1
00:00:02,000 --> 00:00:07,000
Downloaded from
YTS.MX

2
00:00:08,000 --> 00:00:13,000
Official YIFY movies site:
YTS.MX

3
00:00:47,280 --> 00:00:48,200
{\an8}"Мамо!

4
00:00:56,160 --> 00:01:01,560
{\an8}Мамо, сакаме да пееме само до 21 ч.
- Не знам, ќе видиме.

5
00:01:02,400 --> 00:01:04,760
{\an8}Само 15 минути.

6
00:01:06,160 --> 00:01:09,200
{\an8}Само направи го тоа,
зошто се вознемируваш?

7
00:01:09,760 --> 00:01:12,800
{\an8}Ајде, остани додека да почнат.

8
00:01:16,720 --> 00:01:19,800
{\an8}Подготвени?
- Добровечер, татичко.

9
00:01:20,040 --> 00:01:21,480
{\an8}Многу ни недостигаш,

10
00:01:21,960 --> 00:01:28,600
{\an8}па ти подготвивме настап
со песни и поезија.

11
00:01:29,080 --> 00:01:34,760
{\an8}Но пред тоа сакам
да те запознаам со пријателката.

12
00:01:35,600 --> 00:01:39,120
{\an8}Мама ми го даде
овој папагал за роденден.

13
00:01:39,360 --> 00:01:42,160
{\an8}Се вика Кира и малку е лоша.

14
00:01:42,800 --> 00:01:46,080
{\an8}Уште не се научила на нас. Погледни.

15
00:01:49,560 --> 00:01:55,120
Татичко, ќе ти испеам песна.
Не на молдавски, туку на шпански.

16
00:01:56,960 --> 00:01:59,320
Се вика 'Песна за Ана'."

17
00:02:12,280 --> 00:02:16,240
Пред 25 години, татко ми
замина да работи во странство.

18
00:02:17,880 --> 00:02:22,040
Комунициравме преку ВХС касети
кои до Италија патуваа со автобус.

19
00:02:25,160 --> 00:02:29,480
Откако замина,
нашот дом конечно беше тивок.

20
00:02:38,080 --> 00:02:42,560
"Татичко, сакам да ти покажам нешто
што научив на часот по глума.

21
00:02:43,040 --> 00:02:45,800
Валерика вежбаше со мене.
И таа научи.

22
00:02:46,440 --> 00:02:51,600
Мало маченце...
- Мјау! Мјау!

23
00:02:51,840 --> 00:02:54,360
Еве ти млекце да пиеш!

24
00:02:58,920 --> 00:03:01,720
И кутрето, исто.
- Ав, ав!"

25
00:03:02,320 --> 00:03:05,000
На 18 години ја напуштив земјата

26
00:03:05,800 --> 00:03:10,120
за да станам новинарка
и нашите разговори стануваа се поретки.

27
00:03:11,320 --> 00:03:13,640
Кога се јавуваше,
имав тежина во градите,

28
00:03:14,160 --> 00:03:16,640
како да ќе се случи нешто лошо.

29
00:03:18,640 --> 00:03:22,320
За да живеам без страв,
го избегнував колку што можев повеќе.

30
00:03:26,280 --> 00:03:29,240
А потоа добив
загрижувачка порака од него.

31
00:03:40,000 --> 00:03:43,440
"Гледаш, Лина, вака изгледа
мојот живот во Италија.

32
00:03:50,040 --> 00:03:51,640
Те молам помогни ми."

33
00:03:59,640 --> 00:04:07,560
ТАТКО

34
00:04:13,520 --> 00:04:16,720
Ги подготви двете камери, нели?
Само проверувам.

35
00:04:17,560 --> 00:04:19,080
Да, ги имам.

36
00:04:19,920 --> 00:04:21,960
И микрофони и бубачки?
- Да.

37
00:04:26,640 --> 00:04:29,680
Ќе ни треба ли осветлување?

38
00:04:29,920 --> 00:04:31,160
Не, подготвени сме.

39
00:04:31,880 --> 00:04:34,000
Но дали си подготвена
да го запознаеш?

40
00:04:48,720 --> 00:04:53,520
Својот партнер Раду го запознав
кога работевме заедно како новинари.

41
00:04:55,160 --> 00:04:59,080
Го замолив да дојде со мене, иако
за татко ми знае само од зборување.

42
00:05:03,840 --> 00:05:06,520
Ми требаше некој
со кого се чувствувам безбедно.

43
00:05:20,240 --> 00:05:23,200
Г. Павел, навигацијата
не доведе до мостот.

44
00:05:24,160 --> 00:05:26,360
"Поминете под мостот.

45
00:05:27,680 --> 00:05:30,040
За 100 метри свртете десно.

46
00:05:30,280 --> 00:05:32,520
Следете го патот
покрај грмушките.

47
00:05:46,680 --> 00:05:49,120
Прекрасно! Овде живее татко ти?

48
00:05:49,360 --> 00:05:52,760
На овој имот, но имаат посебен влез.

49
00:05:53,320 --> 00:05:56,920
Тој е во работничкото крило.

50
00:05:59,240 --> 00:06:00,720
Здраво, мили мои.

51
00:06:00,960 --> 00:06:04,120
Како сте?
- Како патувавте?

52
00:06:05,560 --> 00:06:09,160
Мртви уморни сте
или имате уште сила?

53
00:06:09,400 --> 00:06:11,480
Здраво, душичке, како си?

54
00:06:13,840 --> 00:06:16,640
Здраво.
- Многу си слаба, кутрата!

55
00:06:24,520 --> 00:06:26,120
Маслинки!

56
00:06:26,360 --> 00:06:28,680
Тоа се растенијата за кои се грижам.

57
00:06:28,920 --> 00:06:32,440
Какви се тие растенија?
- Диви лимони и портокали.

58
00:06:45,520 --> 00:06:47,200
Тоа си ти како девојче?

59
00:06:49,480 --> 00:06:50,880
Како девојче, да.

60
00:06:57,920 --> 00:07:00,280
Ова е од забавата
за крајот на годината.

61
00:07:02,080 --> 00:07:03,960
Матурската вечер?
- Да.

62
00:07:08,760 --> 00:07:11,240
Веднаш потоа заминав за САД.

63
00:07:11,480 --> 00:07:14,720
Потоа во Иаши во Романија,
на факултет.

64
00:07:14,960 --> 00:07:16,480
Тоа беше тоа.

65
00:07:17,360 --> 00:07:19,520
Потоа веќе не живеевме заедно.

66
00:07:23,440 --> 00:07:25,560
Погледни таму.

67
00:07:29,200 --> 00:07:33,160
Тогаш беше морнар.
- Изгледал многу поинаку.

68
00:07:34,960 --> 00:07:37,320
Да. Сега е постар.

69
00:07:40,360 --> 00:07:46,600
Ова е мојот двор. Секој ден
минувам одовде на пат до работа.

70
00:07:49,080 --> 00:07:52,400
Нормално, затоа што е напред.

71
00:07:53,000 --> 00:07:54,800
Ова се лозја.

72
00:07:55,440 --> 00:07:57,040
А таму...

73
00:07:58,720 --> 00:08:01,640
И шумата им припаѓа на сопствениците.

74
00:08:01,880 --> 00:08:06,080
А таму...
Не снимај го камионот, те молам!

75
00:08:06,320 --> 00:08:07,360
Што има таму?

76
00:08:08,160 --> 00:08:10,320
Таму работам.

77
00:08:12,360 --> 00:08:15,160
Не сакам да имам неволји.

78
00:08:18,040 --> 00:08:19,080
А овде...

79
00:08:20,080 --> 00:08:22,160
Ова е главниот влез.

80
00:08:23,120 --> 00:08:27,160
Не ми е дозволено да влегувам таму.
Само метам и ја косам тревата.

81
00:08:27,400 --> 00:08:30,440
Правам се што треба.

82
00:08:31,400 --> 00:08:34,160
Имам договор со сопствениците

83
00:08:36,160 --> 00:08:40,160
да не плаќам кирија,
но чистам и се грижам за градината.

84
00:08:40,400 --> 00:08:42,560
Но си ја плаќам сметката за плин.

85
00:08:43,600 --> 00:08:45,080
Видов кола.

86
00:08:45,320 --> 00:08:46,960
Што?
- Штотуку помина кола.

87
00:08:47,600 --> 00:08:48,880
Тоа е шефот.

88
00:08:51,360 --> 00:08:53,720
Би можел да не види.
Раду, да одиме.

89
00:08:55,080 --> 00:08:56,760
Што се случи? Не разбирам.

90
00:08:58,480 --> 00:09:00,240
Ја виде колата.

91
00:09:01,440 --> 00:09:05,680
Би требало да одиме.
Не сакам да види дека снимаме.

92
00:09:06,560 --> 00:09:08,960
Требаше да ми кажеш
штом ја виде колата.

93
00:09:09,840 --> 00:09:13,160
Дали ја паркира колата?

94
00:09:13,840 --> 00:09:15,280
Не, само помина.

95
00:09:15,800 --> 00:09:21,080
Виде дека ја паркира колата?
- Не знам, тато. Само помина.

96
00:09:21,600 --> 00:09:23,800
Да почекаме додека не замине.

97
00:09:44,840 --> 00:09:47,680
Ќе проверам дали е во дворот.

98
00:09:59,960 --> 00:10:02,760
Мајка ми од секогаш беше многу горда.

99
00:10:04,240 --> 00:10:08,000
За оваа генерација
емоциите се знак на слабост.

100
00:10:10,880 --> 00:10:14,440
Мажите мора да остават впечаток
дека се силни и самоуверени.

101
00:10:16,680 --> 00:10:19,400
Мораат да владеат со семејството
со челична рака.

102
00:10:24,120 --> 00:10:25,600
Нема сигнал.

103
00:10:25,840 --> 00:10:28,080
Ни јас немам сигнал.

104
00:10:30,400 --> 00:10:32,600
Не сум проверил дали има сигнал.

105
00:11:34,240 --> 00:11:36,520
Што ви се случило овде?

106
00:11:38,760 --> 00:11:40,680
Ќе ви кажам нешто.

107
00:11:41,440 --> 00:11:43,160
Луѓето кои први дошле овде,

108
00:11:43,560 --> 00:11:48,360
кои дошле...
На одредена возраст,

109
00:11:49,480 --> 00:11:51,280
дошле овде да работат.

110
00:11:51,800 --> 00:11:53,520
Потоа, нормално, те угнетуваат,

111
00:11:54,280 --> 00:11:59,080
те прогонуваат, безобразни се и...

112
00:12:00,080 --> 00:12:02,440
Како да си ништо.

113
00:12:03,560 --> 00:12:06,280
Мојот шеф е многу строг.

114
00:12:06,800 --> 00:12:10,600
Му пречи дури и како ја држам метлата!

115
00:12:11,200 --> 00:12:14,120
"Така не се мете!
Тоа го викаш метење?

116
00:12:15,400 --> 00:12:19,880
Тоа го викаш собирање отпад?
Тоа го викаш држење рачка?

117
00:12:20,680 --> 00:12:24,120
Така не се средува.
Така не се чисти подот."

118
00:12:24,680 --> 00:12:27,080
На се наоѓа забелешка.

119
00:12:28,360 --> 00:12:31,440
"Така не се оди!"
А како би требало да одам?

120
00:12:32,600 --> 00:12:34,360
Или ме имитира.

121
00:12:34,600 --> 00:12:38,560
Одам, а тој се смее:

122
00:12:39,080 --> 00:12:41,080
"Каков е тој од?

123
00:12:41,640 --> 00:12:45,040
Не можеш ли на тие години
да одиш како нормален човек?"

124
00:12:45,280 --> 00:12:48,520
Потоа почна да ми ја врти раката,

125
00:12:50,320 --> 00:12:54,160
ме фаќаше за рака и велеше:
"Би можел да те растргнам."

126
00:12:54,400 --> 00:12:56,600
Се враќав дома со подливи.

127
00:12:57,280 --> 00:12:59,240
Имам и фотографии од раката.

128
00:13:00,000 --> 00:13:03,000
Модринки на раката,
модринки на вратот...

129
00:13:03,520 --> 00:13:08,240
Понекогаш ме удира по главата.
Ми приоѓа од грбот и ме треснува.

130
00:13:09,040 --> 00:13:10,280
Само така!

131
00:13:11,000 --> 00:13:16,560
Како можев да и кажам на мајка ти,
тебе, на брат ми дома?

132
00:13:18,600 --> 00:13:21,120
Еднаш беше многу гадно.

133
00:13:21,680 --> 00:13:25,720
Многу гадно. Се нафрли
на мене за да ме претепа!

134
00:13:26,480 --> 00:13:29,600
Ме турна.
Очилата ми летнаа.

135
00:13:29,840 --> 00:13:32,840
Добро што не се скршија.
Скапи се.

136
00:13:34,320 --> 00:13:38,280
Зошто не отиде во полиција или слично?

137
00:13:39,200 --> 00:13:42,160
Малечка, комплицирано е.

138
00:13:42,440 --> 00:13:46,560
Да, можеш да одиш во полиција, но...

139
00:13:47,760 --> 00:13:49,320
Ти требаат сведоци.

140
00:13:49,960 --> 00:13:53,560
В лице ми рече:
"Поднеси колку што сакаш пријави.

141
00:13:54,240 --> 00:13:57,280
Имам пари за адвокати.
Ти немаш.

142
00:13:57,760 --> 00:14:01,480
Да те видиме како ќе успееш без пари."
Така рече.

143
00:14:02,320 --> 00:14:05,960
Да, ме малтретира. Ме малтретира!

144
00:14:06,680 --> 00:14:10,240
Физички, морално, психички.

145
00:14:11,160 --> 00:14:15,000
И финансиски. Ме малтретира
на сите можни начини.

146
00:14:15,440 --> 00:14:19,440
Ме злоупотребува,
а потоа се подбива и се смее.

147
00:14:21,760 --> 00:14:25,400
Можеби се лутиш на мене,
можеби нашиот однос не е најдобар,

148
00:14:25,640 --> 00:14:30,600
можеби не си задоволна од мене,
но мислам дека мораш да имаш...

149
00:14:31,400 --> 00:14:33,880
Срце да ми помогнеш.

150
00:14:34,120 --> 00:14:38,320
Да пишуваш за ова и да снимиш,
да можам да се извлечам од ова.

151
00:14:38,560 --> 00:14:39,920
Не можам веќе вака.

152
00:14:40,160 --> 00:14:43,560
Ти си единствената која може...

153
00:14:44,880 --> 00:14:46,320
Не можам.

154
00:15:32,760 --> 00:15:37,080
Како новинарка секогаш настојував
да го разоткријам насилството,

155
00:15:43,320 --> 00:15:47,800
да им дадам глас на луѓето
кои страдаат поради други.

156
00:15:50,960 --> 00:15:52,560
Пишував за војната,

157
00:15:53,200 --> 00:15:55,280
за затворениците кои ги мачеле,

158
00:15:57,920 --> 00:16:00,440
за работниците имигранти,
како татко ми,

159
00:16:00,600 --> 00:16:02,920
кои работодавачите
ги понижуваат и злоупотребуваат.

160
00:16:06,200 --> 00:16:08,320
Но сфатив дека приказните ги бирав

161
00:16:08,560 --> 00:16:12,440
затоа што се обидував да го сфатам
насилството во нашето семејство.

162
00:16:15,880 --> 00:16:18,240
Зошто нашиот татко толку ни наштети?

163
00:16:33,480 --> 00:16:35,160
Немам поим што да правам.

164
00:16:41,120 --> 00:16:42,080
Па...

165
00:16:43,320 --> 00:16:48,640
Што би направила
да се работи за некој друг?

166
00:16:56,560 --> 00:16:58,440
На вратата е. Слуша.

167
00:17:02,200 --> 00:17:06,520
Повели, душо.
Сите документи што ги собрав

168
00:17:07,240 --> 00:17:11,760
во последниве 12 години
работа за овој човек.

169
00:17:12,000 --> 00:17:16,040
Ова е официјалното работно време,
колку ми платил,

170
00:17:16,760 --> 00:17:20,000
а ова се неофицијалните
работни часови.

171
00:17:20,560 --> 00:17:23,560
Морав да ги запишам одвоено,

172
00:17:23,800 --> 00:17:27,240
зашто лично ми плати.
Погледни.

173
00:17:28,080 --> 00:17:31,040
Види ги разликите меѓу таблиците.

174
00:17:31,800 --> 00:17:35,040
Те молам, ако можеш,

175
00:17:35,360 --> 00:17:38,760
дај ми некоја идеја.
Помогни ми некако.

176
00:17:39,560 --> 00:17:44,400
Или најди некој
што може да ми помогне.

177
00:17:59,760 --> 00:18:02,320
Фала. Ќе се чуеме наскоро.
Пријатна вечер.

178
00:18:03,720 --> 00:18:06,720
Фала. Ќе се чуеме наскоро.
Здраво!

179
00:18:10,360 --> 00:18:14,000
Што се случи? -Никој не презема
случај без цврсти докази.

180
00:18:18,360 --> 00:18:21,720
Управувањето е интуитивно.

181
00:18:22,600 --> 00:18:25,200
Нема да се гледа во џебот.

182
00:18:26,000 --> 00:18:29,320
Се плашам дека неговиот
работодавач ќе забележи.

183
00:18:29,560 --> 00:18:31,000
Тој ризик секогаш постои.

184
00:18:35,760 --> 00:18:40,240
Ти го користеше овој модел.
- Во Украина, нели?

185
00:18:44,680 --> 00:18:47,680
Го носеше во торбата
или под кошулата?

186
00:18:47,920 --> 00:18:49,560
Под кошулата.

187
00:18:50,120 --> 00:18:52,160
Тоа е малку покомплицирано.

188
00:18:52,400 --> 00:18:57,120
Потешко се добива кадар,
односно се контролира што снимаш.

189
00:18:58,480 --> 00:19:01,640
Може да се случат важни нешта,
а ако не ги снимиш...

190
00:19:03,640 --> 00:19:06,040
Тоа им се случи на моите колеги.

191
00:19:07,320 --> 00:19:11,240
Собрале видео докази
кои не поминале на суд.

192
00:19:11,960 --> 00:19:16,640
Поради лошата слика,
лошиот звук...

193
00:19:18,240 --> 00:19:20,320
Утре ќе му покажеш.

194
00:19:21,880 --> 00:19:24,960
Ова е главниот дел од камерата.

195
00:19:26,320 --> 00:19:28,880
Стави ја во џебот.

196
00:19:32,240 --> 00:19:35,320
Ова е објективот.

197
00:19:36,520 --> 00:19:39,960
Овој дел снима.
Доаѓа овде.

198
00:19:43,080 --> 00:19:45,720
Вака. Гледаш?
- Да.

199
00:19:46,680 --> 00:19:49,600
Гледаш, нели? На пример, вака.

200
00:19:50,720 --> 00:19:51,880
Така. Гледаш?

201
00:19:52,120 --> 00:19:54,240
Снима од висина на градите.

202
00:19:56,160 --> 00:20:00,440
Ја палиш кога ти се чини дека...

203
00:20:00,680 --> 00:20:02,480
Кога ќе стане жешко.

204
00:20:02,720 --> 00:20:05,760
Се гасне на истото копче.
- Сфаќам.

205
00:20:23,480 --> 00:20:26,360
Кога сум во таа куќа,
се чувствувам како...

206
00:20:31,160 --> 00:20:35,880
Како да ме притискаат ѕидовите.
Ме задушуваат.

207
00:20:41,920 --> 00:20:44,680
Необично, зашто тоа
е многу убаво место.

208
00:20:44,920 --> 00:20:47,160
Јас не...
- Преубава куќа.

209
00:20:47,560 --> 00:20:48,920
Да.

210
00:21:01,360 --> 00:21:03,880
Еден час пауза.
- Еден час. Да.

211
00:21:05,520 --> 00:21:07,400
Беше овде...

212
00:21:27,240 --> 00:21:28,560
Не јавувај се!

213
00:21:29,160 --> 00:21:30,680
Зошто не?

214
00:21:32,040 --> 00:21:33,240
Боже!

215
00:21:33,960 --> 00:21:37,440
Чекај и ќе видиш дека ќе почне
секојдневно да не бара.

216
00:21:39,240 --> 00:21:43,640
Татко ми е опседнат со тоа да знае
што прават луѓето околу него.

217
00:21:43,880 --> 00:21:46,840
Мисли дека сите
моораат да му полагаат сметка.

218
00:21:47,360 --> 00:21:49,800
Не знам како да го наречам тоа.

219
00:21:50,560 --> 00:21:51,840
Опседнат е со контрола.

220
00:21:53,280 --> 00:21:56,560
Така и прави и на мајка ти?
- На сите!

221
00:21:57,920 --> 00:22:01,560
Не можевме да направиме ништо
без негово знаење.

222
00:22:04,720 --> 00:22:08,000
На пример, имавме фиксен телефон.

223
00:22:09,000 --> 00:22:14,240
На крајот на месецот, кога ќе стигнеше
сметката, сакаше список на повици,

224
00:22:15,600 --> 00:22:22,440
броеви кои сме ги барале, траење
на разговорите, време, датум и слично.

225
00:22:23,520 --> 00:22:27,800
Држејќи го списокот ме прашуваше:
"Кој го барал овој број?"

226
00:22:28,320 --> 00:22:31,400
Му велев: "Ја барав Маријана,
другарка од училиште."

227
00:22:31,960 --> 00:22:36,240
"За што сте разговарале 23 минути?"
Немав поим.

228
00:22:36,880 --> 00:22:38,200
Не знаев!

229
00:22:38,440 --> 00:22:40,400
"Каде беше досега?

230
00:22:40,640 --> 00:22:43,600
Часовите по глума се до 14.30.
Зошто дојде во 15 ч?

231
00:22:43,840 --> 00:22:47,760
Од Школата за уметност ти требаат
само 10 минути до дома."

232
00:22:48,440 --> 00:22:49,720
И?

233
00:22:53,960 --> 00:22:56,040
Понекогаш и ти си таква.

234
00:22:58,120 --> 00:23:00,040
Не така, верувај ми.

235
00:23:01,400 --> 00:23:04,120
Не сум таква, Раду.

236
00:23:04,360 --> 00:23:07,040
Само велам, понекогаш...

237
00:23:07,280 --> 00:23:10,200
Да сум таква, не би бил со мене.

238
00:23:10,440 --> 00:23:14,800
Сакаш да ми кажеш
дека би можел да го поднесеш тоа?

239
00:23:15,400 --> 00:23:19,120
Заминуваш, не се јавуваш,
воопшто не разговараш со мене.

240
00:23:19,680 --> 00:23:22,480
Знам дека не сакаш да знаеш.
- Така е. Не сакам.

241
00:23:22,720 --> 00:23:24,360
Во тоа е работата. Јас...

242
00:23:25,440 --> 00:23:30,880
Ти давам слобода зашто знам
како е кога некој те задушува.

243
00:23:42,320 --> 00:23:45,920
Последен што ми кажа дека сум
како татко ми беше мојот бивш маж

244
00:23:46,120 --> 00:23:49,360
кој ме остави само
пет месеци по венчавката.

245
00:23:54,000 --> 00:23:57,480
Тогаш сфатив, насилството
на татко ми секогаш беше дел од мене

246
00:23:57,960 --> 00:24:00,800
како невидлива рака
или трето белодробно крило.

247
00:24:07,320 --> 00:24:11,720
Од страв дека ќе ме повредат,
на саканите луѓе им нанесував болка.

248
00:24:17,520 --> 00:24:20,880
За да избегам од насилството
морав да погледнам во себе.

249
00:24:23,440 --> 00:24:26,960
Ако не го правев тоа, сега
не ќе можев да му помогнам на тато.

250
00:24:34,120 --> 00:24:35,680
Еве го. Овде.

251
00:24:36,840 --> 00:24:38,360
Се појавува шефот на тато.

252
00:24:39,520 --> 00:24:42,080
"Четири часа.
Ќе ти бидат платени четири часа.

253
00:24:43,520 --> 00:24:44,800
Но вие...

254
00:24:46,880 --> 00:24:47,880
Да, но..."

255
00:24:49,400 --> 00:24:51,560
Зборуваат за пари, нели?

256
00:24:53,280 --> 00:24:55,200
Му плаќа.

257
00:24:57,920 --> 00:25:00,480
Ги вади парите од паричникот.

258
00:25:04,080 --> 00:25:06,880
Колку се тоа?
- 361.

259
00:25:07,600 --> 00:25:09,360
361 евро.

260
00:25:11,760 --> 00:25:14,400
Му го даде и тоа едно евро.

261
00:25:18,400 --> 00:25:21,560
Еве ни докази!
Плаќање на црно!

262
00:25:22,080 --> 00:25:25,040
Ова е извонредно важно.
Ќе означам.

263
00:25:29,480 --> 00:25:31,960
Ова е од Синдикатот.

264
00:25:34,600 --> 00:25:37,680
Сите официјални работни часови.

265
00:25:38,560 --> 00:25:40,240
Да.
- Од нивната евиденција.

266
00:25:41,160 --> 00:25:45,360
А ова се часовите
кои татко ми всушност ги одработил.

267
00:25:46,920 --> 00:25:48,240
И разликата.

268
00:25:48,480 --> 00:25:52,680
Ова се часовите кои ги одработил
од работното време.

269
00:25:53,160 --> 00:25:56,000
За нив се платени придонеси.

270
00:25:56,560 --> 00:25:58,200
Да.
- За пензиско.

271
00:26:03,160 --> 00:26:09,040
Би требало лесно да се докаже ако го
погледнеме производството тие месеци.

272
00:26:09,280 --> 00:26:15,040
Што? Наполнил милиони шишиња вино со
двајца вработени по четири часа дневно?

273
00:26:16,720 --> 00:26:19,280
Сакав да го погледнам другиот документ.

274
00:26:35,960 --> 00:26:39,400
"Здраво, девојче мое, Лина.

275
00:26:41,640 --> 00:26:43,440
Денеска сакам да разговараме.

276
00:26:46,560 --> 00:26:53,080
Мислам дека треба да ти кажам некои
работи што не сум можел да ги кажам.

277
00:26:54,560 --> 00:27:00,040
И јас сум понекогаш депримиран.
Сакам да го знаеш тоа.

278
00:27:00,520 --> 00:27:03,960
Човек сум. Не сум од железо.

279
00:27:04,200 --> 00:27:06,000
Често...

280
00:27:08,240 --> 00:27:12,080
Често се чувствувам многу лошо

281
00:27:14,560 --> 00:27:19,840
и, да бидам искрен, во тие моменти
не можам да се јавам.

282
00:27:20,080 --> 00:27:23,800
Ме загрижува тоа што мислам
дека би можел да се расплачам.

283
00:27:24,520 --> 00:27:29,240
Ти беше малечка. Одвај разговаравме
со тебе. Мајка ти знаеше зошто.

284
00:27:29,800 --> 00:27:33,960
Малку зборував,
а потоа ми се стегнуваше грлото.

285
00:27:34,480 --> 00:27:37,880
Не можев да зборувам,
а да не ми потечат солзи

286
00:27:38,960 --> 00:27:41,640
и да не почувствував кнедла
во грлото.

287
00:27:42,960 --> 00:27:46,360
И потоа морав да прекинам
за да не видиш ти.

288
00:27:47,200 --> 00:27:50,240
Мислам дека треба
да си простиме еден на друг

289
00:27:51,800 --> 00:27:55,720
за она што го направивме
во животот.

290
00:27:56,600 --> 00:27:57,840
Вашиот татко...

291
00:27:58,440 --> 00:28:04,040
Вашиот татко ве сака сите
и ви посакува се најдобро."

292
00:28:18,760 --> 00:28:22,920
Цел живот чекав
татко ми да ми го каже тоа.

293
00:28:27,000 --> 00:28:30,960
Да ми покаже, на свој начин,
дека ме сака.

294
00:28:35,760 --> 00:28:39,960
Неговиот обид да го премине јазот доаѓа
баш кога во мене расте нов живот.

295
00:28:56,600 --> 00:28:59,680
Се гледа ли полот?
- Не проверив.

296
00:29:00,760 --> 00:29:03,040
Да дознаеме заедно.

297
00:29:03,920 --> 00:29:05,760
Да, девојченце е.

298
00:29:08,040 --> 00:29:09,520
Овде се гледа.

299
00:29:11,040 --> 00:29:14,560
Ова се нозете, колената и стапалата.

300
00:29:15,400 --> 00:29:16,840
Еден, два.

301
00:29:26,800 --> 00:29:29,280
Тоа и е ногата?
- Да. Бутниот дел.

302
00:29:29,520 --> 00:29:32,720
Погледнете.
Црн дроб, желудник, 'рбетен столб.

303
00:29:41,320 --> 00:29:44,200
Поради пораката од татко ми
и детето во мене

304
00:29:44,440 --> 00:29:48,440
го гледам минатото во поинакво,
неочекувано светло.

305
00:29:50,280 --> 00:29:53,520
Сакам да се вратам во Молдавија,
од каде што избегав,

306
00:29:53,760 --> 00:29:57,040
за да сфатам од каде доаѓа
насилството во мојата фамилија.

307
00:30:02,920 --> 00:30:04,640
"Покажете му ги оценките.

308
00:30:05,800 --> 00:30:08,040
И училишните торби што ви ги испрати."

309
00:30:09,680 --> 00:30:14,040
Од детството најјасно се сеќавам
на стравот од тато.

310
00:30:15,520 --> 00:30:18,680
Стравот дека ќе ме натепа
ако куќата не е уредна.

311
00:30:18,920 --> 00:30:21,520
Или кога ќе добиев
полоша оценка на училиште.

312
00:30:21,760 --> 00:30:25,040
Или кога сестрите и нашата мајка
неа беа совршени.

313
00:30:26,360 --> 00:30:27,400
"Татичко!

314
00:30:29,480 --> 00:30:30,800
Погледни.

315
00:30:31,040 --> 00:30:35,640
Денеска добив десетка
за онаа песна што ти ја рецитирав.

316
00:30:36,760 --> 00:30:39,360
Минатата недела добив деветка.

317
00:30:44,840 --> 00:30:47,160
Се надевам дека ти е мило
за моите оценки.

318
00:30:51,160 --> 00:30:55,720
Ова е училишната торба што
ми ја испрати. Овде малку се скина.

319
00:30:58,000 --> 00:31:02,040
Многу ми се допаѓа и се надевам
дека долго ќе ми служи.

320
00:31:02,280 --> 00:31:04,160
Сега ја носам веќе втора година."

321
00:31:04,920 --> 00:31:08,960
Отидов во Италија да му помогнам,
но тоа беше поттикнувачот.

322
00:31:09,200 --> 00:31:12,600
Тоа ме потсети
дека тој не беше од секогаш жртва.

323
00:31:30,360 --> 00:31:33,080
Кажи ми.
Да разговараме за тоа.

324
00:31:33,320 --> 00:31:36,400
Што направив за да заслужам ќотек?

325
00:31:36,640 --> 00:31:39,440
Што толку грозно
направија моите сестри?

326
00:31:39,680 --> 00:31:41,520
Тоа го нарекуваш ќотек?

327
00:31:42,360 --> 00:31:45,400
Не тепаше со каишот!

328
00:31:45,640 --> 00:31:51,480
Последниот пат кога не тепаше
се обидував да се одбранам.

329
00:31:51,960 --> 00:31:54,680
Сакав само да ве заплашам!

330
00:31:55,200 --> 00:31:58,080
Значи, нормално е децата
да ги заплашуваш со ќотек?

331
00:31:58,320 --> 00:32:02,160
Место трпеливо да објасниш
и да речеш:

332
00:32:02,400 --> 00:32:05,480
"Тоа е погрешно. Ако направите
така, ќе има последици."

333
00:32:05,680 --> 00:32:08,680
Пак ќе те прашам,
за бидам сигурен дека разбирам.

334
00:32:08,920 --> 00:32:10,560
Пак ќе те прашам.

335
00:32:10,800 --> 00:32:14,200
Никогаш не ти беше јасно
дека татко ти работи четири работи

336
00:32:14,440 --> 00:32:18,080
за да ја прехрани фамилијата?

337
00:32:18,320 --> 00:32:22,640
Мислиш дека имав време
да седнам и да разговарам,

338
00:32:22,880 --> 00:32:26,120
да и објаснувам на секоја од вас
нешто два часа?

339
00:32:27,120 --> 00:32:30,400
Која е целта да се трудиш толку,

340
00:32:31,360 --> 00:32:34,520
ако имаш добри оценки,
ако освојуваш награди,

341
00:32:34,760 --> 00:32:38,840
ако се чувствуваш
како ништо да не заслужуваш?

342
00:32:41,640 --> 00:32:46,000
Само да докажеш некому
дека сепак вредиш за нешто?

343
00:32:46,240 --> 00:32:48,120
Зошто, ако си несреќен однатре?

344
00:32:50,080 --> 00:32:53,400
Што мислиш, од каде ми се тие чувства?

345
00:33:06,520 --> 00:33:11,560
Сакам да сфатам како можеш да погледнеш
дете од пет, шест или 12 години

346
00:33:12,720 --> 00:33:14,840
и да го истепаш.

347
00:33:15,080 --> 00:33:16,880
Можеби никогаш нема да сфатиш.

348
00:33:17,120 --> 00:33:21,640
Сакам да сфатам.
Не сакам да го правам истото!

349
00:33:21,880 --> 00:33:25,520
Добро, но не сакаш ни да ме послушаш.

350
00:33:26,320 --> 00:33:27,760
Слушам.

351
00:33:28,560 --> 00:33:32,720
Нашата генерација никогаш
не мислеше лошо за родителите!

352
00:33:32,960 --> 00:33:36,640
Си велевме дека тоа е животот
и така мора да биде!

353
00:33:36,880 --> 00:33:41,640
И други луѓе кои ги познавам
го правеа истото,

354
00:33:42,360 --> 00:33:46,960
но не гледам дека
нивните деца цивкаат!

355
00:33:47,200 --> 00:33:48,800
Не можеш да го знаеш тоа.

356
00:33:49,040 --> 00:33:51,840
Добро, но ти велам.

357
00:33:52,080 --> 00:33:53,680
Јасно се сеќавам на тоа.

358
00:33:53,920 --> 00:33:57,040
Одвај сум те удрил.
Само понекогаш!

359
00:33:57,280 --> 00:34:00,920
Имаш ли поим колку боли тоа?

360
00:34:01,480 --> 00:34:05,400
Ми здодеа да се борам против тоа.

361
00:34:05,640 --> 00:34:09,160
Мојата депресија, сите мои проблеми.

362
00:34:09,640 --> 00:34:12,360
Понекогаш си се смачувам
самата на себе.

363
00:34:12,600 --> 00:34:14,000
Самата на себе!

364
00:34:14,840 --> 00:34:16,960
Нормално и на другите
им се смачувам.

365
00:34:53,160 --> 00:34:55,600
Чувствувам голем срам.

366
00:34:59,480 --> 00:35:04,400
Многу добро се сеќавам на тоа чувство.
Срамот надвладува.

367
00:35:05,680 --> 00:35:11,160
Откако викаше на нас, не тепаше
или се караше со мајка ми,

368
00:35:11,840 --> 00:35:14,080
не сакав да ме видат другите.

369
00:35:15,000 --> 00:35:20,760
И ако излезев, се надевав дека
никој нема да ја спомне таа тема.

370
00:35:22,800 --> 00:35:25,440
Да се преправаме
дека ништо не се случило.

371
00:35:25,680 --> 00:35:28,960
Сега забележувам
дека вратата е иста.

372
00:35:29,200 --> 00:35:31,680
Тоа е вратата од моето детство.

373
00:35:38,480 --> 00:35:42,800
Погледни се, сестричке.
Колку си убава!

374
00:35:44,960 --> 00:35:47,520
Ова ми е твојата омилена слика.

375
00:36:02,560 --> 00:36:06,480
Од секогаш ми се чинеше
дека си многу позрела од мене.

376
00:36:08,280 --> 00:36:10,160
Само емоционално. Можеби.

377
00:36:13,600 --> 00:36:20,480
Да, и јас го чувствував тоа,
но затоа што бев повеќе заштитена.

378
00:36:22,240 --> 00:36:26,560
Ти имаш повеќе грди спомени
на него од мене.

379
00:36:27,200 --> 00:36:32,600
Не се сеќавам многу добро, но секогаш
ми кажуваше што се случувало.

380
00:36:34,920 --> 00:36:40,040
Се сеќавам дека потоа беше полошо,
кога се доселивме во овој стан.

381
00:36:41,360 --> 00:36:43,600
Секоја вечер плачевме
во нашата соба.

382
00:36:43,840 --> 00:36:46,160
Дури и кога се каравме ние двете,

383
00:36:48,200 --> 00:36:52,240
ако се случеше нешто такво,
една на друга си бевме рамо за плачење.

384
00:36:52,520 --> 00:36:55,880
Си требавме една на друга,
па моравме да се смириме.

385
00:36:58,280 --> 00:36:59,640
Дали се сеќаваш?
- Да.

386
00:36:59,880 --> 00:37:02,800
Одевме на спиење лути една на друга,

387
00:37:04,120 --> 00:37:07,320
но кога мама и тато се караа,
односно тато се караше,

388
00:37:07,840 --> 00:37:09,560
кога тато ќе ја повредеше мама,

389
00:37:14,600 --> 00:37:17,160
ти и јас се смирувавме.

390
00:37:19,080 --> 00:37:24,480
Тоа, на некој начин,
ни помогна уште повеќе да се зближиме.

391
00:37:25,200 --> 00:37:26,960
Ние? Сто отсто.

392
00:37:28,320 --> 00:37:30,520
Тоа беше нај...

393
00:37:32,880 --> 00:37:36,360
Се здружувавме против опасноста.
- Да.

394
00:37:36,600 --> 00:37:39,120
Бевме единствени
кои знаеја што се случува.

395
00:37:39,600 --> 00:37:44,600
Секако никој не би сфатил.

396
00:38:03,840 --> 00:38:08,440
Мајка ми секогаш имаше тажно лице
и тоа ми го кршеше срцето.

397
00:38:10,840 --> 00:38:12,080
Кога имав шест години,

398
00:38:12,320 --> 00:38:15,600
татко ми ја турна
во балконската врата во кујната.

399
00:38:21,880 --> 00:38:26,160
Скршеното стакло и ја исече кожата
и и го натопи фустанот со крв.

400
00:38:30,360 --> 00:38:33,480
Излегов зад фрижидерот,
ја зграпчив помалата сестра

401
00:38:33,720 --> 00:38:36,200
и се скривме под креветот
во нашата соба.

402
00:38:39,200 --> 00:38:41,400
Се молевме,
како и многу пати пред тоа.

403
00:38:41,640 --> 00:38:43,320
да не ја изгубиме мама.

404
00:38:55,160 --> 00:38:58,200
Се боиш во паралелни линии.

405
00:38:58,440 --> 00:39:00,400
Да, знам.

406
00:39:01,880 --> 00:39:05,320
Сум ти ја боела косата,
само сега направив подолга пауза.

407
00:39:05,560 --> 00:39:07,080
Вистина е.

408
00:39:07,640 --> 00:39:11,760
Среќна сум што имам три ќерки
да ми ја бојат косата!

409
00:39:12,320 --> 00:39:14,560
И сама си ја боев.

410
00:39:14,800 --> 00:39:18,760
И успеа.
- Да. Гледајќи се во огледало.

411
00:39:19,480 --> 00:39:22,560
Тилот главно по осет, но...

412
00:39:24,040 --> 00:39:25,640
Функционира.

413
00:39:28,360 --> 00:39:31,920
Кога дознав дека имам рак,

414
00:39:32,960 --> 00:39:35,600
мислев дека е готово.

415
00:39:36,120 --> 00:39:40,440
Сестра ми умре од рак.
Мислев дека и мене ми дошло времето.

416
00:39:42,120 --> 00:39:46,520
Мислеше дека е готово?
- Да, дека нема да преживеам.

417
00:39:47,560 --> 00:39:51,880
Одев по улицата и гледав наоколу

418
00:39:52,120 --> 00:39:55,120
како последен пат да ги гледам дрвјата.

419
00:39:56,680 --> 00:39:57,960
Но...

420
00:40:00,200 --> 00:40:03,120
Бог е голем и излекувана сум.

421
00:40:03,720 --> 00:40:05,480
Ракот исчезна.

422
00:40:06,400 --> 00:40:08,240
Потоа се измени.

423
00:40:08,480 --> 00:40:12,320
Да, малку го сменив
ставот кон животот.

424
00:40:12,560 --> 00:40:16,600
Мислев... Откако
поминав низ таа болест,

425
00:40:17,400 --> 00:40:22,080
не ми се исплаќа да бидам
премногу строга кон себе.

426
00:40:22,600 --> 00:40:26,800
Мислев дека заслужувам
да бидам малку послободна,

427
00:40:28,960 --> 00:40:33,720
да си дозволам повеќе работи
отколку што си дозволував порано,

428
00:40:34,640 --> 00:40:40,160
да имам свое видување на работите,
не секогаш да правам што вели татко ти.

429
00:40:41,680 --> 00:40:45,440
Мислев дека имам право на тоа.

430
00:40:45,680 --> 00:40:47,920
Да кажам и да мислам нешто друго.

431
00:40:48,160 --> 00:40:52,200
Бев како дете.
Наивна. Мечтаев.

432
00:40:52,440 --> 00:40:58,320
Мислев дека животот секако
ќе ме одмине и се ќе биде добро.

433
00:40:58,560 --> 00:41:03,040
Но не е баш така. Мораш многу
да се трудиш за се да биде добро.

434
00:41:03,880 --> 00:41:06,760
Мораш да размислуваш за работите.

435
00:41:26,400 --> 00:41:28,240
Гледаш, тоа е тоа!

436
00:41:28,880 --> 00:41:31,040
Сега имам поинакво лице.

437
00:41:31,920 --> 00:41:34,120
Многу ти благодарам, душо!

438
00:41:34,360 --> 00:41:37,080
Ти се допаѓа?
- Да, добро испадна.

439
00:41:38,040 --> 00:41:42,000
Сега се погледнувам
и мислам дека изгледам добро.

440
00:41:42,920 --> 00:41:46,000
Многу ти благодарам.
- Нема за што.

441
00:41:46,240 --> 00:41:47,640
Ти благодарам за помошта.

442
00:42:02,200 --> 00:42:04,280
Петелот Петар!

443
00:42:05,160 --> 00:42:07,400
Обично излегуваше и ми пееше.

444
00:42:07,640 --> 00:42:10,440
Избега, мамо.
- Ме заборави.

445
00:42:11,080 --> 00:42:14,880
Кога го купив,
мафташе со крилјата и пееше.

446
00:42:16,240 --> 00:42:19,120
Но во зимата не ме гледаше многу.

447
00:42:28,880 --> 00:42:31,840
Сега камерата не снима двете.

448
00:42:32,080 --> 00:42:33,160
Во ред?

449
00:42:33,720 --> 00:42:35,360
Ќе ти го покажам моето бебе.

450
00:42:44,240 --> 00:42:47,400
Дали ти недостигав?

451
00:42:49,120 --> 00:42:50,880
Многу ми недостигаше.

452
00:42:51,280 --> 00:42:54,480
Те видов во летото, нели?

453
00:42:54,720 --> 00:42:57,480
Не, лани.
- Многу ми недостигаше!

454
00:42:57,920 --> 00:42:59,840
Помина една година, бабо.

455
00:43:04,640 --> 00:43:05,840
Се сеќавам...

456
00:43:06,080 --> 00:43:11,120
Мојата кутра мајка мораше да собере
мираз за три ќерки. Јас бев четврта!

457
00:43:12,120 --> 00:43:14,840
Всушност, не ме сакала.
Бев татино девојче.

458
00:43:15,680 --> 00:43:17,600
Секогаш бев покрај него.

459
00:43:18,320 --> 00:43:21,040
Татко ми ме научи да јадам сама.

460
00:43:21,280 --> 00:43:23,280
Немавме вилушки.

461
00:43:24,120 --> 00:43:28,120
Велеше: "Ајде, душо,
стави ја раката вака.

462
00:43:28,360 --> 00:43:31,200
Заграби и принеси си во устата."

463
00:43:31,440 --> 00:43:33,400
Никогаш нема да го заборавам тоа.

464
00:43:33,640 --> 00:43:36,560
Бабо, а твојот брат?
- Ион?

465
00:43:36,800 --> 00:43:38,840
Кажи и како починал.

466
00:43:39,080 --> 00:43:42,360
Одеше во четврто одделение
романско училиште.

467
00:43:43,280 --> 00:43:45,120
Имавме многу овци.

468
00:43:46,760 --> 00:43:48,840
Мојот друг брат, Ѓорѓи,

469
00:43:49,080 --> 00:43:51,520
наутро одеше на училиште.

470
00:43:52,560 --> 00:43:54,720
Ион имаше настава попладне.

471
00:43:55,200 --> 00:43:58,160
Ион наутро ги изведуваше
овците на пасење

472
00:43:58,400 --> 00:44:01,240
и чекаше Ѓорѓи да се врати
и да ги преземе.

473
00:44:01,480 --> 00:44:04,040
Поради тоа често
доцнеше на училиште.

474
00:44:04,640 --> 00:44:07,000
Задоцни еднаш, двапати...

475
00:44:07,680 --> 00:44:11,120
Се сеќавам на учителот.
Не беше лош човек.

476
00:44:11,360 --> 00:44:12,920
Само...

477
00:44:13,160 --> 00:44:16,760
Се лутеше зашто Ион
всушност беше добар ученик.

478
00:44:17,560 --> 00:44:20,840
Го извлече од клупата
и му ја скрши ногата.

479
00:44:21,840 --> 00:44:23,880
Му го скрши коленото.

480
00:44:24,120 --> 00:44:26,360
На крајот умре.

481
00:44:27,640 --> 00:44:28,600
Потоа...

482
00:44:29,800 --> 00:44:32,800
Луѓето сакаа да го убедат татко ми

483
00:44:33,960 --> 00:44:36,960
да го тужи учителот во судот.

484
00:44:37,920 --> 00:44:41,480
Неговата жена ми беше учителка
во прво одделение.

485
00:44:43,640 --> 00:44:47,080
Татко ми рече: "Не.
Само што го закопав син ми.

486
00:44:47,640 --> 00:44:50,600
Барем неговите деца
нека имаат татко."

487
00:44:51,520 --> 00:44:53,440
И така му прости.

488
00:44:58,120 --> 00:45:00,800
Но го изгуби малиот Ион.

489
00:45:01,320 --> 00:45:02,920
Уште се сеќавам.

490
00:45:27,480 --> 00:45:29,480
"Погледни го ова!

491
00:45:30,040 --> 00:45:31,920
Имавме проблеми со...

492
00:45:32,960 --> 00:45:35,800
Доста!
Престани да зборуваш!

493
00:45:42,680 --> 00:45:45,520
Не знаеш ти ништо, будала!

494
00:45:48,480 --> 00:45:50,840
Ќе го скршам шишево
од твоето лице!

495
00:45:51,080 --> 00:45:52,240
Враќај се на работа!

496
00:45:52,480 --> 00:45:54,560
Ќе те убијам!

497
00:45:55,720 --> 00:45:57,000
Ќе те убијам!

498
00:45:58,280 --> 00:46:01,680
Не си ја завршил работата!
- Направив се! Не ми плативте!

499
00:46:01,920 --> 00:46:04,600
Не допирајте ме!
- Ќе те убијам!

500
00:46:05,640 --> 00:46:07,760
Губи се одовде додека работам!

501
00:46:08,320 --> 00:46:09,600
Бескорисен си!

502
00:46:14,960 --> 00:46:16,400
Бескорисен си!

503
00:46:18,120 --> 00:46:20,240
Бескорисен си!
Тотално бескорисен!

504
00:46:21,400 --> 00:46:23,360
Не знаеш ни една
работа да завршиш!"

505
00:47:05,200 --> 00:47:07,240
"Што да кажам за денешниот ден?

506
00:47:12,840 --> 00:47:14,280
Мојот шеф...

507
00:47:15,440 --> 00:47:17,640
Мојот работодавач,
така велат овде...

508
00:47:20,600 --> 00:47:24,320
Ме нападна без причина.

509
00:47:25,360 --> 00:47:29,240
Се обидувам да најдам некој
да ме одвезе до болницата.

510
00:47:29,480 --> 00:47:32,120
Сега не можам да возам.

511
00:47:33,000 --> 00:47:34,960
Не можам да ја поместам ногата.

512
00:47:36,080 --> 00:47:39,520
Не можам ни да ја влечам.
А ни да ја допрам.

513
00:47:41,520 --> 00:47:44,040
Да видиме како ќе заврши
цела оваа мешаница."

514
00:47:51,480 --> 00:47:55,960
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПРАВНИ СТУДИИ
ПО ИМИГРАЦИЈА

515
00:47:57,160 --> 00:48:00,440
"Потребна правна помош"

516
00:48:02,600 --> 00:48:07,680
"Малтретирање на работник
од Молдавија во Италија"

517
00:48:22,240 --> 00:48:23,560
Седнете.

518
00:48:26,640 --> 00:48:28,160
Во ред.

519
00:48:51,960 --> 00:48:54,040
Ме турна во вилушкарот.

520
00:48:54,760 --> 00:48:57,760
Кожата, како да кажам...
Се изврти.

521
00:48:58,320 --> 00:49:00,000
Отидов во болница.

522
00:49:00,240 --> 00:49:03,400
Многу ме повреди.

523
00:49:04,920 --> 00:49:06,720
И згора на тоа...

524
00:49:10,040 --> 00:49:13,120
Имам документ. Ме избрка.

525
00:49:13,360 --> 00:49:15,520
Рече: "Луд си.

526
00:49:16,240 --> 00:49:20,320
Ќе ти покажам колку си луд.
Ќе те избркам."

527
00:49:20,560 --> 00:49:24,600
Ме разбирате, ме натера на...
На тестирање на менталното здравје.

528
00:49:25,160 --> 00:49:27,040
Овде бев на тестирање.

529
00:49:29,320 --> 00:49:31,360
Ми се плаче од тоа.

530
00:49:34,440 --> 00:49:36,720
Кога некој ќе ве нарече луд...

531
00:49:38,600 --> 00:49:40,080
Што се случи потоа?

532
00:49:40,320 --> 00:49:43,280
Ќе ви покажам, имам...

533
00:49:44,360 --> 00:49:49,640
Ги имам сите документи
од психијатар и од се.

534
00:49:49,880 --> 00:49:54,720
Се платив сам. Никогаш
не ми ги надомести тие трошоци.

535
00:49:55,600 --> 00:49:57,760
Може да побараме
надомест на трошоците.

536
00:49:58,000 --> 00:50:00,160
Неверојатно.

537
00:50:02,960 --> 00:50:08,040
Еве го календарот.
Сите прекувремени се на црно!

538
00:50:08,720 --> 00:50:12,280
Исто како што пишува овде, нели?

539
00:50:12,520 --> 00:50:13,600
Не!

540
00:50:13,840 --> 00:50:18,280
На крајот на годината ги уништува.
Овие ги скрив.

541
00:50:18,520 --> 00:50:21,000
Тој го направи сето тоа.

542
00:50:21,240 --> 00:50:23,640
Поради тоа го добив ова.

543
00:51:05,880 --> 00:51:09,080
Дури кога последниот пат
дојде кај мене,

544
00:51:09,760 --> 00:51:13,840
видов колкава тага носиш во себе.

545
00:51:14,880 --> 00:51:17,920
И многу размислував
за она што ми го рече.

546
00:51:18,160 --> 00:51:20,920
"Што направив толку лошо?

547
00:51:22,280 --> 00:51:24,280
Во што згрешив?"

548
00:51:24,760 --> 00:51:27,880
Секогаш мислев
дека правам се за вас.

549
00:51:28,120 --> 00:51:32,320
Ни испраќаше пари
и мислеше дека тоа е доволно.

550
00:51:32,600 --> 00:51:35,800
Но самото испраќање пари дома
не е доволно.

551
00:51:36,400 --> 00:51:38,760
Тогаш немав поим
што е сиромаштија.

552
00:51:39,000 --> 00:51:43,400
Ми беше поважно да бидеш добар,

553
00:51:43,640 --> 00:51:48,200
да ме прегрнеш, бакнеш, да ми кажеш
дека ме сакаш, да имаме мирен дом.

554
00:51:48,920 --> 00:51:51,640
Многу ми е жал

555
00:51:51,880 --> 00:51:57,480
што не сум ви ја покажал љубовта
која ја чувствував кон вас децата.

556
00:51:58,200 --> 00:52:00,000
Или не на вистинскиот начин.

557
00:52:00,480 --> 00:52:04,880
Се надевам дека гледаш
дека не сум веќе таа личност.

558
00:52:05,120 --> 00:52:08,640
Сега ми е јасно дека сум грешел.

559
00:52:09,360 --> 00:52:12,800
Да можам да го вратам времето.
би го сменил тоа.

560
00:52:13,680 --> 00:52:16,320
Но знам дека не можам.
Тоа е невозможно.

561
00:52:32,280 --> 00:52:36,600
Раду, одам кај свештеникот. -Може да
дојдам и јас да снимам неколку кадри?

562
00:52:39,160 --> 00:52:42,000
Ако свештеникот нема ништо против.

563
00:52:59,800 --> 00:53:02,160
Добар ден, пречесен.
- Благословен биди.

564
00:53:03,760 --> 00:53:06,360
Би сакал да разговарам со вас.

565
00:53:07,960 --> 00:53:11,560
Се надевав, бидејќи
денеска има помалку луѓе...

566
00:53:11,800 --> 00:53:13,640
Имам нешто на душата.

567
00:53:13,880 --> 00:53:16,440
Мојата средна ќерка се вика Лина.

568
00:53:17,040 --> 00:53:20,600
Беше одлична на училиште,

569
00:53:21,160 --> 00:53:24,720
но знаете колку е тешко
да ги зауздате децата.

570
00:53:25,600 --> 00:53:28,360
Лесно влегуваат во грев.

571
00:53:29,160 --> 00:53:31,720
Што да правам сега?

572
00:53:31,960 --> 00:53:34,920
Сфатив дека грешев
во некои работи.

573
00:53:35,440 --> 00:53:37,360
Не бев во право.

574
00:53:37,600 --> 00:53:41,520
На децата им треба повеќе
слобода отколку што мислев.

575
00:53:41,760 --> 00:53:45,320
Преку образованието што сте им го дале,
строг или не,

576
00:53:45,880 --> 00:53:48,760
добро сте ги одгледале.

577
00:53:50,080 --> 00:53:54,840
Сте ги спречиле развратот
и лошите одлуки.

578
00:53:55,080 --> 00:54:01,520
Ако таа девојка завршила
студии и си ги остварила целите,

579
00:54:03,000 --> 00:54:06,680
тоа значи дека добро
сте ја научиле.

580
00:54:07,360 --> 00:54:13,960
Зошто се грижите за грешките
во образованието на вашите деца?

581
00:54:14,440 --> 00:54:18,720
Зошто вашето дете не размисли за...

582
00:54:19,600 --> 00:54:21,480
За тоа како ве оставила?

583
00:54:21,720 --> 00:54:26,720
Да ве смета за виновен...
Тоа е погрешно.

584
00:54:34,000 --> 00:54:36,680
"Сега смеам да одам, нели?
- Да.

585
00:54:37,360 --> 00:54:38,360
Фала.

586
00:54:39,080 --> 00:54:40,480
Да, фала."

587
00:54:58,000 --> 00:54:59,200
"Извинете.

588
00:55:04,600 --> 00:55:07,200
Сте сакале да ме видите?
- Да.

589
00:55:15,160 --> 00:55:17,720
Еве го моето прво прашање.

590
00:55:19,840 --> 00:55:23,760
Кажете ми, зошто
не сте се појавиле на работа?

591
00:55:24,240 --> 00:55:26,200
Кога?
- Пред некој ден.

592
00:55:27,080 --> 00:55:30,440
Но тука сум!
- Таков е законот.

593
00:55:31,360 --> 00:55:33,080
Требало да бидете на работа.

594
00:55:33,320 --> 00:55:35,040
Никој ништо не ми кажува.

595
00:55:35,280 --> 00:55:38,400
Би требало да бидете
одговорен за својата работа!

596
00:55:38,680 --> 00:55:39,640
Но...

597
00:55:39,880 --> 00:55:42,520
Не сте се појавиле на работа.
Тоа е сериозно.

598
00:55:42,760 --> 00:55:44,920
Но јас не...

599
00:55:45,160 --> 00:55:48,160
Може да ве отпуштат
само поради тоа.

600
00:55:49,400 --> 00:55:51,320
Не, чекајте.
- Дајте отказ!

601
00:55:51,560 --> 00:55:54,960
Не можам.
Не сакам да дадам отказ!

602
00:55:55,200 --> 00:55:59,000
Од секогаш сакам да работам,
да имам нормална пензија.

603
00:55:59,240 --> 00:56:00,920
Законот е јасен. Потпишете.

604
00:56:01,600 --> 00:56:04,680
Нема да потпишувам ништо.
Ќе разговарам со адвокат!

605
00:56:04,920 --> 00:56:07,120
Сега е доста. Излегувајте!

606
00:56:07,360 --> 00:56:09,960
Не, но...
- Надвор!

607
00:56:10,760 --> 00:56:14,720
Знаете дека имам адвокат
и сакате да се ослободите од мене!

608
00:56:15,240 --> 00:56:18,400
Јас сум тој
што дава наредби овде!

609
00:56:18,960 --> 00:56:20,960
Да, знам.
- Јас!

610
00:56:21,200 --> 00:56:24,360
Но никогш не рековте...
- Пред мене одговарате.

611
00:56:25,000 --> 00:56:29,080
Не сакам да дадам отказ.
Нема!"

612
00:57:13,320 --> 00:57:17,520
Во ред е, г. Павел.
Ќе ги видиме пак во судот.

613
00:58:01,840 --> 00:58:05,480
{\an8}МОЛДАВИЈА

614
00:58:15,200 --> 00:58:17,800
Оди.
Јас ќе почнам овде.

615
00:58:18,920 --> 00:58:20,560
Ќе ја наместам.

616
00:58:22,040 --> 00:58:24,360
Така. Малку ќе те снимам!

617
00:58:25,000 --> 00:58:26,960
Како си, бабо?

618
00:58:29,600 --> 00:58:31,640
Како си?
- Бабиното девојче!

619
00:58:32,360 --> 00:58:34,520
Се поголема сум, нели?

620
00:58:35,120 --> 00:58:38,240
Убаво заокружена.
- Нормално. Само погледни!

621
00:58:40,160 --> 00:58:43,960
На мама и Дијана стомакот
во бременоста им беше потесен.

622
00:58:44,200 --> 00:58:47,440
Реков дека стомакот
им беше потесен во бременоста.

623
00:58:48,040 --> 00:58:49,960
Па нормално.

624
00:58:50,800 --> 00:58:52,800
Ова е девојче.
- Да.

625
00:58:53,560 --> 00:58:55,200
Стомакот со девојче е тркалезен.

626
00:58:55,920 --> 00:58:58,000
Со машките е шилест.

627
00:58:58,240 --> 00:58:59,840
Ова е девојче.

628
00:59:01,760 --> 00:59:03,880
Ви треба помош, г. Павел?
- Не!

629
00:59:04,560 --> 00:59:07,080
Ќе завршам пред да се качиш.

630
00:59:21,120 --> 00:59:23,840
Ќе пораснат ли доматите, мамо?

631
00:59:24,080 --> 00:59:26,560
Ќе дојдеш на лето и ќе јадеш.

632
00:59:26,800 --> 00:59:30,200
Слатки се и вкусни,
не како оние од супермаркет.

633
00:59:37,240 --> 00:59:41,400
Лина ја интересира
колку пати си се мажела.

634
00:59:41,640 --> 00:59:44,560
Три пати.
- Три пати.

635
00:59:45,760 --> 00:59:49,400
Со тато не си се венчала
в црква зашто бил комунист.

636
00:59:49,640 --> 00:59:52,120
И не верувал во Бога.

637
00:59:53,320 --> 00:59:54,800
Па, беше...

638
00:59:55,520 --> 00:59:59,040
Веруваше,
но не можеше ништо да направи.

639
00:59:59,320 --> 01:00:03,520
Дали баба ја тепал
некој од мажите?

640
01:00:04,320 --> 01:00:08,040
Не знам.
Дали те тепал некој од мажите?

641
01:00:08,320 --> 01:00:10,840
Не, била послушна жена.

642
01:00:12,120 --> 01:00:14,680
Знаев како со него.

643
01:00:15,240 --> 01:00:19,080
Беше изненаден што ја имам таа моќ.

644
01:00:19,640 --> 01:00:22,080
Си била добар психолог.

645
01:00:22,320 --> 01:00:26,760
Си видела дека е агресивен.
- Студирав психологија, знаеш.

646
01:00:27,000 --> 01:00:29,760
Си знаела како со него.

647
01:00:30,720 --> 01:00:34,120
На соседите им велеше:
"Како би ја тепал?

648
01:00:34,360 --> 01:00:38,240
Кога одам в кревет, таа работи.
Кога ќе се разбудам, таа работи."

649
01:00:38,800 --> 01:00:42,880
Кога ќе се напиеше и сакаше да направи
скандал, ја ставав масата за него

650
01:00:43,480 --> 01:00:47,680
му турав чаша вино,
му ги миев нозете...

651
01:00:47,920 --> 01:00:49,800
Му укажувала почит.

652
01:00:50,040 --> 01:00:52,240
Му велев: "Ќе разговараме изутрина."

653
01:00:59,560 --> 01:01:02,600
Што не ти е во ред со главата?

654
01:01:02,920 --> 01:01:06,840
Откако се врати, само критикуваш.

655
01:01:07,080 --> 01:01:09,160
Не сум направила ова или она.

656
01:01:09,600 --> 01:01:12,560
Зошто не знаеш да размислиш
со главата?

657
01:01:12,800 --> 01:01:14,240
Не можам!

658
01:01:14,720 --> 01:01:17,800
Не гледај ме така.

659
01:01:18,040 --> 01:01:20,120
Престани. Веднаш.

660
01:01:21,320 --> 01:01:24,480
Секогаш им се жалеше на децата.

661
01:01:24,720 --> 01:01:26,480
Глумиш жртва!

662
01:01:26,720 --> 01:01:30,760
На девојчињата никогаш
не сум им кажала лош збор за тебе!

663
01:01:31,240 --> 01:01:34,240
Не...
- Си ме оцрнувала пред нив!

664
01:01:42,800 --> 01:01:48,000
Во детството секоја вечер
изгледаше вака. Бесконечни расправии.

665
01:01:50,240 --> 01:01:53,320
Тогаш сакав само брзо да пораснам

666
01:01:53,560 --> 01:01:55,800
и да избегам одовде.

667
01:01:58,400 --> 01:02:00,520
Сега може да сум овде, каде што боли,

668
01:02:00,760 --> 01:02:03,440
колку што треба
за да си ги залечиме раните.

669
01:02:21,280 --> 01:02:24,400
Ајде, Лиуда,
исчисти го тоа па ќе ги навадиме.

670
01:02:26,000 --> 01:02:27,840
И искорни ги корените!

671
01:02:28,400 --> 01:02:31,320
Ова е цвет.
- Зошто го откорна?

672
01:02:32,680 --> 01:02:34,600
Зошто си ги ставила таму?

673
01:02:35,320 --> 01:02:36,880
Ова е цвеќе.

674
01:02:37,120 --> 01:02:39,280
Ова не е.

675
01:02:39,520 --> 01:02:40,840
Ова е плевел.

676
01:02:41,800 --> 01:02:43,960
Стави ја таа свеќа!

677
01:02:52,960 --> 01:02:55,000
За сеќавање на нив.

678
01:02:55,240 --> 01:02:59,480
Беа добри луѓе. Нашата фамилија
постои поради нив. -Побрзај.

679
01:02:59,720 --> 01:03:02,800
Да не беше баба ти, кој знае?

680
01:03:03,280 --> 01:03:06,600
Само побрзај.
- Ти се роди благодарение на неа.

681
01:03:07,160 --> 01:03:08,840
Нека почиваат во мир.

682
01:03:10,600 --> 01:03:13,360
Твојот дедо од војната
се врати со проблеми.

683
01:03:14,080 --> 01:03:18,000
Имаше потрес на мозокот,
кутриот. Стана нервозен.

684
01:03:20,040 --> 01:03:22,880
Сакаше да пие жестоки пијалаци.

685
01:03:23,720 --> 01:03:25,360
Од тоа му попушти желудникот.

686
01:03:25,600 --> 01:03:27,520
Да, не пиеше за уживање.

687
01:03:27,760 --> 01:03:29,680
Така велев!
- Се извинувам.

688
01:03:32,840 --> 01:03:33,760
Значи...

689
01:03:34,840 --> 01:03:37,360
Мојата мајка се грижеше за се.

690
01:03:37,880 --> 01:03:39,840
Таа правеше ракија.

691
01:03:40,080 --> 01:03:42,840
Всушност, таа правеше се.

692
01:03:44,360 --> 01:03:48,920
Ангажираше луѓе за жетва,
правеше вино...

693
01:03:49,160 --> 01:03:53,040
Ако ти треба кола, прашај ја мама.
Трактор? Прашај ја мама.

694
01:03:53,280 --> 01:03:57,160
Ти треба мајстор? Прашај ја мама.
Мама познава еден.

695
01:03:57,760 --> 01:04:01,440
Татко ми беше морнар.
Добар.

696
01:04:05,840 --> 01:04:08,560
Можеше да ти изработи сешто.

697
01:04:09,320 --> 01:04:10,880
Но како личност?

698
01:04:11,800 --> 01:04:13,760
Беше добродушен.

699
01:04:14,480 --> 01:04:17,480
Кога пиеше,
многу се расправаше со мама.

700
01:04:19,160 --> 01:04:23,960
Ако мама знаеше
кога треба да замолчи,

701
01:04:25,400 --> 01:04:28,120
тој се смируваше.

702
01:04:28,360 --> 01:04:32,560
Но ако разврзеше јазик,
ќотекот не и бегаше.

703
01:04:33,080 --> 01:04:36,160
Кога можеше, бегаше. Кога не...

704
01:04:36,400 --> 01:04:38,080
{\an8}Ако ја фатеше...

705
01:04:38,320 --> 01:04:42,680
{\an8}Се расправаа, потоа тој
разладуваше и се беше добро.

706
01:04:45,720 --> 01:04:48,840
{\an8}Мислам дека си простуваа еден на друг.

707
01:04:50,560 --> 01:04:54,800
Мислам дека нивните души се заедно,
спокојни во задгробниот живот.

708
01:04:55,560 --> 01:04:58,400
Ни еден не почина
со лутина во срцето.

709
01:04:59,240 --> 01:05:02,160
Сигурен сум дека тато
почина со жалење.

710
01:05:04,840 --> 01:05:08,080
{\an8}Откако мама почина,
често плачеше.

711
01:05:08,320 --> 01:05:10,520
{\an8}Кога и да ја спомнеше некој,
плачеше.

712
01:05:13,080 --> 01:05:16,040
{\an8}Мајка ми никогаш не му замеруваше.

713
01:05:16,360 --> 01:05:19,320
Никогаш не го мразеше.

714
01:05:20,720 --> 01:05:25,560
И кога ќе згрешеше нешто,
наоѓаше причина да му прости.

715
01:05:51,760 --> 01:05:53,000
Ало?

716
01:05:54,520 --> 01:05:56,880
Ало?
- Зошто се јави?

717
01:05:57,480 --> 01:05:59,880
Мојата роднина.
- Не требаше да се јавиш!

718
01:06:02,560 --> 01:06:04,560
Нели е така?

719
01:06:06,080 --> 01:06:09,400
Ти си виновна.
Ја исклучи навигацијата.

720
01:06:10,520 --> 01:06:14,240
Да, но...
- Замолчи веќе еднаш!

721
01:06:14,480 --> 01:06:16,200
Нема корист да се препираме!

722
01:06:32,560 --> 01:06:34,400
Како си, брату мили?

723
01:06:34,640 --> 01:06:37,440
Кој те научи да возиш вака?

724
01:06:46,120 --> 01:06:47,400
Зајчиња!

725
01:06:50,200 --> 01:06:51,880
Ги храниш зајците?

726
01:06:52,520 --> 01:06:55,280
Како стојат работите
меѓу тебе и Тамара?

727
01:06:55,960 --> 01:06:57,520
Како е со Тамара?

728
01:06:58,640 --> 01:07:01,480
Се сложувате
или уште постојано се расправате?

729
01:07:02,760 --> 01:07:06,200
Сега се децата тука,
па спие во другата куќа.

730
01:07:06,440 --> 01:07:08,880
Оваа недела се децата кај нас.

731
01:07:09,400 --> 01:07:12,560
Но кога го нема внукот...
- Тогаш спие тука.

732
01:07:12,800 --> 01:07:17,000
Бев загрижен да не дојдов
во незгодно време. Не? -Не.

733
01:07:18,080 --> 01:07:20,160
Не, се е во ред.
- Да?

734
01:07:20,800 --> 01:07:22,480
Зошто не би било?

735
01:07:22,720 --> 01:07:23,720
Не знам.

736
01:07:29,960 --> 01:07:32,280
Кој беше неговиот проблем,
тетка Тамара?

737
01:07:32,520 --> 01:07:35,280
Твојата тетка Стела
го викаше пијаница.

738
01:07:36,680 --> 01:07:38,520
Му велеше да пие помалку.

739
01:07:40,320 --> 01:07:43,640
Ми викаше мене дека требало
да бидам на негова страна

740
01:07:43,920 --> 01:07:45,600
и велеше дека не пие!

741
01:07:46,720 --> 01:07:50,240
"Како да кажам
дека не пиеш кога пиеш?

742
01:07:52,120 --> 01:07:53,920
Доста испив.

743
01:07:54,600 --> 01:07:57,000
Цел живот сум сам."

744
01:07:58,080 --> 01:08:01,560
Звучи како некој што го познаваме,
нели?

745
01:08:02,280 --> 01:08:03,680
Знаеш, Лина,

746
01:08:04,880 --> 01:08:09,680
од секогаш мислам дека би и било грозно
како и мене ако беше татко ти дома.

747
01:08:11,840 --> 01:08:14,880
На мајка ми? Поради татко ми?
- Да.

748
01:08:15,120 --> 01:08:18,600
Сто отсто сум сигурна
дека би им било полошо.

749
01:08:20,600 --> 01:08:24,440
Секогаш се прашувам
како преживеавте со мајка ти.

750
01:08:26,000 --> 01:08:29,360
Можеби татко ти не е лош,
но мене маж ми ме тепаше,

751
01:08:30,000 --> 01:08:33,080
ме избрка од дома
и ме гаѓаше со камења.

752
01:08:33,320 --> 01:08:37,040
Кога работеше во Шпанија,
дома ја доведе и љубовницата.

753
01:08:37,680 --> 01:08:40,400
Што се ми правеше!

754
01:08:42,280 --> 01:08:44,160
Зошто му прости?

755
01:08:46,680 --> 01:08:51,880
Лина, секогаш мислев...
Кога нашите деца ќе се вратат дома

756
01:08:52,120 --> 01:08:53,720
и кога ќе добијам внучиња,

757
01:08:53,960 --> 01:08:56,720
друг маж не би ги сакал
како свои.

758
01:08:56,960 --> 01:08:59,040
Речиси сме готови.
- И ние.

759
01:08:59,280 --> 01:09:01,520
Може ли да добијам сад за месото?

760
01:09:02,480 --> 01:09:03,840
Дали е овој добар?

761
01:09:04,440 --> 01:09:06,600
Дали е овој добар?
- Да.

762
01:09:09,360 --> 01:09:10,440
Да, тој!

763
01:09:15,880 --> 01:09:19,960
Камо да можам да добијам стан,
макар и еднособен!

764
01:09:21,360 --> 01:09:24,800
Зошто ти е?
- Не можам да живеам во таа куќа.

765
01:09:25,040 --> 01:09:27,440
Но немаш ли стан?

766
01:09:28,280 --> 01:09:29,440
Не е мој.

767
01:09:34,960 --> 01:09:38,000
Гледам дека веќе правиш планови.

768
01:09:40,280 --> 01:09:43,800
Доаѓа време кога самиот на себе
мораш да си бидеш најважен.

769
01:09:44,040 --> 01:09:49,840
Поради стрес веќе имав
чир и рак.

770
01:09:50,080 --> 01:09:51,600
Не сакам да ми се повтори.

771
01:09:58,080 --> 01:10:01,760
Агресијата е застрашувачки
честа во овие краишта.

772
01:10:03,400 --> 01:10:07,080
Кога бев мала,
се чувствував беспомошно.

773
01:10:08,320 --> 01:10:12,720
Потоа станав новинарка и се обидував
да сменам нешто со текстови.

774
01:10:16,320 --> 01:10:20,440
Сега знам дека единственото место
на кое можам да влијаам за промена

775
01:10:20,680 --> 01:10:22,320
е мојата фамилија.

776
01:10:36,720 --> 01:10:38,560
Моето преубаво девојче.

777
01:10:45,000 --> 01:10:46,560
Конечно стигна.

778
01:11:04,480 --> 01:11:08,760
Ме контактираше адвокатот
на другата страна

779
01:11:09,240 --> 01:11:12,720
да праша дали можеме
да најдеме решение.

780
01:11:13,200 --> 01:11:15,080
Треба да разговараме.

781
01:11:15,320 --> 01:11:21,280
Мислам на финансиско решение.
Компензација.

782
01:11:21,520 --> 01:11:25,920
За дополнителните часови
кои сте ги одработиле

783
01:11:26,600 --> 01:11:30,680
или за недостоинствениот третман
кој е резултат

784
01:11:30,920 --> 01:11:36,360
на докажаното однесување
на вашиот работодавач.

785
01:11:36,800 --> 01:11:42,440
Запомнете, тужбата трае
и мора да имате сведоци

786
01:11:44,040 --> 01:11:47,520
кои лично го виделе
вашиот работодавач

787
01:11:47,760 --> 01:11:51,560
и кои пред судијата
би можеле да се заколнат:

788
01:11:51,800 --> 01:11:57,240
"Да, видов дека овој човек
работеше од 8 до 20 часот

789
01:11:58,000 --> 01:12:00,600
и преку викенди."

790
01:12:01,480 --> 01:12:04,320
А тука е и неминовната штета.

791
01:12:04,560 --> 01:12:07,960
Имаме докази.
Сте ги снимиле.

792
01:12:08,520 --> 01:12:14,480
Но процената на судот за таа штета

793
01:12:15,480 --> 01:12:17,560
може многу да варира.

794
01:12:17,800 --> 01:12:19,520
Уморен сум.

795
01:12:19,760 --> 01:12:23,200
Јас... Исцрпен сум.

796
01:12:24,000 --> 01:12:27,760
И ментално и физички.

797
01:12:29,400 --> 01:12:33,920
Нормално, сакам да го завршам ова,
на овој или оној начин,

798
01:12:34,160 --> 01:12:37,000
но не било како,
туку достоинствено.

799
01:12:38,200 --> 01:12:41,080
Морате да одлучите.
Тоа е тешка одлука.

800
01:12:41,600 --> 01:12:45,120
Вашата приказна е многу долга
и комплицирана.

801
01:12:45,720 --> 01:12:48,720
Трае со години.
- Да. Со години.

802
01:12:49,240 --> 01:12:52,120
Откако сте поминале толку многу,

803
01:12:52,680 --> 01:12:56,120
не е лесно да се рече:
"Ајде да се договориме".

804
01:12:56,680 --> 01:12:59,760
Она што го видов на снимките

805
01:13:00,000 --> 01:13:05,320
навистина е многу трауматично,
физички и ментално.

806
01:13:31,600 --> 01:13:33,360
Ќе ја затворам вратата.

807
01:13:41,320 --> 01:13:42,240
"Добар ден.

808
01:13:46,080 --> 01:13:48,560
Дали ја прифаќате понудената спогодба?

809
01:13:48,800 --> 01:13:50,120
Ја прифаќам.

810
01:13:50,640 --> 01:13:51,880
Одлично.

811
01:13:53,760 --> 01:13:58,760
Се сложувате со се што е речено?

812
01:13:59,040 --> 01:14:01,200
Се сложувам.
- Одлично.

813
01:14:01,840 --> 01:14:04,600
Фала Богу што сево ова е готово.

814
01:14:05,120 --> 01:14:07,560
"Фала Богу!"

815
01:14:08,160 --> 01:14:11,200
Се е готово.
- "Да!"

816
01:14:13,120 --> 01:14:17,560
Се е добро.
Ќе се вратиме дома и ќе прославиме.

817
01:14:20,400 --> 01:14:22,320
Да, мораме да прославиме.

818
01:14:23,600 --> 01:14:24,600
Како што треба.

819
01:14:34,120 --> 01:14:37,040
Мило ми е што ја истеравме
правдата за тато.

820
01:14:38,960 --> 01:14:44,400
Парите од претходниот работодавач
значат помирна старост за него,

821
01:14:45,640 --> 01:14:48,760
како и уверување дека
злото може да се победи.

822
01:15:08,480 --> 01:15:11,440
Здраво, како си?

823
01:15:11,960 --> 01:15:13,560
Снимате?

824
01:15:18,720 --> 01:15:21,480
Не можеше да спиеш?
- Не.

825
01:15:22,080 --> 01:15:26,880
Испратив порака за Лина.
Одговори токму кога заспав.

826
01:15:27,400 --> 01:15:29,560
Одговорив...
- Предоцна!

827
01:15:29,800 --> 01:15:32,240
Пораката ме разбуди и...

828
01:15:32,480 --> 01:15:35,240
Што е ова, бестрага?
- Ноќна светилка.

829
01:15:36,040 --> 01:15:39,560
Да не го палам големото светло.

830
01:15:40,320 --> 01:15:45,120
Другите не се доволно силни.
И превисоки ми се да сменам сијалица.

831
01:15:58,280 --> 01:16:01,040
Не приговарај ми!

832
01:16:01,520 --> 01:16:03,880
Престани. Размисли.
Мрдни со главата.

833
01:16:04,120 --> 01:16:07,280
Ме полудува тоа
што не мислиш со своја глава!

834
01:16:07,520 --> 01:16:10,880
Едноставно не си способна за тоа!
- Можеби не сум.

835
01:16:11,120 --> 01:16:13,800
Како мислиш дека не си?

836
01:16:24,040 --> 01:16:27,120
Трпение, трпение...

837
01:16:27,360 --> 01:16:30,240
Колку и да се трудиш,
не си доволно добра.

838
01:16:30,480 --> 01:16:33,240
Секогаш си лоша. Лоша! Лоша!

839
01:16:35,360 --> 01:16:38,520
Од секогаш се плашев
дека нема да се снајдам сама,

840
01:16:38,760 --> 01:16:42,160
дека нема да издржам,
дека нема да имам доволно пари.

841
01:16:43,640 --> 01:16:48,240
Еве како се однесува тој!
И секогаш мисли дека немам право.

842
01:16:48,480 --> 01:16:51,000
"Зошто тоа си го преместила таму?

843
01:16:51,240 --> 01:16:53,320
Зошто не си го направила тоа?"

844
01:16:53,560 --> 01:16:56,000
Секогаш сум јас виновна.

845
01:16:57,360 --> 01:17:01,320
Кога ќе пораснеш во дом,

846
01:17:02,000 --> 01:17:04,800
немаш искуство во животот.

847
01:17:05,440 --> 01:17:10,120
Не знаеш какво треба да е семејството,
каков треба да е таткото кон мене.

848
01:17:10,760 --> 01:17:15,000
Во нашата куќа секогаш
беше чудно со мојот очув.

849
01:17:15,240 --> 01:17:17,200
Не можев да се зближам со мајка ми.

850
01:17:17,440 --> 01:17:21,640
Останав без татко,
но уште ја имав мајка ми.

851
01:17:21,880 --> 01:17:26,240
Потоа се преселивме во неговата куќа
и ја изгубив и мајка ми.

852
01:17:36,640 --> 01:17:39,000
Беше премногу тешко.

853
01:17:39,520 --> 01:17:41,920
Знам, душо. Знам.

854
01:17:45,760 --> 01:17:48,600
Еднаш го удрив очувот.

855
01:17:50,520 --> 01:17:56,560
Не сакав да имате очув.
Затоа никогаш не го оставив.

856
01:18:02,720 --> 01:18:06,800
Наскоро ќе си заминеш.
Имаш свој живот.

857
01:18:07,400 --> 01:18:11,680
И јас ќе донесам некои одлуки.

858
01:18:18,640 --> 01:18:20,200
Добро, смири се сега.

859
01:18:50,480 --> 01:18:53,960
Откако се роди Астер,
прв пат во животот имам чувство

860
01:18:54,240 --> 01:18:58,040
дека делови од мене кои секогаш
војувале конечно се ускладиле.

861
01:19:04,680 --> 01:19:08,920
Научив да живеам во нежниот свет
во кој љубовта не боли.

862
01:19:11,120 --> 01:19:12,320
Астер!

863
01:19:13,720 --> 01:19:15,840
Види, го гледам нашиот свет!

864
01:19:16,360 --> 01:19:17,800
Секој ден се трудам

865
01:19:18,040 --> 01:19:23,280
моето девојче да има помирен живот од
другите генерации во мојата фамилија.

866
01:19:38,240 --> 01:19:40,200
Сакам да дојдам горе!

867
01:19:42,720 --> 01:19:45,240
Сакам да седнам покрај тебе!

868
01:19:47,840 --> 01:19:50,800
Татичко, те сакам!
- И јас тебе.

869
01:20:05,080 --> 01:20:06,880
Што пишува таму?

870
01:20:07,920 --> 01:20:10,760
Што пишува?
- Можеш ли да ми прочиташ?

871
01:20:15,040 --> 01:20:16,760
Еве што пишува...

872
01:20:18,040 --> 01:20:19,520
Се вознемири?

873
01:20:21,200 --> 01:20:23,080
Зошто се вознемири?

874
01:20:23,800 --> 01:20:25,760
Зошто се вознемири?

875
01:20:26,720 --> 01:20:29,120
Ќе ти кажам кога ќе пораснеш малку.

876
01:20:29,360 --> 01:20:32,960
Но зошто си вознемирена?

877
01:20:34,280 --> 01:20:36,000
Само кажи ми!

878
01:20:37,960 --> 01:20:39,520
Кажи ми!

879
01:20:39,760 --> 01:20:43,680
Душо, луѓето понекогаш
се едноставно вознемирени.

880
01:20:44,720 --> 01:20:47,440
Но зошто си вознемирена?

881
01:20:47,680 --> 01:20:49,960
Бакни ме и ќе ми биде подобро.

882
01:20:52,640 --> 01:20:53,800
Ете!

883
01:20:55,560 --> 01:20:57,280
Читај ми!

884
01:21:34,560 --> 01:21:38,720
МЕДИЈАТРАНСЛЕЈШНС



