...
- Да.

130
00:07:53,052 --> 00:07:54,633
...не ти го скршиле духот.

131
00:07:54,721 --> 00:07:56,175
Ти ги враќам овие.

132
00:07:56,263 --> 00:07:57,261
Благодарам.

133
00:07:57,348 --> 00:07:58,308
Ти благодарам.

134
00:08:04,354 --> 00:08:05,519
Благодарам.
- Нема зошто.

135
00:08:05,606 --> 00:08:07,104
Фала. Убав ден.
- Исто.

136
00:08:07,191 --> 00:08:10,486
ШЕРИФОТ
ЕЛИЈАС ДИГИНС

137
00:08:11,236 --> 00:08:16,576
Кауциите во кеш
ги ставаат обоените и сиромашните...

138
00:08:17,117 --> 00:08:18,865
ЕЛИЈАС ДИГИНС
ШЕРИФ НА ОКРУГОТ ДЕНВЕР

139
00:08:18,952 --> 00:08:22,202
...во ситуации што ги туркаат сe подлабоко

140
00:08:22,290 --> 00:08:25,414
во кривично-правниот систем.
Кога ќе влезеш во притвор,

141
00:08:25,501 --> 00:08:29,547
потребни се само 72 часа
за животот значително да ти се промени.

142
00:08:30,213 --> 00:08:35,590
Не одиш на работа.
Компанијата, или твојот шеф,

143
00:08:35,677 --> 00:08:38,764
нема долго време
да ти го чува работното место.

144
00:08:39,348 --> 00:08:43,140
Така, кога ќе излезеш од затвор,
немаш работа, нели?

145
00:08:43,227 --> 00:08:47,147
Треба да најдеш начин да се прехраниш,
а и семејството.

146
00:08:48,523 --> 00:08:51,607
Лошото е што има луѓе што влегуваат

147
00:08:51,694 --> 00:08:53,070
во кривично-правниот систем

148
00:08:53,529 --> 00:08:56,198
поради многу мали прекршоци

149
00:08:56,908 --> 00:09:00,949
и заглавуваат во тој круг.

150
00:09:01,037 --> 00:09:04,665
ОСЛОБОДЕТЕ ГИ

151
00:09:05,040 --> 00:09:06,413
Кога излегуваш од притвор

152
00:09:06,501 --> 00:09:09,958
<i>за да чекаш судење,
не мораш да признаваш вина</i>

153
00:09:10,046 --> 00:09:13,294
<i>само за да излезеш од затвор.
Можеш да си го задржиш домот,</i>

154
00:09:13,382 --> 00:09:14,630
работата,

155
00:09:14,717 --> 00:09:18,257
<i>не ти се распаѓа семејството,
се грижиш за милениците и растенијата,</i>

156
00:09:18,345 --> 00:09:21,181
што не е можно кога си во кафез.

157
00:09:24,394 --> 00:09:25,640
Госпоѓица Пејн?

158
00:09:25,727 --> 00:09:26,974
Да.

159
00:09:27,062 --> 00:09:28,434
Ги имам твоите писма.

160
00:09:28,522 --> 00:09:29,440
О, Боже.

161
00:09:30,315 --> 00:09:33,606
Неверојатно. Фала ти.

162
00:09:33,694 --> 00:09:36,527
Две добив кога отидов
во канцеларијата утрово.

163
00:09:36,614 --> 00:09:38,904
Ќе ги задржам,
но сакав да знаеш дека ги добивме.

164
00:09:38,992 --> 00:09:40,154
Во ред.

165
00:09:40,242 --> 00:09:41,368
Што ти е потребно прво?

166
00:09:42,495 --> 00:09:43,533
Работите ми се надвор.

167
00:09:43,620 --> 00:09:44,538
Во ред.

168
00:09:48,542 --> 00:09:50,377
Ви благодарам, господа. Пријатна вечер.

169
00:09:51,129 --> 00:09:53,417
Ајде да каснеш нешто.
И облечи го џемперот.

170
00:09:53,505 --> 00:09:54,507
Во ред.

171
00:09:55,174 --> 00:09:57,463
Ветрот овде доаѓа од никаде.

172
00:09:57,551 --> 00:10:00,763
Дефинитивно е попријатен
од воздухот внатре.

173
00:10:01,722 --> 00:10:03,177
Кога така гледаш на работите.

174
00:10:03,265 --> 00:10:04,762
Внатре ни велат:

175
00:10:04,850 --> 00:10:07,390
"Ако сте биле бездомни,
знаете дека овде е многу подобро."

176
00:10:07,477 --> 00:10:09,143
Се обидуваат да нe...
- Некој рекол така?

177
00:10:09,230 --> 00:10:10,731
Ох, повеќето велат така.

178
00:10:11,356 --> 00:10:16,024
"Три оброка дневно, туш.
Добро ви е тука." Така ни велат.

179
00:10:16,112 --> 00:10:18,777
Ќе си премолчам. Ајде да јадеш нешто.

180
00:10:18,865 --> 00:10:20,240
Добро.
- Добро.

181
00:10:26,496 --> 00:10:28,040
Не ми се верува дека излегов.

182
00:10:28,957 --> 00:10:30,664
Колку време беше таму?

183
00:10:30,752 --> 00:10:34,168
Па од 10 септември.

184
00:10:34,255 --> 00:10:35,798
Значи девет недели.

185
00:10:40,219 --> 00:10:41,179
Ало?

186
00:10:41,762 --> 00:10:43,051
Здраво, мамо.

187
00:10:43,139 --> 00:10:45,012
Здраво, Кијана. Што има?

188
00:10:45,099 --> 00:10:50,601
"Фондот за слобода, Колорадо",
ми помогна да излезам од затвор денес.

189
00:10:50,688 --> 00:10:51,809
Во ред, добро.

190
00:10:51,897 --> 00:10:55,772
Слободна сум до судењето. Сега одиме

191
00:10:55,860 --> 00:10:59,822
да јадеме. Ќе престојувам во "Мотел шест".

192
00:11:00,823 --> 00:11:04,572
<i>Во ред, остани во хотелот.
Не излегувај. Само седи таму.</i>

193
00:11:04,659 --> 00:11:07,287
Важи. Добро. Чао.
- Во ред. Добро. Чао.

194
00:11:08,997 --> 00:11:10,037
Многу ти благодарам.

195
00:11:10,124 --> 00:11:11,083
Нема зошто.

196
00:11:12,835 --> 00:11:16,129
Веста дека ќе излезам
ми беше музика за уши.

197
00:11:17,047 --> 00:11:18,879
Бев сексуално нападната...

198
00:11:18,967 --> 00:11:20,254
Леле, Боже.

199
00:11:20,342 --> 00:11:21,635
...во окружниот затвор.

200
00:11:22,928 --> 00:11:24,388
Жалам што не дојдов порано.

201
00:11:25,223 --> 00:11:28,558
Во ред е.
Знаеш, една од девојките ми понуди

202
00:11:29,434 --> 00:11:33,727
да се дрогираме. Ја одбив, но и' реков:
"Немам намера

203
00:11:33,815 --> 00:11:34,895
да ве накодошам.

204
00:11:34,983 --> 00:11:37,231
Само си ја служам казната. Само сум тука."

205
00:11:37,318 --> 00:11:38,315
Добро.

206
00:11:38,403 --> 00:11:42,739
Почнаа да ме издвојуваат.
Решија да ме средат и да ме пратат

207
00:11:44,117 --> 00:11:46,155
сама во амбулантата.
- Така.

208
00:11:46,243 --> 00:11:48,033
Тогаш се случи сексуалниот напад...

209
00:11:48,121 --> 00:11:50,373
Боже. Баш ми е жал.
- ...по неколку ноќи.

210
00:11:54,377 --> 00:11:55,752
Извинете што почекавте.

211
00:11:56,337 --> 00:11:58,167
Може ли број еден од менито?

212
00:11:58,255 --> 00:12:00,002
Во ред. А за тебе?

213
00:12:00,090 --> 00:12:03,631
Може шејк? Од јагода? Шејк од јагода.

214
00:12:03,719 --> 00:12:04,758
Мал или голем?

215
00:12:04,846 --> 00:12:07,426
Голем. Со шлаг, ве молам.
- Тоа ќе ти речев.

216
00:12:07,514 --> 00:12:08,929
<i>Со што?
- Шлаг.</i>

217
00:12:09,017 --> 00:12:09,934
Се разбира.

218
00:12:11,018 --> 00:12:11,978
Добро. Фала.

219
00:12:15,063 --> 00:12:19,522
Ќе те пријавам.
И да се договориме за утре.

220
00:12:19,609 --> 00:12:20,731
За да се сретнеме?

221
00:12:20,819 --> 00:12:24,027
Да, веројатно... Да видам.
- Јас ќе дојдам кај вас ако треба.

222
00:12:24,115 --> 00:12:25,863
Нели и' кажа дека нема да излегуваш?

223
00:12:25,950 --> 00:12:29,658
А, да. Ќе те чекам.
- Шегата на страна,

224
00:12:29,746 --> 00:12:31,659
сосема сериозно...

225
00:12:31,747 --> 00:12:33,954
Да.
- ...разбираш ли дека ако те соберат,

226
00:12:34,042 --> 00:12:36,330
ќе ти стават превисока кауција.

227
00:12:36,418 --> 00:12:37,833
Добро.
- Да не им ја даваме

228
00:12:37,920 --> 00:12:39,001
таа опција, добро?

229
00:12:39,088 --> 00:12:40,881
Да.
- Ќе те пријавиме...

230
00:12:42,549 --> 00:12:45,549
Запиши ми го бројот и ќе договориме
кога да се видиме утре,

231
00:12:45,637 --> 00:12:46,720
добро?
- Во ред.

232
00:12:49,932 --> 00:12:51,058
Леле, ветров.

233
00:13:16,417 --> 00:13:20,209
Многу време размислувам за работава

234
00:13:20,296 --> 00:13:22,882
и мислам што не правам доволно.

235
00:13:26,635 --> 00:13:30,555
<i>Кога го гледам списокот
и гледам колку луѓе сме извадиле,</i>

236
00:13:31,556 --> 00:13:33,977
всушност гледам уште колку луѓе се внатре.

237
00:13:42,025 --> 00:13:46,777
<i>Колку писма од луѓе на кои не можам
да им помогнам, кауцијата е превисока,</i>

238
00:13:46,864 --> 00:13:49,199
<i>или служат казна,
или поради други причини?</i>

239
00:13:50,992 --> 00:13:54,575
<i>А писмата доаѓаат адресирани
до мене. Во сите пишува:</i>

240
00:13:54,663 --> 00:13:56,331
"Драга госпоѓице Елизабет."

241
00:13:58,376 --> 00:14:01,379
Писмата често содржат мачни приказни.

242
00:14:03,797 --> 00:14:07,422
<i>Се ближат празниците
и ме преплавуваат чувства</i>

243
00:14:07,510 --> 00:14:09,716
<i>кога гледам кој нема да е дома
за Денот на благодарноста</i>

244
00:14:09,804 --> 00:14:11,426
или за Божиќ

245
00:14:11,514 --> 00:14:14,725
бидејќи постојат кауции во кеш и кафези.

246
00:14:20,148 --> 00:14:23,855
<i>На тоа гледам како мотив
да продолжам да се трудам</i>

247
00:14:23,942 --> 00:14:27,275
<i>и барам начин како да им ставиме крај
на кауциите во кеш</i>

248
00:14:27,362 --> 00:14:28,323
во Колорадо.

249
00:15:04,358 --> 00:15:09,613
Не ја помнам баш првата интеракција
со полицаец,

250
00:15:10,238 --> 00:15:14,077
но помнам интеракции со полицијата
од мала возраст.

251
00:15:14,494 --> 00:15:17,700
Ми одведуваа родител во кафез,

252
00:15:17,788 --> 00:15:21,833
или затвор. Јас не бев во неволја,
но дискутираа каде би одела.

253
00:15:23,461 --> 00:15:26,797
Тоа беа болни интеракции, сe до неодамна.

254
00:15:27,589 --> 00:15:28,920
Може да те допрам?
- Да.

255
00:15:29,007 --> 00:15:30,760
Добро, каде да те однесам?

256
00:15:31,718 --> 00:15:34,425
Септември 2015,
викендот за роденденот на Бијонсе.

257
00:15:34,513 --> 00:15:35,889
Тоа е празник во мојот дом.

258
00:15:37,974 --> 00:15:40,182
Познат и како Ден на трудот.

259
00:15:40,269 --> 00:15:43,185
Го славевме роденденот на Бијонсе
со пријателката,

260
00:15:43,272 --> 00:15:47,694
бевме на забава крај базен.
Таму беше и еден младич,

261
00:15:48,318 --> 00:15:50,738
кој беше во сериозна неволја.

262
00:15:51,822 --> 00:15:54,070
Беше видно потресен.

263
00:15:54,157 --> 00:15:57,245
Тука имаме дечко во шок.

264
00:15:57,870 --> 00:16:00,326
<i>И' реков на пријателката:
"Ајде да го провериме малиот."</i>

265
00:16:00,414 --> 00:16:02,079
Ги земам клучевите.

266
00:16:02,166 --> 00:16:05,499
Работите одеа на подобро.

267
00:16:05,586 --> 00:16:08,292
<i>И потоа дојде полицијата.
А не беше потребна.</i>

268
00:16:08,380 --> 00:16:10,838
Што бараш? Мирен. Седни овде.

269
00:16:10,925 --> 00:16:13,465
Погледни ме. Ќе ми ги даде клучевите.
Ќе те однесеме,

270
00:16:13,553 --> 00:16:14,799
види дали можеш да влезеш.

271
00:16:14,886 --> 00:16:17,009
Треба ли да влеземе?
- Всушност, готови сме.

272
00:16:17,097 --> 00:16:18,804
Нема да продолжиме да вртиме тука.

273
00:16:18,891 --> 00:16:21,390
Дали го користите базенов без дозвола?

274
00:16:21,477 --> 00:16:25,936
Навистина? Нема ли криминал
во Аурора што треба да го решавате?

275
00:16:26,024 --> 00:16:27,896
Има многу криминал,
но не сум тука за тоа.

276
00:16:27,984 --> 00:16:30,189
Ова ви е последна шанса.
- За што?

277
00:16:30,277 --> 00:16:31,362
Да го напуштите имотов.

278
00:16:32,155 --> 00:16:35,445
Поканета сум тука. Гостинка.
- Напуштете го имотов.

279
00:16:35,533 --> 00:16:38,114
<i>Следно се сеќавам дека
ме притискаат на оградата.</i>

280
00:16:38,201 --> 00:16:39,867
Не смеете.
- Што правиш?

281
00:16:39,954 --> 00:16:42,369
Тргни ги рацете од мене!

282
00:16:42,457 --> 00:16:44,245
Ајде, госпоѓо. Опуштете се.

283
00:16:44,333 --> 00:16:46,330
Да си ги земам работите.
Не сакам да сум тука.

284
00:16:46,418 --> 00:16:47,623
Сакав да го проверам дечконо.

285
00:16:47,711 --> 00:16:49,042
Добро. Опуштете се. Ве молам...

286
00:16:49,130 --> 00:16:52,508
Ми ставаат лисици и ме обвинуваат

287
00:16:53,216 --> 00:16:56,341
<i>за мешање во истрагата,
попречување, неовластено влегување.</i>

288
00:16:56,429 --> 00:16:58,180
<i>И давање отпор при апсење.
Секогаш го додаваат тоа.</i>

289
00:17:01,517 --> 00:17:02,476
Луда полиција!

290
00:17:06,189 --> 00:17:08,732
Бев осудена на 30 до 90 дена.

291
00:17:09,232 --> 00:17:11,940
Ми скратија за добро однесување,
како што го нарекуваат

292
00:17:12,028 --> 00:17:14,530
и можев да излезам по неколку недели.

293
00:17:15,906 --> 00:17:16,944
Сепак беше пекол.

294
00:17:17,032 --> 00:17:19,656
Сепак беше пекол
иако за мене се гледаше крајот.

295
00:17:19,744 --> 00:17:23,492
Ги запознав жените што беа во мојот оддел.

296
00:17:23,580 --> 00:17:27,538
Знаев за што беа обвинети.

297
00:17:27,626 --> 00:17:29,248
Ниедна не требаше да е таму.

298
00:17:29,336 --> 00:17:32,627
Однесувањето што ги имаше доведено таму

299
00:17:32,714 --> 00:17:33,632
не се поправаше со затвор.

300
00:17:34,132 --> 00:17:37,303
Јас и претходно бев аболиционист,
но тоа искуство во затворот

301
00:17:37,720 --> 00:17:39,634
ми ја продлабочи посветеноста.

302
00:17:39,721 --> 00:17:43,472
Се наоѓам кај кафезот во Арапахо.
Може да го видите зад мене.

303
00:17:43,559 --> 00:17:46,645
Тоа е влезот на местото
каде што бев затворена.

304
00:17:47,271 --> 00:17:51,818
Ја напуштам
канцеларијата за кауции каде што

305
00:17:52,777 --> 00:17:57,276
потрошивме 1 020 долари
за слободата за двајца наши соседи.

306
00:17:57,364 --> 00:18:01,365
Тешко ми е бидејќи сите жени
од мојот оддел, 2Б,

307
00:18:01,452 --> 00:18:05,790
каде бев затворена до почетокот
на месецов, сe уште се таму.

308
00:18:06,666 --> 00:18:12,088
Сега е 21:30 во убавиот Денвер, Колорадо.

309
00:18:12,713 --> 00:18:16,879
Пред затворот сум. Врне лапавица,

310
00:18:16,967 --> 00:18:19,674
снежи, а јас се враќам во затворот

311
00:18:19,761 --> 00:18:24,559
да платам 510 долари и 210 долари
за слободата на двајца соседи.

312
00:18:25,351 --> 00:18:30,227
Утрово имам четири кауции
од 500, 100 и две од по 50 долари.

313
00:18:30,315 --> 00:18:31,562
Божиќ е.

314
00:18:31,649 --> 00:18:34,313
Имаме колеги што вечерва се во Џеферсон.

315
00:18:34,401 --> 00:18:36,733
Јас одам кон Арапахо, а друг за Инглвуд.

316
00:18:36,821 --> 00:18:38,819
Кај Окружниот кафез на Арапахо сум.

317
00:18:38,906 --> 00:18:40,362
Си одиме од затворот во Денвер.

318
00:18:40,450 --> 00:18:42,535
Плативме кауција во затворот во Аурора.

319
00:18:42,951 --> 00:18:45,241
Ја купуваме слободата на луѓето,

320
00:18:45,329 --> 00:18:49,538
вклучувајќи ги и малтретираните
од локалните полицајци.

321
00:18:49,626 --> 00:18:53,250
Не можеш да ми кажеш
дека погрешно го претставувам

322
00:18:53,338 --> 00:18:56,210
тоа што го преживувам. Многу е ладно,

323
00:18:56,298 --> 00:18:59,176
а јас немам време да се објаснувам.

324
00:19:12,230 --> 00:19:15,355
<i>Се сеќавам кога почнаа,
имаа само неколку илјади долари</i>

325
00:19:15,443 --> 00:19:17,028
во "Фондот за слобода, Колорадо".

326
00:19:18,571 --> 00:19:23,700
Фондот почна да расте постепено.

327
00:19:25,078 --> 00:19:26,828
Но кога се случи она со Џорџ Флојд...

328
00:19:28,748 --> 00:19:31,704
...нивниот раст беше феноменален.

329
00:19:31,792 --> 00:19:35,713
Собраа, ако не се лажам,
преку 1,2 милиони долари.

330
00:19:36,421 --> 00:19:38,377
Должност ни е да се бориме за слободата.

331
00:19:38,465 --> 00:19:40,796
Должност ни е да се бориме за слободата.

332
00:19:40,884 --> 00:19:42,257
Должност ни е да победиме.

333
00:19:42,345 --> 00:19:44,133
Должност ни е да победиме.

334
00:19:44,221 --> 00:19:46,595
Мораме да се сакаме.
- Мораме да се сакаме.

335
00:19:46,683 --> 00:19:49,055
Да се поддржуваме.
- Да се поддржуваме.

336
00:19:49,142 --> 00:19:50,973
Немаме што да изгубиме, освен оковите.

337
00:19:51,061 --> 00:19:52,517
Немаме што да изгубиме, освен оковите.

338
00:19:52,604 --> 00:19:57,230
<i>Светот слушна за Бреона Тејлор
и Џорџ Флојд и имаше</i>

339
00:19:57,317 --> 00:20:01,735
<i>масовно апсење на демонстранти
во градовите низ земјата.</i>

340
00:20:01,823 --> 00:20:03,821
Мораме да се сакаме!
- Мораме да се сакаме!

341
00:20:03,908 --> 00:20:08,325
Денвер, Колорадо, први јуни.
Ден четврти, рунда четврта.

342
00:20:08,413 --> 00:20:09,576
Повлечете се!

343
00:20:09,664 --> 00:20:10,999
РАЦЕ ГОРЕ! НЕ ПУКАЈ!
ЦРНИТЕ ЖИВОТИ СЕ ВАЖНИ

344
00:20:11,873 --> 00:20:15,414
<i>Издаваме наредба за растурање.
Ќе бидете уапсени...</i>

345
00:20:15,502 --> 00:20:18,292
<i>Луѓето видоа што се случува
и сакаа да помогнат.</i>

346
00:20:18,380 --> 00:20:23,340
А ги видоа и овие незаконски апсења

347
00:20:23,428 --> 00:20:26,347
<i>на луѓе што демонстрираа
против уште една неправда.</i>

348
00:20:27,723 --> 00:20:29,804
Напуштете ја областа веднаш.

349
00:20:29,891 --> 00:20:32,353
<i>Се сеќавам, ја видов Елизабет
на телевизија,</i>

350
00:20:33,146 --> 00:20:36,983
на чело на протестите.

351
00:20:37,899 --> 00:20:41,732
Некој ден подоцна, излегував во холот,

352
00:20:41,820 --> 00:20:44,236
околу полноќ,

353
00:20:44,324 --> 00:20:47,075
и ја видов Елизабет таму.

354
00:20:47,660 --> 00:20:52,660
Плаќаше кауција за некого.

355
00:20:52,748 --> 00:20:57,753
Всушност, имаше пет кауции

356
00:20:59,046 --> 00:21:01,836
и ја правеше својата магија.

357
00:21:01,923 --> 00:21:04,672
Се движи многу брзо.

358
00:21:04,760 --> 00:21:07,341
И вели: "Во ред, ова се парите

359
00:21:07,429 --> 00:21:08,676
за овој, овој, овој."

360
00:21:08,764 --> 00:21:10,554
И' реков: "Здраво, како си?"

361
00:21:10,642 --> 00:21:12,973
Ми одговори: "Добро сум,
но да ти покажам нешто."

362
00:21:13,061 --> 00:21:17,814
Ми покажа каде беше погодена
од гумен куршум.

363
00:21:19,567 --> 00:21:22,569
<i>И се сеќавам дека помислив:
"Елизабет е на улица,</i>

364
00:21:23,738 --> 00:21:25,782
ги води протестите преку ден.

365
00:21:26,656 --> 00:21:30,536
А навечер е тука,
ги вади луѓето од затвор."

366
00:21:36,875 --> 00:21:38,581
Како си, аболиционистке?

367
00:21:38,669 --> 00:21:42,710
Како сте, шерифе? Сакам да бидете
првиот шериф-аболиционист

368
00:21:42,798 --> 00:21:44,383
во земјава.
- Навистина?

369
00:21:47,010 --> 00:21:49,722
Би бил среќен да се закитам со таа титула.

370
00:21:50,598 --> 00:21:52,350
Во ред.
- Мора да го средиме тоа.

371
00:21:53,351 --> 00:21:55,602
Па, сe уште имате луѓе во кафезот.

372
00:21:56,436 --> 00:22:00,019
<i>Ајде, сега. Знам. Значи...
- Ценам што велите така.</i>

373
00:22:00,107 --> 00:22:02,318
Мислам дека вашата работа
не треба да постои.

374
00:22:02,651 --> 00:22:05,320
Но додека не ја укинеме таа позиција...

375
00:22:07,031 --> 00:22:08,069
Те разбирам.

376
00:22:08,156 --> 00:22:10,905
Не ми пречи вие да ја држите,
додека постои.

377
00:22:10,992 --> 00:22:11,911
Ве ценам.

378
00:22:13,204 --> 00:22:18,122
Како аболиционист, не ми пречи
отворено да кажувам дека целта ми е

379
00:22:18,209 --> 00:22:21,874
затворите да не постојат.
Но многу поважно,

380
00:22:21,962 --> 00:22:25,379
аболицијата е градење, создавање.

381
00:22:25,466 --> 00:22:27,134
Работиме за да создадеме

382
00:22:27,760 --> 00:22:31,969
заедници каде што луѓето ќе имаат
чист воздух, чиста вода

383
00:22:32,056 --> 00:22:35,556
и безбедни училишта без полиција,
места за одмор,

384
00:22:35,643 --> 00:22:39,143
игра и молитва. И, знаете...

385
00:22:39,230 --> 00:22:43,066
Кога заедниците ги имаат тие работи,
не им требаат кафези.

386
00:22:43,484 --> 00:22:46,529
Не мислам дека полицијата
треба да се укине.

387
00:22:47,155 --> 00:22:50,450
Не верувам дека можеме
да постоиме без притвори

388
00:22:51,116 --> 00:22:54,740
во Америка или без затвори.

389
00:22:54,828 --> 00:22:59,412
Тоа е нешто за кое со Елизабет

390
00:22:59,499 --> 00:23:03,875
веројатно имаме различни гледишта
за кривично-правниот систем.

391
00:23:03,962 --> 00:23:08,714
<i>Проблемот е поголем од тој систем.
Црнечката заедница</i>

392
00:23:08,801 --> 00:23:12,843
и другите обоени малцинства се во криза.

393
00:23:12,930 --> 00:23:16,267
Апсолутно.
- Ако не се средиме,

394
00:23:17,060 --> 00:23:21,977
<i>тогаш нашите деца, внуци
и децата на нашите внуци</i>

395
00:23:22,065 --> 00:23:24,816
ќе бидат во уште полоша состојба.

396
00:23:25,609 --> 00:23:29,901
<i>Мораме да средиме.
- Знаете дека се согласувам.</i>

397
00:23:29,988 --> 00:23:32,446
Фала ви, господине. Примам повик

398
00:23:32,533 --> 00:23:33,658
токму од кафезот.

399
00:23:34,285 --> 00:23:36,492
Па...
- Во ред, работи. Се гледаме.

400
00:23:36,579 --> 00:23:38,534
Добро. Фала ви. Се слушаме.

401
00:23:38,622 --> 00:23:39,869
<i>Пријатно.
- Пријатно.</i>

402
00:23:39,956 --> 00:23:41,038
Ало?

403
00:23:41,125 --> 00:23:43,998
"Фондот за слобода, Колорадо."
Како да ви помогнам?

404
00:23:44,086 --> 00:23:46,129
<i>Дали се квалификувам
за "Фондот за слобода"?</i>

405
00:23:46,880 --> 00:23:49,591
Порано вашите кауции биле долар...

406
00:23:51,093 --> 00:23:54,343
Да, долар, 100, 250 долари.
Суми кои сме можеле

407
00:23:54,430 --> 00:23:55,640
лесно да ги платиме.

408
00:23:56,014 --> 00:23:57,888
Но сега кауцијата ви е 10 000 долари,

409
00:23:57,976 --> 00:23:58,934
не можеме да ја платиме.

410
00:23:59,685 --> 00:24:02,146
<i>Значи, да се вратам на суд
и да побарам намалување,</i>

411
00:24:02,480 --> 00:24:04,439
па да ви се јавам пак?

412
00:24:04,940 --> 00:24:05,937
Добро.

413
00:24:06,024 --> 00:24:07,275
Во ред. Со среќа, господине. Пријатно.

414
00:24:10,989 --> 00:24:13,199
<i>Не можеме да го спасуваме народот
човек по човек.</i>

415
00:24:14,074 --> 00:24:17,370
Мора да се случат системски промени
и да се сменат правилата.

416
00:24:18,371 --> 00:24:22,708
Нашата работа ќе биде завршена
кога ќе ги затвориме вратите.

417
00:24:28,840 --> 00:24:32,885
ПО 18 МЕСЕЦИ

418
00:24:35,847 --> 00:24:38,095
КЕЈТИ МАРЧ
ДЕМОКРАТ ЗА ДРЖАВЕН ПРЕТСТАВНИК

419
00:24:38,182 --> 00:24:40,805
ЕЛИЗАБЕТ ЕПС

420
00:24:40,892 --> 00:24:44,351
<i>Елизабет, знам дека никогаш
не си се гледала во политиката.</i>

421
00:24:44,439 --> 00:24:46,269
КОЛОРАДО - ШЕСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
ЕЛИЗАБЕТ ЕПС

422
00:24:46,356 --> 00:24:48,564
Отсекогаш се бореше однадвор.

423
00:24:48,651 --> 00:24:50,690
Што те натера да си речеш: "Знаете што?

424
00:24:50,777 --> 00:24:54,610
Ќе влезам и ќе се борам однатре

425
00:24:54,698 --> 00:24:59,787
и сите луѓе на кои им се обраќав,
ќе ми се обраќаат мене?"

426
00:25:00,872 --> 00:25:04,583
<i>Народот го побара тоа од мене,
а тоа е голема почест.</i>

427
00:25:05,001 --> 00:25:07,833
Кога како заедница
нема само да гласаме некого,

428
00:25:07,920 --> 00:25:09,750
туку и ќе предлагаме некоj свој,

429
00:25:09,838 --> 00:25:15,506
ќе знаеме што добиваме. Народот побара.
А побара бидејќи е време

430
00:25:15,594 --> 00:25:18,138
<i>за навистина принципиелно,
прогресивно водство.</i>

431
00:25:19,349 --> 00:25:23,097
Има прогресивци во главниот град.
Се кандидираме да им се придружиме.

432
00:25:23,185 --> 00:25:26,642
И бараме да ни помогнете
да ја подучиме следната класа луѓе

433
00:25:26,730 --> 00:25:28,106
што ќе ни помогнат.

434
00:25:28,941 --> 00:25:31,856
<i>Она што не ми дава сон,
туку големи подочници,</i>

435
00:25:31,943 --> 00:25:33,278
е безбедноста на заедницата.

436
00:25:33,946 --> 00:25:38,784
Ќе ви го дадам ова. И нејзе и' дадов
картичка, но знам дека многу работи.

437
00:25:41,578 --> 00:25:44,870
Знам дека мораме и можеме
да инвестираме во работите

438
00:25:44,958 --> 00:25:46,622
што ги штитат жртвите,

439
00:25:46,709 --> 00:25:49,169
а не само да ги ублажуваме последиците.

440
00:25:51,755 --> 00:25:53,420
КОЛОРАДО - ШЕСТА ОБЛАСТ
ЕЛИЗАБЕТ ЕПС

441
00:25:53,508 --> 00:25:56,548
<i>Откако ја поднесов кандидатурата,
најчестото прашање</i>

442
00:25:56,636 --> 00:25:58,592
<i>од репортерите
и другите луѓе и заедници беше:</i>

443
00:25:58,680 --> 00:26:01,265
<i>"Сметаш ли дека Денвер
е подготвен за аболиционист?"</i>

444
00:26:02,600 --> 00:26:03,558
Ќе видиме на изборите.

445
00:26:17,490 --> 00:26:21,365
Победивме!

446
00:26:21,452 --> 00:26:23,036
Успеавме!

447
00:26:23,829 --> 00:26:25,368
ГЛАСАЈТЕ ЗА ЕЛИЗАБЕТ ЕПС
15 ЈУЛИ, ДЕНВЕР

448
00:26:25,455 --> 00:26:28,122
КОНЕЧНО Е ОФИЦИЈАЛНО!
ГИ ПОТВРДИЈА РЕЗУЛТАТИТЕ

449
00:26:28,209 --> 00:26:29,669
ОД ИЗБОРИТЕ И... УСПЕАВМЕ. ПОБЕДИВМЕ.

450
00:26:36,509 --> 00:26:37,426
Како сте?

451
00:26:39,261 --> 00:26:42,510
ДЕМОКРАТСКИОТ ИЗБОР НА ЕЛИЗАБЕТ
БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈТЕСНИТЕ

452
00:26:42,597 --> 00:26:46,807
И НАЈГЛЕДАНИТЕ ИЗБОРИ ВО ДРЖАВАТА.
ТАА ПОБЕДИ СО 53 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ.

453
00:26:46,894 --> 00:26:49,935
И' дадовме отворена покана на Елизабет

454
00:26:50,023 --> 00:26:55,069
да ви се обрати како иден законодавец
за своите планови за наредната седница.

455
00:27:00,033 --> 00:27:02,159
Во Колорадо има 100 изборни единици.

456
00:27:04,203 --> 00:27:09,876
<i>Јас живеам во една од најработничките.
Целата наша трка беше примарна.</i>

457
00:27:10,292 --> 00:27:13,208
Кој ќе победи во првиот круг, победува.
Можете да печатите

458
00:27:13,296 --> 00:27:15,964
визитки со Елизабет Епс како пратеник.

459
00:27:16,633 --> 00:27:19,338
Едно знајте, ќе бидам директна

460
00:27:19,426 --> 00:27:22,639
и приземна оти ќе бидам ваш пратеник
во следниве осум години.

461
00:27:23,222 --> 00:27:26,304
Се грижам за многу работи,
но нема да кријам.

462
00:27:26,391 --> 00:27:28,394
Најмногу сакам

463
00:27:28,727 --> 00:27:31,894
да се укине притворот
базиран на богатство во Колорадо.

464
00:27:31,981 --> 00:27:35,443
Да се укине криминализацијата
на сиромаштијата.

465
00:27:36,026 --> 00:27:39,364
За мене, тоа е поврзано со кауциите
што се плаќаат во кеш.

466
00:27:40,365 --> 00:27:43,116
Подготвени сте за укинување на кауциите
во 2027 година?

467
00:27:45,452 --> 00:27:47,872
А ќе направиме
и други добри работи во меѓувреме.

468
00:27:54,128 --> 00:27:58,754
<i>Мојата способност да продолжам
со оваа природна прогресија</i>

469
00:27:58,841 --> 00:28:04,425
на мојата работа, природната еволуција
на мојата посветеност на аболицијата,

470
00:28:04,513 --> 00:28:07,261
сега како аболиционист
во Претставничкиот дом, со ресурсите

471
00:28:07,349 --> 00:28:09,639
на државната влада што ми се достапни

472
00:28:09,726 --> 00:28:12,309
да креирам добри правила,
да предлагам добри закони...

473
00:28:12,397 --> 00:28:15,232
Тоа е подарок на кој не се надевав.

474
00:28:19,611 --> 00:28:21,400
ШЕСТА ЕДИНИЦА
ДАЛИ СТЕ РЕГИСТРИРАН ДЕМОКРАТ

475
00:28:21,488 --> 00:28:23,658
ВО ШЕСТАТА ЕДИНИЦА?
ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА

476
00:28:26,910 --> 00:28:30,330
<i>Вашиот повик е пренасочен
кон автоматски систем за пораки.</i>

477
00:28:32,332 --> 00:28:33,751
Често мислам на Кијана Пејн.

478
00:28:36,212 --> 00:28:37,587
Кијана е пак во кафез.

479
00:28:39,340 --> 00:28:42,759
<i>Посакувам да можев да кажам
дека е последен пат како е затворена.</i>

480
00:28:44,721 --> 00:28:49,016
Но сe додека не смениме
некои системски работи, а ќе ги смениме,

481
00:28:49,599 --> 00:28:51,597
сигурно е дека ќе се враќа,

482
00:28:51,685 --> 00:28:54,105
а не мора. Не е опасна.

483
00:28:56,857 --> 00:29:00,023
<i>Кога инвестираме во работи
што ги држат луѓето подалеку од затвор,</i>

484
00:29:00,111 --> 00:29:04,365
<i>ја уништуваме потребата за апсење
и ја отвораме можноста</i>

485
00:29:05,116 --> 00:29:08,118
<i>да ги укинеме кауциите во кеш
и да го направиме следното.</i>

486
00:29:09,619 --> 00:29:13,287
Со ослободувањето не сме на нула.
Јас сум послободна

487
00:29:13,374 --> 00:29:15,917
и на моите им е подобро...
И тебе ти е подобро.

488
00:29:24,718 --> 00:29:28,634
ЕЛИЗАБЕТ ЕПС Е ПРАТЕНИК
ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА КОЛОРАДО.

489
00:29:28,722 --> 00:29:32,389
УШТЕ Е ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
НА "ФОНДОТ ЗА СЛОБОДА, КОЛОРАДО".

490
00:29:32,477 --> 00:29:35,767
ЗАКОНОДАВЦИТЕ НА НАЈМАЛКУ 12 ДРЖАВИ
ИНИЦИРАА УКИНУВАЊЕ ИЛИ РЕФОРМА

491
00:29:35,855 --> 00:29:38,191
НА СИСТЕМОТ ЗА КАУЦИИ
ШТО СЕ ПЛАЌААТ ВО КЕШ.

492
00:29:38,899 --> 00:29:42,356
ЗАСНОВАНО НА СТАТИЈАТА
НА ЊУЈОРК ТАЈМС "КАУЦИИ ВО КЕШ,

493
00:29:42,444 --> 00:29:45,947
КАКО ДА ГО МИНЕТЕ УЖАСНИОТ ПРОЦЕС"
ОД НИКОЛАС КУЛИШ

494
00:30:51,389 --> 00:30:53,308
Преведено од Боби Петроски



