1
00:00:02,000 --> 00:00:07,000
Downloaded from
YTS.MX

2
00:00:08,000 --> 00:00:13,000
Official YIFY movies site:
YTS.MX

3
00:00:21,938 --> 00:00:25,734
ВО ОВАА ЕМИСИЈА ИМА СЦЕНИ
СО МНОГУ КРВ ОД ВОЕНИ ЗОНИ

4
00:00:32,115 --> 00:00:34,826
Ја преминуваме реката
од Гватемала во Мексико.

5
00:00:34,909 --> 00:00:37,620
Со мигрантите со кои патуваме,

6
00:00:37,704 --> 00:00:39,622
па и со овој млад човек
од Хондурас пред нас.

7
00:00:39,706 --> 00:00:41,124
БРЕНТ РЕНО
РЕЖИСЕР И НОВИНАР

8
00:00:41,207 --> 00:00:44,085
Вели дека нема пари.
А чини само неколку центи

9
00:00:44,169 --> 00:00:46,212
да се премине реката со сплав.

10
00:00:46,296 --> 00:00:49,090
Но, вели дека треба
да ги штеди парите за патувањето.

11
00:00:49,174 --> 00:00:52,218
Така и ние ќе преминеме,
а не е лесно.

12
00:01:00,643 --> 00:01:01,686
Благодарам.

13
00:01:06,775 --> 00:01:09,944
Замислете да имате 16 години,

14
00:01:10,945 --> 00:01:12,697
да си заминете од домот сами

15
00:01:13,907 --> 00:01:17,077
и да се обидете да стигнете
од Хондурас дури до Соединетите Држави.

16
00:01:21,915 --> 00:01:23,917
Ентони, сите овие опасности.

17
00:01:24,000 --> 00:01:28,088
Не е нормално дете да го прави ова.

18
00:01:28,171 --> 00:01:32,050
Немам ни мајка, ни татко.

19
00:01:33,176 --> 00:01:37,847
Сам сум од 10 години.

20
00:01:38,807 --> 00:01:41,226
Сакам да одам на ова патување,

21
00:01:41,309 --> 00:01:43,061
на север

22
00:01:43,144 --> 00:01:45,146
да основам свое семејство,

23
00:01:45,230 --> 00:01:47,482
ако даде Господ.

24
00:01:52,403 --> 00:01:56,533
Ентони, внимавај. Добро?
Се надевам дека ќе се видиме пак.

25
00:02:01,746 --> 00:02:04,791
ПО СЕДУМ ГОДИНИ

26
00:02:06,126 --> 00:02:09,712
УКРАИНА
2022

27
00:02:17,095 --> 00:02:19,305
Имаше ракетен напад.

28
00:02:20,265 --> 00:02:21,891
Да си одиме оттука.

29
00:02:24,227 --> 00:02:25,770
- Брент, одиме.
- Добро.

30
00:02:26,479 --> 00:02:27,939
- Да си одиме оттука.
- Добро.

31
00:02:34,821 --> 00:02:41,411
БРЕНТ РЕНО ПОЧНА ДА ИЗВЕСТУВА ЗА ВОЈНАТА
НАБРГУ ОТКАКО РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА

32
00:02:44,038 --> 00:02:45,165
Има војници онаму.

33
00:02:58,636 --> 00:02:59,762
Не изгледа добро.

34
00:03:17,864 --> 00:03:20,700
БРЕНТ РЕНО

35
00:03:21,451 --> 00:03:23,161
Тука бевте кога удри бомбата?

36
00:03:23,244 --> 00:03:27,457
Да, тука бевме.
На вториот кат од другата страна.

37
00:03:28,124 --> 00:03:32,879
Имаше три експлозии.
Сè се сруши.

38
00:03:33,254 --> 00:03:36,883
Предната врата се разнесе.
Не можам да објаснам.

39
00:03:38,426 --> 00:03:39,969
Многу сме исплашени.

40
00:03:45,350 --> 00:03:47,310
Ви благодарам. Многу ми е жал.

41
00:04:04,035 --> 00:04:06,829
- Ова беше вашиот дом?
- Да, беше.

42
00:04:10,291 --> 00:04:13,002
Куќата ја нема. Ништо нема.

43
00:04:13,711 --> 00:04:15,505
Што мислите за оваа војна?

44
00:04:15,588 --> 00:04:17,507
Така се борат Русите.

45
00:04:18,508 --> 00:04:19,509
Каде ќе одите сега?

46
00:04:20,009 --> 00:04:23,680
Не знам. Ова е трагедија.

47
00:04:25,098 --> 00:04:30,728
Нека се проклети Русите.

48
00:04:31,271 --> 00:04:33,022
Не рускиот народ.

49
00:04:33,773 --> 00:04:35,441
Ја проколнувам нивната влада.

50
00:04:36,067 --> 00:04:38,778
Сите луѓе на Путин.

51
00:04:40,655 --> 00:04:42,949
Ова е криминал.

52
00:04:46,577 --> 00:04:47,745
Извинете.

53
00:04:52,917 --> 00:04:54,377
Тешко е да се гледа ова.

54
00:04:58,423 --> 00:04:59,674
Многу тешко.

55
00:05:22,864 --> 00:05:29,829
ВООРУЖЕН САМО СО КАМЕРА:
ЖИВОТОТ И СМРТТА НА БРЕНТ РЕНО

56
00:05:32,415 --> 00:05:35,084
НА 22 МАРТ 2022,
БРЕНТ РЕНО ПАДНА ВО ЗАСЕДА

57
00:05:35,209 --> 00:05:38,338
НА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ
ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАШЕ

58
00:05:45,553 --> 00:05:50,475
Убија новинари пред 10 минути.

59
00:05:50,558 --> 00:05:53,269
Новинар од Америка.

60
00:05:53,353 --> 00:05:57,315
Го убиле Брент Рено.

61
00:05:58,191 --> 00:06:01,694
Непријателот го застрелал во глава.

62
00:06:02,403 --> 00:06:05,531
Ранетите отидоа во болница.

63
00:06:06,866 --> 00:06:11,996
Денеска близу Киев,
новинарот Брент Рено беше убиен.

64
00:06:12,455 --> 00:06:17,585
Неговиот колега беше ранет.
Намерен напад на Русија.

65
00:06:17,668 --> 00:06:21,714
Тукушто добивме најнови вести
што ќе ги споделиме со вас. Брент Рено,

66
00:06:21,798 --> 00:06:26,135
американски фотоновинар,
е убиен додека работел во Украина.

67
00:06:26,219 --> 00:06:30,723
<i>Американскиот фотограф</i>
<i>Хуан Аредондо бил повреден во нападот.</i>

68
00:06:30,807 --> 00:06:33,309
Брент Рено загина трагично.

69
00:06:33,393 --> 00:06:36,562
Ја поздравуваме работата што ја вршеше,

70
00:06:36,646 --> 00:06:38,731
храброста со која го правеше тоа.

71
00:06:38,815 --> 00:06:42,652
Голема загуба за новинарството денеска.

72
00:06:43,528 --> 00:06:46,280
Знаете, тој и брат му Крег
направија многу документарни емисии.

73
00:06:46,364 --> 00:06:49,450
Дали успеавте да зборувате со Крег
или со саканите тука?

74
00:06:50,576 --> 00:06:54,747
Да, зборував со Крег.
И тој се справува со тешки работи сега

75
00:06:54,831 --> 00:06:57,208
за да успее да го донесе Брент.

76
00:07:00,837 --> 00:07:04,132
КРЕГ РЕНО
ПОМАЛИОТ БРАТ НА РЕНО

77
00:07:04,257 --> 00:07:05,299
Па...

78
00:07:07,218 --> 00:07:08,344
Па...

79
00:07:09,345 --> 00:07:11,848
Постојано повторуваше:
"Пукаат во нас, пукаат во нас.

80
00:07:11,931 --> 00:07:13,599
Пукаат во нас." Тој, знаете...

81
00:07:14,851 --> 00:07:16,269
Прашав: "Каде е Брент?"

82
00:07:17,228 --> 00:07:19,272
Ми рече: "И него го застрелаа."

83
00:07:20,022 --> 00:07:24,694
Мене ме извлекоа со друго возило.
Тој е уште таму.

84
00:07:25,361 --> 00:07:27,280
Прашав: "Каде беше застрелан?"

85
00:07:27,363 --> 00:07:31,409
Реков: "Го носеше панцирот?"
Ми одговори: "Да."

86
00:07:32,076 --> 00:07:35,204
И потоа прашав:
"Го застрелаа во панцирот или во лицето?"

87
00:07:37,331 --> 00:07:41,627
Хуан подзастана, не ми одговори.
И тогаш знаев дека Брент веќе го нема.

88
00:07:48,885 --> 00:07:49,927
Проверка.

89
00:07:52,221 --> 00:07:55,057
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАГРАДИТЕ
НА ДУПОН-КОЛУМБИЈА ОД 2011

90
00:07:55,141 --> 00:07:57,226
Се викам Брент Рено.
Ова е брат ми Крег.

91
00:07:59,520 --> 00:08:02,356
Би сакал да кажам нешто
за тоа од каде потекнуваме.

92
00:08:02,857 --> 00:08:06,277
Како деца пораснавме во Арканзас,
брат ми и јас бевме честопати сами.

93
00:08:07,320 --> 00:08:09,405
Татко ми беше трговски патник.

94
00:08:09,489 --> 00:08:11,991
Продаваше токи за ремени,
тутун за џвакање и спомени од НАСКАР

95
00:08:12,074 --> 00:08:14,535
на сопствениците на постојки за камиони
по целиот југ.

96
00:08:14,619 --> 00:08:18,164
А, мајка ми или учеше за диплома
или работеше нешто.

97
00:08:18,915 --> 00:08:21,792
Сакав риболов, мотори и пушки.

98
00:08:21,876 --> 00:08:23,503
Типично за момче од југот.

99
00:08:24,253 --> 00:08:25,922
Само што јас не бев типичен.

100
00:08:26,005 --> 00:08:28,508
Имав аутизам и, за жал,
никој од возрасните околу мене

101
00:08:28,591 --> 00:08:30,051
немаа слушнато за тоа.

102
00:08:31,302 --> 00:08:33,596
Можеби не е зачудувачки,
со брат ми крај мене,

103
00:08:33,679 --> 00:08:35,181
се мачев да стекнам пријатели.

104
00:08:38,226 --> 00:08:41,479
Во мислите бев фотограф
од 10-годишна возраст

105
00:08:41,562 --> 00:08:44,565
кога татко ми ми го даде
фотоапаратот "Минолта" од 1974.

106
00:08:45,066 --> 00:08:47,109
Го сакам дизајнот со црно и сребрено.

107
00:08:47,193 --> 00:08:48,444
Си мислев дека
личи на фотоапарат

108
00:08:48,528 --> 00:08:50,613
што го користат фотографите во филмовите.

109
00:08:59,121 --> 00:09:02,333
УКРАИНА
2022

110
00:09:21,143 --> 00:09:23,646
Многу бргу некој почина.

111
00:09:47,169 --> 00:09:49,380
Тука се гледа каде влегол куршумот.

112
00:09:52,133 --> 00:09:53,342
Зошто го правиш ова?

113
00:09:54,760 --> 00:09:57,263
Знам дека ова би го правел Брент.

114
00:10:01,100 --> 00:10:05,062
Знам дека Брент секогаш сметаше
дека е важно да не се криеме

115
00:10:05,146 --> 00:10:08,482
од реалноста, од тоа што им прават
насилството и војните на луѓето.

116
00:10:11,861 --> 00:10:14,530
Знам дека ќе сакаше
да го снимам ова.

117
00:10:26,876 --> 00:10:29,503
<i>Брат ми Брент</i>
<i>беше две години постар од мене.</i>

118
00:10:29,587 --> 00:10:33,633
<i>Кога бевме мали,</i>
<i>помнам дека го следев Брент насекаде.</i>

119
00:10:34,508 --> 00:10:36,010
<i>Секогаш се угледував на него.</i>

120
00:10:40,097 --> 00:10:43,309
<i>Кога Брент ми рече дека сака</i>
<i>да биде режисер на документарци,</i>

121
00:10:43,392 --> 00:10:45,770
<i>морав да бидам крај него.</i>

122
00:10:48,272 --> 00:10:51,359
<i>И следните 20 години,</i>
<i>го следев мојот постар брат</i>

123
00:10:51,442 --> 00:10:53,611
<i>на најопасните места на светот.</i>

124
00:10:56,614 --> 00:10:59,241
<i>Четири војници од Арканзас</i>
<i>беа убиени во Ирак.</i>

125
00:10:59,867 --> 00:11:04,538
Ни се придружија браќата Рено.
Ова се Крег и Брент Рено,

126
00:11:04,622 --> 00:11:08,209
режисерите од Арканзас кои се приклучија
на Националната гарда на Арканзас

127
00:11:08,292 --> 00:11:11,462
на целата нивната мисија во Ирак.

128
00:11:12,672 --> 00:11:14,006
Удри онаму.

129
00:11:15,841 --> 00:11:17,385
Нè опколуваат.

130
00:11:17,468 --> 00:11:21,639
Брент снимаше од фронтот
на конфликтите низ целиот свет,

131
00:11:21,722 --> 00:11:25,643
но најмногу се грижеше
за луѓето заглавени во средина.

132
00:11:25,726 --> 00:11:27,353
ИРАК
2003

133
00:11:32,942 --> 00:11:36,362
Кога беше мало бебе. Кога се роди.

134
00:11:39,990 --> 00:11:42,827
Велат, најтешко за една мајка
е да си го загуби чедото.

135
00:11:42,910 --> 00:11:47,248
Така е, вистина е.
Не можам да спијам.

136
00:11:47,331 --> 00:11:50,334
Постојано гледам во сликата со него.
Знаеш?

137
00:11:56,006 --> 00:11:57,675
Ќе ти ги покажам панталоните.

138
00:12:00,094 --> 00:12:01,429
Ова е ногата.

139
00:12:02,263 --> 00:12:04,390
Види ги сите овие дупки од бомбата.

140
00:12:04,473 --> 00:12:07,226
А рекоа: "Не убиваме цивили."

141
00:12:07,309 --> 00:12:08,894
Види ја крвта.

142
00:12:08,978 --> 00:12:10,187
Види.

143
00:12:23,784 --> 00:12:26,579
ХОНДУРАС
2015

144
00:12:41,135 --> 00:12:44,096
Дојди овде. Ова е за тебе.

145
00:12:44,722 --> 00:12:48,934
Сите ќе добијат четка за заби.

146
00:12:49,018 --> 00:12:52,271
Ќе ви покажам како се користи.

147
00:12:53,147 --> 00:12:55,983
Четкајте горе.

148
00:13:00,070 --> 00:13:05,117
Се викам Карен Џоана, имам 15 години.

149
00:13:05,701 --> 00:13:08,120
Кажи ми, што гледаш тука?
Што е сето ова?

150
00:13:10,706 --> 00:13:16,587
Камионите одлагаат отпад,
ние го рециклираме за пари.

151
00:13:17,588 --> 00:13:18,631
Одиш на училиште?

152
00:13:20,216 --> 00:13:21,967
Не.

153
00:13:38,484 --> 00:13:42,822
Одиме да посетиме семејство
кое се крие во ова соседство.

154
00:13:42,905 --> 00:13:46,450
Се кријат зашто мајката ја обвинила

155
00:13:47,701 --> 00:13:49,954
бандата од 18. улица за киднапирање

156
00:13:50,037 --> 00:13:52,456
и дел од членовите на бандата
се во затвор.

157
00:13:53,582 --> 00:13:55,668
И бандата рекла
дека ќе го убијат целото семејство.

158
00:13:55,751 --> 00:13:58,212
Ќе одиме кај нив дома
и ќе разговараме со нив.

159
00:13:59,046 --> 00:14:00,714
- Може да ја спуштиш камерата?
- Да.

160
00:14:32,037 --> 00:14:33,205
Здраво.

161
00:14:34,748 --> 00:14:37,084
- Колку години имате?
- Шеснаесет.

162
00:14:37,710 --> 00:14:38,794
Петнаесет.

163
00:14:39,169 --> 00:14:41,255
Се обидувавте да одите
во Соединетите Држави?

164
00:14:41,338 --> 00:14:42,464
Тоа ви беше целта?

165
00:14:42,548 --> 00:14:45,759
Да, ја киднапираа мајка ми

166
00:14:45,885 --> 00:14:50,472
и бандата ја продаде.

167
00:14:50,556 --> 00:14:56,770
Полицијата ја спаси

168
00:14:57,563 --> 00:14:58,647
од куќата на бандата.

169
00:14:59,148 --> 00:15:01,525
Полицијата ни вети дека ќе нè заштитува,

170
00:15:01,775 --> 00:15:05,487
но не ни помагаат.

171
00:15:06,196 --> 00:15:09,158
Знаете дека има многу деца
како вас во Соединетите Држави.

172
00:15:09,241 --> 00:15:11,994
Многумина ја кажуваат истата приказна.

173
00:15:12,077 --> 00:15:14,496
Велат дека се плашат
да се вратат тука затоа што е опасно,

174
00:15:14,580 --> 00:15:16,749
дека бандите може да ги убијат и нив.

175
00:15:16,832 --> 00:15:18,959
Луѓето во Соединетите Држави
не им веруваат.

176
00:15:19,043 --> 00:15:20,836
Сега се криете од бандата?

177
00:15:20,920 --> 00:15:23,380
- Загрижени сте за животите?
- Да.

178
00:15:24,006 --> 00:15:26,675
- Што ќе се случи ако ве најдат?
- Ќе нè убијат.

179
00:15:48,530 --> 00:15:52,576
Очигледно, бил застрелан додека возел.
Потоа удрил во овој џип тука.

180
00:16:02,252 --> 00:16:04,838
<i>Брент беше многу напрегнат и тивок,</i>

181
00:16:04,922 --> 00:16:08,842
<i>не беше човек</i>
<i>кој зборуваше за своите искуства,</i>

182
00:16:08,926 --> 00:16:12,680
<i>како за апсењето во Сомалија,</i>
<i>стражарите го претепале.</i>

183
00:16:14,515 --> 00:16:19,353
<i>Брент беше опуштен</i>
<i>само со кучето Чај.</i>

184
00:16:25,275 --> 00:16:26,318
ГЛАСОТ НА БРЕНТ

185
00:16:26,402 --> 00:16:28,028
<i>Патуваме со Чај во кола по патишта</i>

186
00:16:28,112 --> 00:16:29,446
<i>од кога беше малечка.</i>

187
00:16:36,704 --> 00:16:39,581
<i>Дијагнозата за аутизам</i>
<i>многу малку кажува за човекот.</i>

188
00:16:40,207 --> 00:16:43,877
<i>Можам да бидам мирен како монах</i>
<i>во битка и во катастрофални зони,</i>

189
00:16:43,961 --> 00:16:47,423
<i>но со години се вадев од памет</i>
<i>од коктел-забавите во Бруклин.</i>

190
00:16:51,885 --> 00:16:54,847
<i>Чај ми е најдобрата другарка</i>
<i>и мојата сопатничка за терапија.</i>

191
00:16:57,266 --> 00:17:00,269
Ете, ајде. Дојди, кутре.

192
00:17:00,352 --> 00:17:02,438
Умно кутре.

193
00:17:07,693 --> 00:17:10,946
ХАИТИ
2010

194
00:17:15,534 --> 00:17:18,287
Тешко е да се замисли
посуров настан од земјотресот

195
00:17:18,370 --> 00:17:20,497
што го погоди Хаити на 12 јануари.

196
00:17:20,581 --> 00:17:22,207
Ако ме прашавте пред земјотресот

197
00:17:22,291 --> 00:17:24,918
дали нештата би се влошиле во Хаити,

198
00:17:25,002 --> 00:17:27,004
ќе ви кажев дека не знам како.

199
00:17:36,555 --> 00:17:39,975
Повеќето луѓе
сега живеат на улица зашто...

200
00:17:40,059 --> 00:17:41,060
АЛИКС СЕНВИЛ
ПОЛИЦИЈА НА ОН

201
00:17:41,143 --> 00:17:42,811
Луѓето се обидуваат да преживеат.

202
00:17:44,146 --> 00:17:47,483
- Ни треба вашата помош.
- Застанете, ве молам. Ни треба помош.

203
00:17:47,608 --> 00:17:48,734
Немам вода.

204
00:17:52,237 --> 00:17:56,992
Многу луѓе загинаа, гладуваме.
Нема вода.

205
00:17:59,328 --> 00:18:03,290
Можам да зборувам
само со еден едновремено, добро?

206
00:18:03,373 --> 00:18:08,253
Ни треба помош, никој не доаѓа.

207
00:18:08,337 --> 00:18:11,090
Претседателската палата се сруши.
Нема влада.

208
00:18:11,381 --> 00:18:15,302
Помошта полека ќе дојде.
Нема да биде лесно.

209
00:18:16,386 --> 00:18:18,222
- Што му се случило?
- Го погоди тула.

210
00:18:19,807 --> 00:18:25,187
Ако имате сериозни проблеми
како повредата на ова момче,

211
00:18:25,270 --> 00:18:29,483
одете во болница. Имаат хирурзи.

212
00:18:48,377 --> 00:18:49,670
Зеде нешто?

213
00:18:50,212 --> 00:18:55,801
Не, сите се тепаа. Ме истуркаа.

214
00:19:00,681 --> 00:19:04,059
Кога стресе земјотресот, бев со мајка им,

215
00:19:04,143 --> 00:19:08,230
плафонот падна и таа загина.

216
00:19:08,313 --> 00:19:10,315
И татко им е мртов.

217
00:19:12,109 --> 00:19:16,488
Бев среќен кога беше жива мајка ми.
Сега немам ништо.

218
00:19:20,951 --> 00:19:25,831
Плачат кога ќе се сетат на родителите.

219
00:19:26,248 --> 00:19:31,461
Плачат и затоа што се гладни.

220
00:19:31,837 --> 00:19:33,797
Но јас не можам да ги нахранам.

221
00:19:41,889 --> 00:19:44,683
Режисерот и новинар Брент Рено
го загуби животот документирајќи ги

222
00:19:44,766 --> 00:19:46,727
ужасите на бојното поле во Украина.

223
00:19:47,311 --> 00:19:50,105
Пристигнуваат искрени изрази на почит
за наградуваниот режисер.

224
00:19:50,189 --> 00:19:53,025
Тогаш патувал
со фотоновинарот Хуан Аредондо,

225
00:19:53,108 --> 00:19:55,068
кој едвај се спасил.

226
00:20:05,245 --> 00:20:07,623
Многу ми е мило што си жив.
Мило ми е.

227
00:20:07,706 --> 00:20:09,416
- Многу ми е жал.
- Во ред е.

228
00:20:12,252 --> 00:20:15,923
- Не можам да го извадам од глава.
- Во ред е, знам.

229
00:20:16,548 --> 00:20:18,217
Не можам да спијам.

230
00:20:18,759 --> 00:20:22,095
Уште ја имам неговата крв на прстот,
се обидував да го запрам крварењето.

231
00:20:22,179 --> 00:20:24,389
Знам, не можеше ништо да сториш.

232
00:20:25,724 --> 00:20:29,353
Уште ги слушам куршумите и звуците.

233
00:20:30,020 --> 00:20:33,774
Си помислив во еден момент:
"Толку е, готов сум."

234
00:20:33,857 --> 00:20:38,570
И продолжив да го допирам Брент.

235
00:20:38,654 --> 00:20:40,447
Кога се разбудив,

236
00:20:40,530 --> 00:20:45,410
видов дека крвари од вратот.
Го фатив, се обидов да го запрам,

237
00:20:45,494 --> 00:20:47,871
видов дека мрмори нешто,

238
00:20:48,497 --> 00:20:50,374
но јас го молев возачот да вози.

239
00:20:50,457 --> 00:20:51,667
- Да оди.
- Да.

240
00:20:52,626 --> 00:20:54,836
И, да.

241
00:20:54,920 --> 00:20:58,757
Тоа не можам да го извадам од глава.

242
00:21:02,511 --> 00:21:04,638
- Многу ми е жал.
- Не вели така.

243
00:21:04,721 --> 00:21:08,016
Во ред е, не вели така. Прифатив.

244
00:21:08,100 --> 00:21:10,519
- Ми недостига мојот пријател.
- И мене ми недостига многу.

245
00:21:12,145 --> 00:21:13,230
Многу.

246
00:21:18,735 --> 00:21:21,488
СОМАЛИЈА
2017

247
00:21:41,216 --> 00:21:42,342
Од безбедносни причини,

248
00:21:42,426 --> 00:21:44,177
би било добро да бидете на едно место

249
00:21:44,261 --> 00:21:46,054
не повеќе од дваесет минути.

250
00:22:07,492 --> 00:22:09,244
Малик, што...
Опиши ми што гледаш.

251
00:22:09,328 --> 00:22:10,704
МАЛИК АБДУЛА
ЕКСПЕРТ ЗА ТЕРОРИЗАМ

252
00:22:10,829 --> 00:22:12,831
Ова... Не знам, не можам да го опишам.

253
00:22:13,332 --> 00:22:15,125
Опсегот на овој напад

254
00:22:15,250 --> 00:22:16,793
е досега невиден.

255
00:22:20,422 --> 00:22:22,924
Ова е најголемата автомобил-бомба

256
00:22:23,008 --> 00:22:25,344
во историјата на Сомалија.

257
00:22:27,596 --> 00:22:29,264
Ова се телата,

258
00:22:29,348 --> 00:22:31,308
останки на жртвите.

259
00:22:46,948 --> 00:22:48,367
Ја изгуби раката

260
00:22:48,658 --> 00:22:49,785
во нападот.

261
00:22:53,872 --> 00:22:55,665
Што помни за тоа што се случи?

262
00:22:57,292 --> 00:22:58,710
Кога почна нападот,

263
00:23:02,255 --> 00:23:04,674
камионот со бомбата

264
00:23:05,592 --> 00:23:07,719
удри во автомобил.

265
00:23:07,803 --> 00:23:08,804
Виде како експлодира?

266
00:23:08,970 --> 00:23:10,013
Видел, рече.

267
00:23:10,097 --> 00:23:11,139
Пожар насекаде.
Многу жешко.

268
00:23:11,223 --> 00:23:12,307
Рече, топло.
Многу жешко.

269
00:23:12,557 --> 00:23:14,810
Ќе се молиме за тебе

270
00:23:15,477 --> 00:23:16,895
да закрепнеш побргу.

271
00:23:18,730 --> 00:23:20,565
Има бебе тука.

272
00:23:22,651 --> 00:23:23,777
Шрапнел ја погодил?

273
00:23:24,611 --> 00:23:28,782
Ова се шрапнелите што ја повредиле.

274
00:23:28,865 --> 00:23:30,033
Колку години има?

275
00:23:31,576 --> 00:23:32,994
Шест години.

276
00:23:33,161 --> 00:23:34,538
Исто колку ќерка ми.

277
00:23:34,913 --> 00:23:35,997
Овие се монструми.

278
00:23:36,540 --> 00:23:38,166
Што сторила таа, знаеш?

279
00:23:38,875 --> 00:23:40,460
Не сторила ништо.

280
00:23:40,836 --> 00:23:44,005
Како можат да ја повредат
оваа мала принцеза?

281
00:23:49,678 --> 00:23:50,720
Може да снимам?

282
00:23:50,887 --> 00:23:52,514
Дојди да зборуваме.

283
00:23:52,597 --> 00:23:54,141
Може да зборуваме?

284
00:23:54,224 --> 00:23:55,267
Како се викаш?

285
00:23:55,350 --> 00:23:56,601
Се викам Брент.

286
00:23:56,685 --> 00:23:58,562
- Брент?
- Да.

287
00:23:58,645 --> 00:24:02,232
- Може да те прашам нешто?
- Да, секако.

288
00:24:02,315 --> 00:24:07,737
Ќе го сторам тоа.
Ти си многу искрен, совесен и...

289
00:24:07,821 --> 00:24:12,868
Начинот на кој ја држиш камерата,

290
00:24:12,951 --> 00:24:17,289
не ја држиш тукутака,
го работиш ова од срце.

291
00:24:17,372 --> 00:24:18,582
Така е.

292
00:24:18,665 --> 00:24:21,543
Тоа многу значи, брат. Ме разбираш?

293
00:24:21,626 --> 00:24:24,004
Можеме да го смениме светот, брат.

294
00:24:24,087 --> 00:24:27,299
Ти и јас,
можеме да го смениме светот ако сакаме.

295
00:24:27,382 --> 00:24:29,050
- Да.
- Верувај ми.

296
00:25:19,935 --> 00:25:23,772
Конечно ја преминуваме границата
од Украина назад во Полска.

297
00:25:24,439 --> 00:25:26,525
Брат ми е во комбето пред нас,

298
00:25:26,608 --> 00:25:30,570
конечно го зедов од војната,
ќе го носам дома.

299
00:25:31,988 --> 00:25:36,743
СИТЕ ДАДОА ПО НЕШТО
НЕКОИ ДАДОА СÈ

300
00:25:48,505 --> 00:25:51,466
<i>Би ве замолил за соработка</i>
<i>кога ќе се симнеме од авион денеска.</i>

301
00:25:51,550 --> 00:25:53,718
<i>Го носиме Брент Рено дома</i>

302
00:25:53,802 --> 00:25:56,805
<i>со неговиот последен лет</i>
<i>кон неговиот дом во Арканзас.</i>

303
00:25:56,888 --> 00:25:58,765
<i>Неодамна загина во Украина.</i>

304
00:25:59,307 --> 00:26:02,769
<i>Имаме чест да го носиме дома,</i>
<i>го придружува брат му.</i>

305
00:26:02,852 --> 00:26:04,229
<i>Ќе му оддадеме почит денеска.</i>
<i>Фала.</i>

306
00:26:09,609 --> 00:26:14,322
ЛИТЛ РОК
АРКАНЗАС

307
00:26:21,079 --> 00:26:25,834
ЏОРЏАН - МАЈКАТА НА БРЕНТ
МИШЕЛ - СЕСТРАТА НА БРЕНТ

308
00:27:41,159 --> 00:27:46,164
Се викам Џон Алперт.
Длабока почит за семејството на Брент.

309
00:27:46,873 --> 00:27:50,085
Кога Брент беше млад човек,
дојде кај мене и мојата сопруга Кеико.

310
00:27:50,168 --> 00:27:52,879
Имавме мала ТВ-станица во Њујорк.

311
00:27:53,505 --> 00:27:56,758
Брент сакаше да научи
како да ја користи камерата и да работи

312
00:27:56,841 --> 00:28:00,261
за почитта што ја изразуваме денеска.

313
00:28:01,054 --> 00:28:03,682
Отидовме во Ирак заедно,
отидовме во Авганистан.

314
00:28:04,224 --> 00:28:07,769
Брент одеше повеќе пати,
си го загрозуваше животот

315
00:28:07,852 --> 00:28:09,813
да нè научи каква е војната навистина.

316
00:28:11,981 --> 00:28:15,694
Ова е кратер
што го направила бомба на САД.

317
00:28:20,699 --> 00:28:22,867
Хеликоптерите надлетуваа тука.

318
00:28:22,951 --> 00:28:25,495
Пилотите сигурно ги виделе
жените и децата.

319
00:28:26,246 --> 00:28:29,749
Пукаа по жените и децата.

320
00:28:31,126 --> 00:28:34,879
Покажува како се мачеле жените
да избегаат иако биле повредени.

321
00:28:35,588 --> 00:28:37,465
Оставија траги со крв.

322
00:28:37,674 --> 00:28:40,301
Децата до нив умираа.

323
00:28:43,805 --> 00:28:45,348
Замисли ги жените и децата

324
00:28:45,432 --> 00:28:47,267
како бегаат да спасат живот

325
00:28:47,475 --> 00:28:49,686
додека им пукаат во глава.

326
00:28:50,895 --> 00:28:54,149
Тука нема терористи, само цивили.

327
00:28:54,941 --> 00:28:56,651
Ова беше мојата куќа.

328
00:28:56,943 --> 00:28:58,653
Ми ги убија децата.

329
00:29:00,989 --> 00:29:03,241
Ми остана само едно дете.

330
00:29:04,409 --> 00:29:05,577
Само тој.

331
00:29:06,536 --> 00:29:08,455
Што да правам сега?

332
00:29:13,918 --> 00:29:15,837
Ќе ми кажете
што му се случило на детево?

333
00:29:16,546 --> 00:29:19,132
Здружените сили бомбардираа,

334
00:29:19,215 --> 00:29:23,845
а ова момче било таму,

335
00:29:23,928 --> 00:29:26,514
па моравме да ампутираме.

336
00:29:27,307 --> 00:29:30,810
Кажете му, се надеваме дека ќе биде
подобро и ќе излезе оттука наскоро.

337
00:29:33,229 --> 00:29:35,440
Бомбите на САД ми го убија семејството.

338
00:29:35,523 --> 00:29:37,859
Главите им одлетаа,

339
00:29:37,942 --> 00:29:41,571
пенисот на син ми го ампутираа.

340
00:29:47,994 --> 00:29:49,204
Со голи раце,

341
00:29:50,705 --> 00:29:55,376
вооружен само со својата камера
на најопасните места на светот,

342
00:29:55,460 --> 00:30:00,882
постојано го ризикуваше животот
за вас, за нас и за Америка.

343
00:30:05,303 --> 00:30:06,513
Како сте?

344
00:30:07,096 --> 00:30:08,723
Се викам Дерек Браун.

345
00:30:08,807 --> 00:30:10,266
Не напишав ништо.

346
00:30:11,309 --> 00:30:14,229
Зборував со Крег и му реков
дека ќе говорам од срце.

347
00:30:15,188 --> 00:30:20,318
Потекнувам од западниот дел на Чикаго.
Потекнувам од мрачната област.

348
00:30:20,401 --> 00:30:25,240
Прво го запознав Крег.
Потоа тој ме запозна со брат му Брент.

349
00:30:26,241 --> 00:30:29,869
И помнам како да беше вчера
кога го видов првпат.

350
00:30:31,246 --> 00:30:34,874
Мал човек, беше како гулаб

351
00:30:35,416 --> 00:30:39,879
што долетал во просторијата,
но неговото присуство беше како на слон.

352
00:30:40,713 --> 00:30:44,050
Во последнава деценија,
повеќе луѓе се убиени во Чикаго

353
00:30:44,133 --> 00:30:48,221
во вооружени судири одошто војници на САД
кои се борат во Ирак или Авганистан.

354
00:30:48,888 --> 00:30:51,266
Во повеќето вакви пукотници
се вклучени тинејџери.

355
00:30:52,225 --> 00:30:55,061
ЧИКАГО
2017

356
00:30:55,728 --> 00:30:57,230
Колку тела, знаеш?

357
00:30:57,856 --> 00:31:01,359
Само едно тело.
Бил фрлен во канта за ѓубре.

358
00:31:13,997 --> 00:31:17,750
Џамарион потекнува од населба
каде се убиени петмина.

359
00:31:17,834 --> 00:31:18,877
Само во ова маало?

360
00:31:18,960 --> 00:31:21,921
Само во ова маало
последниве неколку месеци.

361
00:31:25,133 --> 00:31:29,178
Децава што ги собирам
ќе се мразат додека растат

362
00:31:29,262 --> 00:31:33,016
ако не шетам по цела заедница
за да ги спојам за да се зближат.

363
00:31:33,099 --> 00:31:39,480
Еден, два, три.

364
00:31:39,564 --> 00:31:43,902
Кога ќе покажам кон некој од вас,
сакам да го кажете името јасно и гласно.

365
00:31:44,527 --> 00:31:46,362
Се викам Демариус Џонсон.

366
00:31:46,446 --> 00:31:49,782
- Се викам Дејвид Џонсон.
- Се викам Дерион Картер.

367
00:31:49,866 --> 00:31:51,910
Се викам Дерек Картер.

368
00:31:51,993 --> 00:31:55,455
Сакам да викате за да се слушнете.

369
00:31:55,538 --> 00:31:58,041
Затоа што секој од вас е човек,
значите нешто.

370
00:31:58,124 --> 00:32:00,543
Еден ден ќе зборувате за светот.

371
00:32:02,587 --> 00:32:04,380
Местото од каде што потекнувам...

372
00:32:05,089 --> 00:32:07,842
Отсекогаш чувствував,
и сите во заедницата чувствуваа

373
00:32:07,926 --> 00:32:09,469
дека никому не му е гајле.

374
00:32:10,720 --> 00:32:15,350
Но кога ги запознав овие луѓе,
добрите луѓе на Господ,

375
00:32:17,810 --> 00:32:19,270
тоа ни даде светлина.

376
00:32:21,189 --> 00:32:22,607
Ти благодарам одново, Брент.

377
00:32:25,526 --> 00:32:28,196
Ги запознав Брент и Крег

378
00:32:28,279 --> 00:32:32,283
пред околу 19 години
во Кларксвил, Арканзас,

379
00:32:32,825 --> 00:32:36,955
додека единицата каде што бев распореден
се подготвуваше

380
00:32:37,038 --> 00:32:41,918
да се распореди на едногодишна мисија
во Багдад, Ирак.

381
00:32:43,127 --> 00:32:45,380
Брент беше неверојатно несебичен.

382
00:32:46,965 --> 00:32:52,387
Неговата работа и животот
беа длабоки и влијаеа на милиони.

383
00:32:52,929 --> 00:32:56,099
Тие не беа само доделени новинари,
тие беа дел од нас.

384
00:32:57,350 --> 00:32:59,310
Ќе одиме на север во Ирак.

385
00:32:59,394 --> 00:33:03,898
Бидете учтиви, професионални
и бидете подготвени да убиете.

386
00:33:03,982 --> 00:33:05,692
ИРАК
2005

387
00:33:08,069 --> 00:33:11,656
Имајте предвид, доаѓа возило со флешери.

388
00:33:11,739 --> 00:33:13,282
Тоа е ирачката полиција.

389
00:33:14,325 --> 00:33:17,286
- Снимај ги, Џејмс.
- Повлечете се на растојание.

390
00:33:17,370 --> 00:33:19,455
Полека, намали ги светлата.

391
00:33:20,581 --> 00:33:23,418
Проклетство! Контакт оддесно!

392
00:33:25,586 --> 00:33:26,921
Бестрага!

393
00:33:27,005 --> 00:33:29,257
- Граната!
- Граната беше!

394
00:33:29,340 --> 00:33:31,217
- Одете, одете!
- Полни пак!

395
00:33:31,300 --> 00:33:34,429
Полни пак!
Џоунс, внимавај и одзади!

396
00:33:35,513 --> 00:33:37,140
Чувај ми го грбот! Се повлекувам!

397
00:33:42,311 --> 00:33:43,646
Полни пак!

398
00:33:46,774 --> 00:33:49,444
Уште една импровизирана бомба!
Треба да се повлечеме!

399
00:33:51,029 --> 00:33:54,490
Подгответе се. Нишанете и пукајте.

400
00:33:55,158 --> 00:33:58,911
Подгответе се. Нишанете и пукајте.

401
00:33:58,995 --> 00:34:00,997
Ова е веројатно една од најтешките работи

402
00:34:01,080 --> 00:34:03,499
што треба да ја сторам,
но мора да се направи.

403
00:34:04,751 --> 00:34:08,379
Ќе го помниме Лајл каков што беше
и зошто загина.

404
00:34:09,172 --> 00:34:12,425
Почина штитејќи нè.
Ти благодарам, Лајл.

405
00:34:26,064 --> 00:34:28,816
РАЈМЕР

406
00:34:36,741 --> 00:34:38,910
И навистина го мислам ова.

407
00:34:40,203 --> 00:34:46,000
Брент стори повеќе добро за човештвото
за своите 50 години на оваа Земја

408
00:34:46,084 --> 00:34:49,879
од ние што би можеле да се надеваме
да го постигнеме истото тоа за 50 животи.

409
00:34:51,964 --> 00:34:54,842
Почивај во мир,
мирот да биде со сите нас.

410
00:35:14,737 --> 00:35:18,282
ВО СПОМЕН НА БРЕНТ РЕНО
И МНОГУТЕ НОВИНАРИ

411
00:35:18,366 --> 00:35:21,911
КОИ ГИ ДАДОА СВОИТЕ ЖИВОТИ
ВО ПОТРАГА ПО ВИСТИНАТА И МИРОТ

412
00:35:41,013 --> 00:35:43,015
НАРЕКУВАЈТЕ ЈА ВОЈНАТА ВОЈНА

413
00:35:43,099 --> 00:35:46,561
Војниците нишанат на новинари

414
00:35:46,644 --> 00:35:49,647
како Брент Рено.

415
00:35:49,730 --> 00:35:52,567
Во спомен на овие херои

416
00:35:52,650 --> 00:35:54,068
кои ги дадоа своите животи.

417
00:35:58,156 --> 00:36:01,450
ПО СМРТТА НА БРЕНТ,
ПОВЕЌЕ ОД 100 НОВИНАРИ

418
00:36:01,534 --> 00:36:04,871
ГИНАТ СЕКОЈА ГОДИНА

419
00:36:05,663 --> 00:36:12,628
НОВИНАРСТВОТО СТАНА ЕДНА
ОД НАЈОПАСНИТЕ ПРОФЕСИИ НА СВЕТОТ

420
00:38:22,633 --> 00:38:24,635
Преведено од Диана Голубова



